Здраво, Отварам можеби најболна тема. Пред неполни 3месеци мојот ангел почина од леукемија, мн агресивен вид на детска леукемија. Имаше точно 5години. Деновите минуваат, живеам но не живеам. Не наоѓам утеха во ништо. Одам на работа колку да се каже. Постојано со луѓе, мн поддршка од сите блиски, ама душата гори. Одам и на терапија. Мн би ми помогнал совет кој како се справувал во ваква претешка ситуација, посебно за една мајка.
Не постои соодветна утеха за вакви животни промени.. Убаво е што имаш поддршка, а и добро е кога има кој да те сослуша. Се надевам дека некоја членка со такво искуство те исконтактирала во порака.
За верниците смртта е победена ако си Христијанка.Еден ден мртвите ќе воскреснат и ќе нема веќе болка тага смрт зошто тоа што беше порано ,помина.
Сум, сакам да верувам дека е така. Но во моментов болката ми е толку многу голема и во ништо не гледам утеха.
Болката на мајката е најголема .Затоа за џабе не е кажано освен мајка родител никој вистински не не сака .Во Бог најди утеха се друго нема смисла ниту вистинска радост
Каква утеха во Бог, кога ти го земал најдрагото на таков начин, утеха во Бог никој не може да најде во ваков случај. Жал ми е што минуваш низ ова, ниту една мајка и родител не треба да го надживее своето дете. Нема утеха. Не знам кои утешни зборови да ти ги кажам освен дека со тек на времето болката ќе направи место за живот, повторно. Загубив другарка на млади години и гледав низ што минуваа нејзините од ден за ден, година за година. Болката нема да исчезне ама со тек на време ќе научиш да живееш со неа, со тек на време ќе почнеш да живееш по малку, ќе се вратиш во некоја форма. Нема никогаш да ти биде исто, за жал смртта го менува човек на еден одвртен начин, ама ќе се вратиш на некоја нормала со тек на време. За жал нема утеха освен време и во овој случај. Уште еднаш жалам за вашата загуба.
Многу ми жал за вашата загуба. Свекрва ми има изгубено дете од иста болест на 9 год.,,а мм сестра. Поминати се многу многу год.околу 40 год. Она има родено уште едно дете две год по смртта. Обврските околу децата малку и помогнале да се носи со болката.
Прво топло добредојде на розовиот форум Има тука мајки што изгубиле деца па ке ти бидат од корист ке контактирате ке ти пишат и сами штом видат ,верувам Друго многу ,премногу ми е жал што се случило Загубата на дете е најтешка и нема зборови за утеха Сум била на милиметар да загубам дете т .е у мојата глава веке беше загубено и можам да кажам дека можам да ти ј аосетам дел од болката ,мајка Мој совет - Разговарај за него ,не потиснувај не криј ако сакаш и можеш и тука ке разговараме за него за тоа какво дете бил коа е роден кога преодил кога прво забче значи зборувај за него не потиснувај он е тука насекаде само не е физички .....за многу ситуации разговарај ке ти биде полесно -Бракот Сега или ке се сплотите со маж ти или ке се разделите За жал после вакви загуби ова се две варијанти кои следат Разговарај со него нон стоп и него му е тешко иако најверојатно не искажува али машко е тоа и се прават јаки а горат и они у душата Ја ти стојам на располагање у секоја доба да ми пишеш кога сакаш и шо сакаш Држи се мајка И пишувај ни тука на форумов немој да бегаш ок?
Душо ... Не постојат зборови за утеха, смрт на дете е најголемата болка што човек може да ја доживее. Прими го моето најдлабоко сочуство. Те гушкам
@ангелМ прими сочувство. Блиска особа има загубено син. Уште бил во основно. Несреќен случај било. Одела на психијатар за полесно да се справи со загубата. Примала и терапија. Комуницирала и со други. Жената си функционира нормално. Поминати се многу години. Често знае да рече - За дете секогаш ќе боли. Тешко ми е кога ја гледам како зборува за него со солзи во очите. Јас не ја ни прашува за него, ама она самата сака да зборува. Лани за малку ќе останев без едниот син. Ме погледна со натажени очи, а потоа ми се онесвести во раце. Огромен шок. Па и таа неизвесност додека чекав во болница. Ужас.
Мојата мајка го изгуби своето чедо, а јас мојот брат, другар, татко, мое се. Не беше леукемија, беше проклетата корона која го изеде буквално. И после 2ипол год, болката стои, уште поголема е и си расте, а ние не можеме да веруваме дека го нема. Мајка ми е фигура, не живее таа, туку опстанува колку да ја има. А знам дека душата и е умрена. Психички со татко ми се истрошени, забораваат, зборуваат неповрзано( а не беше така) Нема ден да не го спомнат, да не пуштат солза. Моето бебе го носи неговото име, никогаш да не се заборави и избледе. За дете најмногу боли. Болката никогаш нема да исчезне. Ама, мора да се живее, мртов жеѓу живите. Писание... Нека ти даде Бог сила да одиш напред во животот.
