Јас не си го загубив засекогаш моето маче... Имав 10 наполнето. Мојата мачка се породи и на свет донесе 3 мали сонценца. Сум ја гледала и порано како ги раѓа и нашата приврзаност е исто така и доверба. Ми дозволуваше да ги галам и држам. Но, на дедо ми му беше дојдено преку глава од мачки и ја однесе во село... Кога дознав за тоа, бесот врз дедо ми никој неможеше да го тргне! Секој ден му се дерев и пред спиење плачев... Поминаа веќе 5 недели и уште ја немаше. Ги гледав сликите закàчени на ѕидот со неа. Плачев. По месец дена, седејќи во дворот на баба ми, видов црно маче како трча. Тоа трчаше накај мене! Да, го препознав, моето најочекувано и најплачено маче се врати! Ми скокна во раце и потоа цело време цупкаше во место со предните ноџиња. Беше среќна што се врати во нејзиниот стар дом. Претпоставувам дека почекала 2 месеца за да пораснат мачињата и да се врати, зошто дедо ми сосе мачиња ја испрати, но мене поважна ми беше таа. И така до ден денес со моето маче сме заедно. И ништо неможе да не спречи да бидеме, дури и глупави загубувања. Таа ќе биде со мене и секогаш ќе се сакаме! :inlovе: (Инаку таа ми е единствена мачка што најмногу ја сакам. Во моментов живее кај баба ми зошто неможеме во стан да љја
Мачето кое ме натера да сакам мачиња. Секогаш мачка ме асоцираше на лицемерие, мрзеливост и влакна. Додека не дојдоа на свет трите мои најмили. Мачката, беше ничија, се врткаше во дворот на соседите и си најде засолниште во старата шупа. Имаше три малечки. Едното беше Снешко, бело дебело и плашливо, другото е бело и сиво, закржлавено и несмасно. Третото си го земав при срце. Првата несреќа се случи со мајка им. Се сомневам дека ја изгазија, инаку не би ги напуштила толку млади. Маж ми прв ги засака па покрај нив и јас. Третото маче, сивото беше најмило. Многу сакаше да се гали, имаше неверојатно мил поглед, разбрано и трпеливо. И цел ден да раскажувам за милите случки нема да е доволно. Се умилкуваше со сите, не беше палаво. Умрело, минатата недела кога јас бев надвор од градот. Јадело затруена храна. Многу се разочарав. Криво ми е од тука до вселената и назад. Верувајте, се оправ од плачење. Јас, за маче. Ама многу го сакав. И секогаш ќе го сакам.
Нокогаш не сме останале без куче дома,па имам изгубено многу од нив,ама не бев исто приврзана со сите. Имавме еден шарпланинец Бетмен го викавме,на брат ми идеа почина пред една година. Стар беше,поминав многу години со него,сите маки му ги кажував а тој ме слушаше,знаеше кога треба да рипа и да игра,а кога да седи мирен.Најубаво ми беше кога се враќав од факс после 1,2 недели и тој ме пречекуваше пресреќен.Таа радост не се заборава,чиста искреност излегуваше од него. Периодот пред да почине беше тажен,не јадеше ниту имаше енергија,знаев дека му се ближи крајот,така да секој ден му зборував и плачев со него,да не ме напушта се додека не се деси и тоа. Не мислев дека толку можам да се приврзам,ама ете тоа е.И мислам дека колку кучиња да поминат низ мене,ниту едно нема да остави трага како него. Многу луѓе ме сметаат будала што толкава љубов покажував за животно,но тој беше повеќе од тоа,ми беше пријател и суштество на кое можам да се потпрам секогаш,дел од семејството...
Пред околу еден месец некој ми го украде кученцето. Беше сеуште малечка, се викаше Ани. Малку време ја имав ама многу ја засакав. Беше мешавина од пудла и незнам што друго, ја зедов од продавница за миленици. Нејзината претходна сопственичка не можела да ја чува неа со уште четри браќа па ја замолила газдарицата на продавницата да им ги даде на некои луѓе кои ќе ги чуваат. Едно утро ја однесов во дворот да изврши нужда, и додека се вратив неа ја немаше. Само портата беше отворена. Веднаш тргнав да ја барам но неможев да ја најдам. Никој од соседите не ја видел, а и тие ми помогнаа да ја барам. Не ја најдовме. Некој ми ја земал, таа никогаш не одеше надвор од дворот. Се изнаплакав. Само се надевам дека кој и да ја земал ќе ја чува и ќе ја сака, а не да ја исфрли на улица на ова ладно време.
