И Битола е загаден воздухот, ама една недела како сум Скопје и градите ме болат. Црнила од носот ми излегват вервајте, како рудар да сум. Не е нормално ова со сообраќајот. Од 6 сабајле до 6 поручек е тргни застани по улици. Во секој автомобил има по еден чоек. Мора да се реши, дали повеќе автобуси, поевтини, метро нека напрат, мислам дека е приоритетно. Џабе секоја зима муабетот ако ништо не се превзема.
Вчера бевме до аџико кај бриколаж, ауу една смрдеа ужасна. И мене почна да ми се гади и повраќа. И еве и утрово ми е така. Страшно.
+ пола се греат на дрва... Втор ден е вака ужасно. Аман, како некоја дистописка сцена од филм е надвор.
Па да се греат на дрва, нема да е толку загадено верувај. Еве во берово пример кога и да одиме, се грееме на дрва, исто и другите па е чист воздухот. Вчера мирисаше на изгорена гума. Порано кога немаше парно се грееле на дрва и нафта, па еве мајка ми која е веќе 70 години вика вака не било загадено никогаш. Проблемот е преголемиот број на згради ради кој нема провев, како и возилата, познатите загадувачи. Насабајле од секоја страна има по некој оџак што испушта густ бел чад.
Дрва? Да беа само дрва... На нафта се греат. На некое уље разредено. Некои на јаглен, некои горат што ќе стигнат, гуми, боено дрво од прозори реновирање... Градот нема инфраструктура достапна за луѓето и се снаоѓаат кој како стигне. И нека изградат уште згради и одвратни огромни зданија, да нема ветер.
Така е, и Крушево секоја куќа на дрва се грее па не е загадено. Сами се уништивме, нема зеленило, дрва... само бетон на сите страни
http://sitel.com.mk/bolnicite-polni...2vREYCpu4hZ2nSlveVpcNlOom_DIo&mibextid=Zxz2cZ Јзк Само место дрва да садите, градете згради, профитери едни скапани. Ама да знаете дека и вашите деца го дишат ова. Да ви се намочамна желбата за пари. Коа ќе испопаднете болни да видам шо ќе праите
Не го дишат нивните деца ова. Излезени се по викендици, вили и хациенди. Честопати шетаат и по „белиот свет“, нема да седат тука во тињата.
За во Битола како е има некој информација,особено ме интересира дали има да се виде некаде како е горниот дел на градот односно Нова Битола делот на д Веро.
Здраво на сите што ви смета загадувањето и имате мали деца (моите се 3 и 5) - што правите во вакви денови кога е загаденоста на виолетово? Останувате дома? (за Скопје пред се). Ние сме дојдени на гости и мислам веке нема да доаѓаме во зима, ова нема смисла не се дише надвор.. Ај јас можам да ставам и маска, ама децава? а дома во стан ќе поулават... Знае ли некој убави места во природа што се блиску тука а кај што е малку почисто? Ако има и некое ресторанче/игралиште итн уште подобро.. Или одите во молови и слично? Ве молам дадете ни некои идеи што да правиме на вакво време.. Јас морам да работам ама со баба и дедо да прават нешто.. Дали е на Водно почисто?
На Водно е мислам почисто ама не многу Бидејќи секогаш кога е загадено јас Водно не го гледам. Раштак пробајте. Тоа е на Скопска Црна Гора, ама само едно игралиште има на отворено и дува корне. Матка? Хаос е сегде за жал, небитно дали Карпош, Ѓорче, Кисела Вода
Јас не изнесувам дете на ова загадено. А гледам бебиња ги шетаат во колички... Секој сам одлучува не знам што да кажам стварно. Ако имате можност на планина да отидете
нели? и јас сум за така.. подобро дома нека се смислат некои активности отколку да ги труеш... останаа денес дома, утре на Водно белки е таму почисто, а за во петок ќе мислам.. на апликација цело време зелено ми покажува за Соње - знае ли некој што има таму има ли кај да се отиде или прошета? На планина со се спиење не можеме да отидеме за жал мора само кратки еднодневни екскурзии..