Моите родители изгубија дете, јас изгубив брат. Нема никаква утеха. Пропаднаа моите, мајка ми посебно. Ова се случи пред скоро 5 години, иста е болката ама се учиш да живееш со неа. Не знам колку е тоа здраво, но моите утеха гледаат во мене, за мене живеат иако јас сум веќе година дена мажена но не поминува ден без 2 пати да се слушнам и со двајцата. Ако имаш друго дете/деца мисли дека на нив си им потребна силна и здрава. Прими најдлабоко сочувство!
Сеуште неможам да разговрам за него за убавите работи, неможам да гледам слики... Сеуште ми се само лошите спомени од болница во глава. Сите викаат рано е... Со мм сме си многу голема поддршка еден на друг. Мн се бодриме и надополнуваме. Бог да го прости Не се плашам од болката, нека боли, само како да живеам? Секојдневно се прашувам, можам ли да живеам? А имам уште едно детенце. И јас одам на терапија. Дури почнав и со едукација на гешталд, со надеж дека ќе си помогнам и во иднина. Себе и на моите дома. Имам уште едно детенце, поголемо. Ама мене ми фали тој што го нема Пробувам, секој ден се борам. Еден ден тежок, др полесен.
Еве сум. Јас изгубив девојче здраво право на 1.5 година......болката за една мајка никогаш не поминува, секогаш е тука, со тек на време боледува, но се уште е тука. Кај нас се поминати 6 години од тогаш, почетокот е најтежок, ни на небо ни на земја не бев. Имав тогаш и сеуште имам уште едно дете, кое ми беше се тогаш, мојата утеха и причина да продолжам да живеам. Многу работи се сменија тоа време, животот ни даде многу падови, многу......се преселивме во друг град и почнавме од нула, нова страна од животот. После 3 години од смртта на моето ангелче јас останав трудна пак со девојче која сега има 3 и пол години. Неверојатна утеха ми дава. Особено на почетокот кога беше бебе и ја доев..... Можеш да ми пишеш и ЛП ако сакаш, тука сум за разговор кога и да ти треба @ангелМ
Душичка, ангел мал. И јас размислувам за 3то дете. Само и се мислам дали ќе ми помогне тоа.. Во моментов ништо не знам...
Моја многу блиска изгуби дете на 14 години. 7 години беше болно од многу ретка болест, прв случај во Мк. Ние и ден денес уз муабет зборуваме за неа (детето) знаеме да ја спомниме како било шо било Блиска сум со неа и буквално можам се да ја прашам Во еден муабет ја прашав дали може да поднесе да си роде друго бебе а она ми кажа дека нема нерви за да изгледа друго дете А млада е. Имаат они друго помало девојче Жената ми кажа дека одела на психијатар само за муабет на почеток и терапија и рече др многу и помогнал да преброде и да продолже да живее. Вика да не беше др немаше да постојам јас сега Друг случај исто блиска им почина дете на 10 год На 7 исто доби рак на бубрег па на матка и на крај почина Мајката беше 9м бремена тогаш и за две недели раѓаше За мене таа мајка е херој Да имаш сила после две недели да раѓаш и да гледаш бебе е храброст На сите храбри мајки ви се поклонувам до земја И ако можам некако да ви помогнам тука сум за се што ви треба Читај погоре два случаеви пишав Жената што роди друго вика на моменти се те враќа назад ама со тек на време е полесно Сега детето има 18 год и вика сека тоа и било најдобра одлука Сепак јас мислам зависи од жената дали може или не може Ти си храбра жена, дај си време , и не брзај никаде Имам и трет случај 1.5год детенце загина у сообраќајка Мајката е сега бремена се спрема за пораѓај Од смрта на првото има 1.5година поминато Прво дете им беше
Размислувам, секојдневно за 3то дете. Го гледам како нова радост, нова енергија... А од др страна ќе се прашам, а ако не сум способна да го гледам тоа дете? Мн прашања за се, без одговор. Секогаш со мм сме планирале во животот, дури и бременостите беа планирани. Си викам можеби и не треба мн да планирам, ако требало да биде нека биде...
Душиче те гушкам најсилно на светот. Немам совет, немам збор да ти кажам... Само љубовтта ќе ти ги залечи раните. Биди опкружена со тие што ги сакаш, и дозволи им да ти дадат љубов... Нема утеха за ова, но твојот ангел секогаш ќе ти ја топли душата кога ќе помислиш, и ако постои Бог и ако има нешто (а јас цврсто верувам дека има) еден ден пак ќе се сретнете. Биди јака се пластични зборови, ќе ти речам да бидеш упорна да го изодиш твојот тежок пат и ти посакувам многу љубов да те опкружи, да пробаш повторно да бидеш среќна... Те гушкам многу многу и ти праќам топла енергија душо ❤❤❤ @Kallias2 и за тебе ❤ од срце...