Од вчера сум скршена од болка, неможам да прифатам дека папагалчето кое толку многу го сакав и колку со љубов се грижев за него, повеќе го нема...умре... Многу ми е тешко кога ќе го погледнам кафезот празен, дека него веќе го нема. Знам дека и да купам друго папагалче нема да може да го замени тоа што до сега го имав, нема да може да ја замени љубовта на моето папагалче кон мене, знам дека нема толку многу да ме сака, незнам ниту дали јас би можела да му пружам толку многу љубов како што му пружав на папагалчето кое до вчера, едноставно како да беше дел од мене, душата ми е празна и полна со болка. Незнам како ќе го пребродам ова. Знам дека беше пиленце, дека не е човек, но и тоа имаше душа имаше срце полно со љубов. Нема да можам никогаш да го заборавам. Срцето ми плаче, сакам да ги контролирам чувствата и солзите, ама неможам, болката во моето срце и душа е многу голема. Го сакав премногу и сеуште го сакам, не можам да се подмирам со судбината дека веќе го нема...... Премногу е тешко кога го чуваш со години и наеднаш повеќе го нема, јас моето папагалче го чував 8 години и за тој временски период премногу се поврзав со него, така што мислам дека таа болка во мене ќе биде цел живот.
Имав најубаво маченце на цел свет. Заедно си спиевме , заедно си јадевме , кога и зборував се ме разбираше па дури и ми враќаше со мјаукање. Цело лето кога се враќав од искачање ме пречекуваше , бевме неразделни. Неколку пати ја пораѓав имаше целосна доверба во мене , али еден ден ми дојде цела побеснета и почна да се шантра. За две - три минути пушти пена од устата и почна да повраќа. Ја однесов на ветеринар и таа гуската ми кажа дека нема шанси да умре па дури и ми даде надеж... Вечерта ми замина миличко мое и од тој ден ми е страв да се приврзам на некој како што бев со неа...
Изгубив 2 кучиња и мачката,кучињата умреа,а мачката дедо ми ја избрка,ги чував в село...Многу ми беше жал,многу се приврзувам и за луѓе и за животни...
Некако со текот на годините успевам да го прифатам тоа мирно. Иако сум преголем обожавател на животни и цел живот чувам дома по безброј кучиња и мачки што значи дека сум претрпела многу вакви загуби, сепак се научив ваљда да го прифатам тоа како нешто кое што мора некогаш да се случи а притоа не сум доволно моќна за да го исконтролирам. Милион животни ми поминале низ раце и низ домот. Тврдам дека не постои фрлена мачка на улица која што ја немам донесено дома, сум ја згрижила и сум и нашла дом или пак самите си заминувале. Едноставно неможам да ги гледам како се мачат заради една корка леб а притоа никој не сака да им фрли, туку само знаат да ги ритаат или пак на клоци да го тепаат кучето какви што примери имам видувано. Од оние кои што сум ги давала по роднини, пријатели, колеги на моите родители сум се опростувала со тешко срце ама мирна совест. Знам дека сум пружила колку што можам и дека е неминовно некогаш да си заминат. Нивната смрт ја поднесувам премногу тешко ама брзо успевам да закрепнам зошто просто таков е животот, свесна сум дека неможат да живеат како нас, знам дека тој ден мора да дојде и колку и да ми е тешко, некако успевам да се опоравам. Е вака е кога станува збор за нивна природна смрт или несреќен случај некој, пример порано многу мачки ми ги газеа со автомобили зошто ги чував надвор, а и реално со оглед на тоа колку мачки имам чувано не постоеше теоретска шанса сите да ги чувам внатре. Е сега, доколку се работи за намерно газење, труење или нешто слично тука ситуацијата е многу поинаква. Многу потешко ги поднесувам ваквите работи до тој степен што се имаме скарано со комшијата зошто ми уби мачка. Знам дека за некои е банално и глупаво ама просто неможам ниту да им го замислам менталниот склоп на оние кои што убиваат животни. Да не се одалечувам од темaва, ги поднесувам тешко загубите но воедно и со ладна глава. Мора да се прифати тоа како еден процес кој што е неизбежен. Најбитно ми е додека се тука, со мене, да им пружам топлина, љубов, храна и засолниште. Сето останато за жал не е во наши раце.
