неколку пати отидоа децава со баба и дедо на Скопска Црна Гора ама малку на др страна кај црквата Св. Никита, погоре има исто игралиште, и таму секој ден беше сончево (иако денес имало мн ветер а другите денови било супер дури топло). И ние бевме во неделата уште погоре накај еден друг манастир, ко на друга планета да отидовме.. топло, сончево, плаво небо.. а Скопје под слој волна ексик
Ја неколку дена више од како се засили смрдеава имам јаки главоболки и мачнина, Прозори затварам, ми работи прочистувач на воздух ама џабе, чим си надвор се труеш. До избори многу беа јаки сите на зборови, се по старо остана, и бетер е. Лето, зима, одвратно е надвор, болести колку сакаш, и никој мува не го лази. Не знам зашто народов е толку инертен за своето здравје
Зашто го донесоа до статус на апатија кога веќе нема желба за борба. А со таков народ најлесно е да владееш. Ова е 30 години работа на сегашаната состојба. И бетар ќе биде.
Се надевам дека тој ден ќе дувне малку ветар или дожд, за да не се гушиме таму. И секако дека ова не е доволно, бидејќи 5 години одвреме навреме се протестира против Усје и уво не ги боли од власта. Повеќети луѓе исто не веруваат во штетните последици од загадувањето, и покрај тоа што бројката на канцер пациенти е повеќе од дупло зголемена во спроедба со пред 15 години.
Еве зошто нема да ја стопираме Усје: Во Усје се произведува цемент. Цементот е потребен за градење згради. ДПМНЕ само во Ѓорче планираа околу 100 згради, а тоа се милиони приходи за ДПМНЕ. Зградите се потребни и за ЛЕГАЛНИТЕ мигранти. Вакво нешто може да се стопира само на избори, со мудро гласање за нова политичка гарнитура која ќе работи во интерес на граѓаните, а не само за својот џеп. Размислете само, се што прават е на штета на граѓаните. Повеќе згради? Помал проток на воздухот, повеќе загадување, повеќе население, блокирани улици, поголема потреба за цемент, поголема активност на УСЈЕ. Буквално никој нема корист од повеќе згради, освен градежна мафија и лидерите на ДПМНЕ.
Зад повеќето згради стојат личности од ДУИ (без нивно амин скоро ни еден бизнис не може да се реализира овде), а и од СДС. Не е само ВМРО. Исти си се сите, џабе само си ја префрлаат топката. Најмногу е до народот што нејќе да одбере трета страна.
ВМРО беа тие што беа спремни да го заразат народов со 100 болештини за да добијат на локални. И пак ги гласаа, ебате наивните.
Јас не памтам било кој од нив(сите кои се и кои биле на власт) да превземеле нешто. Сите градат, сите лапкаат и тоа колкав број на станчиња по зградуриите. Многу е наивно да веруваш дека само едни се криви. Ќе се возеше пар/непар, ќе се казнуваше неисправно возило. Ама сите тие уште возат. Ќе се пуштеа еко автобуси(па и повеќе обични), за да се иде со градски превоз. Ама ни тоа не видовме од никој. Не знам како не сфаќа народов дека не постои помало зло меѓу нив. Се труеме сега и сите години наназад. Они додека полнат џепчиња, народ ќе се изеде меѓу себе кој е во право а кој крив. Е после загадено...
По сите анализи и статистики, Скопје е пренаселена депонија (град не ни може веќе да се нарече). Секоја власт што одобрува дозволи за градби и воопшто што пренаменува земјоделски земјишта во градежни парцели, го прави тоа спротивно на вољата и интересите на населението, а исклучиво за лична корист. Народов имаше шанса да гласа за Левица или еве и за Зелен Хуман Град, ама не. Ги мрзеа да ги подигнат дебелите замрсени газови и да идат да гласаат, па оставија 20% од населението што клечат по штабови, да одлучи за општата судбина. Што знам, можеби и толку ни е капацитетот. Можеби и не заслужуваме подобро со овој ропски менталитет.