Беше улично куче, кое го ранев секој ден кога имав време., не можев да го посвојам од причина што таа мразеше мачки, а јас ги имав дома две. Нашата врска која што траеше околу една година, не беше сведена само на корист од јадење, таа беше мое куче, моја радост и секогаш беше со мене каде и да одев, разликата беше што само не ја чував дома. Толку беше паметна, правеше работи што не се својствени за кучиња, а посебно не за улични. Една од тие случки е кога ме допрати до дома, ја оставив портата отворена и влегов дома за да и земам јадење, кога излегов ја видов неа како влегува во дворот и како со ногата ја бутка портата пред носот на соседското љубопитно кученце. А дали имате видено некое куче да пробува да скрши орев? Еднаш кога се шетавме со дечко ми и како и обично и таа со нас, застана и ја приметив дека има нешто во устата, се исплашив да не е камен и ја натерав да го плукне, на мое изненадување тоа беше орев. Откако го плукна, пак го зеде во уста и се трудеше да го скрши,пак ја натерав да го плукне и и го искршив, го изеде и пак продолжи со нас. Кога и да ме видеше трчаше до мене, ме испраќаше, ме чекаше да излезам.... а потоа исчезна. И покрај тоа што дечко ми ме убедува дека можеби некој ја посвоил, знам дека се мали шансите за тоа. Живееме во средина каде ретко се посвојуваат кучиња од улица, посебно не женски. Солзите течат за неа и знам дека ниедно друго куче, па и расно да е, нема да ја замени празнината која што таа ја остави во моето срце. А најмногу мразам кога ќе ми речат: Ама па ти, за едно куче се нервираш и плачеш. Таа не беше обично куче, таа беше дел од мене, од мојата врска. Суштество со срце и душа и многу попаметно од неколку луѓе денес. Тоа беше мојата Рокица.
Имав кученце многу слатко и многу си го сакав ама моите родители одлучија да го дадеме бидејки немаме услови да го чуваме а сите дома многу си го сакавме.И го дадовме на едни луге кои зивеат 2-3 км подалеку од нас.Кученцето има само 3 месеци.Сакам да ми се врати Девојки сакам да ве прашам дали е возмозно кученце од 3 месеци да се врати само дома или нема шамса такво нешто?
Кога имав 6 год. си зедов едно женско кутре обично џукелче беше но многу го сакав..Се викаше Дора..Се приврзав многу за неа,си зборев со неа,дури си го делев јадењето со неа..Но памтам Дора имше околу 7 години и беше тоа 3 Октомври 2013 год кога ја снема..Утрото јас приметив дека ја нема но си реков отишла по маалото да се прошета (често го правеше тоа) и отидов на училиште спокојна..Кога се вратив ги видов сите дома загрижени ни ја нема Дора..Баба ми и дедо ми ја бараа под секој камен,буквално секаде..Само со насолзени очи ја прашав мама: "Каде е Дора?" ,но никој незнаеше,немаше трага од неа..Се скинав од плачење месец дена,секој ден ги гледав нејзините слики и плачев,се присетував на добрите и лошите минути поминати со неа.. Како и да е за 1 месец си земав ново кутре по име Макс (беше мешавина од сиберски самојед и џукела )..Татко ми не го сакаше многу и за некое време кога си доаѓав од училиште мајка ми ми кажа дека тато ја нашол Дора..Незнам умрев од среќа..Татко ми ме однесе кај неа кога ја видов..Како да не беше таа,беше многу уплашена и влакната и беа многу побелени,јас не верував дека е таа.Но ја познавме по мастиката залепена на газот и таа се одзиваше на името Дора..Секој ден ја посетував но таа несакаше да дојде до мене,ја лажев да дојде до мене само со јадење..За тоа време татко ми убеден дека Дора ќе си дојде ми го даде Макс кај еден негов другар..Се разбира дека и разделбата со него ја прифатив тешко,плачев,го гушкав пред да си отиде а тој ме лижеше секаде,но што е тука е,Дора почна да се опушта,но беше многу плашлива,прво некој ја украдел и ја врзувал а таа несакаше да се врзува и имаше рани на вратот,е сега незнам пак како стаса во нашиот град но една жена ја чуваше Дора (секој ден и даваше храна и и оставаше кутии на улицата)..Направивме се за да ја вратиме дома,но залудно..Пробавме да ја викаме да дојде по нас,одеше до некаде но се враќаше,пробавме да ја качиме во комбе и да ја однесеме дома но и тоа не ни успеа,пробавме и да ја врзевме,но бегаше и се консултиравме со ветеринар но тој кажа ако ја однесеме на сила дома,таа пак ќе избега и веќе изгубивме надеж..Многу деца ја тепале и малтретирале,кутрата се плашеше и кога малку ќе ја подигнеш раката,често квичеше кога јас и велев да си одиме дома,како да сакаше да ми каже нешто.И ден денес е жива и јас секој ден и носам храна и ја викам да си одиме дома,но залудно,многу е весела кога ме гледа,но и болна е,многу болна..
Имав едно маче мајка ми и татко ми го нашле на улица мачето почналоно да оди по нив,мајка ми не сакаше мачки татко ми сака ама така колку да се рече јас почнав да плачам за да му дадеме да јаде но мајка ми не ми даваше бидејќи ке идело многу пати кај нас ама јас ја убедив и му дадовме да јаде го ставивме во кутијка и го оставивме надвор под скалите тоа избегало, следната ден пак дојде кај нас,другарки ми велеше дека мачето е нејзино но јас не верував во тоа,следната ден ми напиша едно дете дека мачето е негово и дека избегало бидејќи соседите многу го тепале, сопстевникот на мачето дојде го виде но не го зема бидејќи ке му беше жал не сакаше да го тепат.Со текот на времето мајка ми многу го засака мачето стрина ми чичко ми мајка ми и татко ми сите го сакавме освен баба ми и дедо ми тие секогаш го бркаа но тоа пак идеше,можеше да се случи некогаш да го нема но се враќаше за 1-2 дена.Го крстивме Томас бидејќи беше машко.Така еднаш почна стално да бега и го немаше скоро 2 недели стрина ми ми кажа дека можеби некој го согазил бидејќи одело на автопат(автопатот не е оддалечен од куќата) стрина ми и мајка ми бидејќи таму кај автопатод работат мачето секогаш ги пречекуваше и одело таму кај автопатод и така нашето маче веќе го нема
Јас моето маче го чував веќе 3 години од многу мало го земав од Скопје и беше чиста раса Турска Ангорка. Толку се намачив да го донесам, се расправав и со моите дома ама тие кога го видоа со розевко носе и ушиња веднаш го засакаа. Колку беше малечко на шака ми стоеше. Цели 3 години го чував јас никое маче толку време не сум чувала толку се повржав со него и моите дома, кога умре дури на татко ми очите му беа насолзени. Ми беше жал што неможев да му помогнам.Јас ни солза не пуштив ама секој ден како поминува се повеќе ми недостига. Веднаш барам замена имам потомци од него такви се слатки рунтавки со нив сум цел ден а мајка ми е скроз друга личност таа откако умре несака да чуе за друго маче. Таа премногу го сакаше и многу и е тешко за мачето. Секогаш кога ќе ги внесам внатре се лути а потоа и таа се игра со нив и знам дека ќе ги засака со тек на време. Јас порано сум чувала мачки ама никоја мачка не успеала да живее 3 години затоа што живеам веднаш на главна улица и ги газат. Барем имам спомен од мојот мачор.. Крзнените топчиња .
Имав едно малечко кученце, не растеше големо кафеаво целото со зелени очиња. Го сакав најмногуууууууууу .. И еден ден го снема, ама си реков ќе се врати повеќе пати имаше така направено. Следниот ден пак го немаше и почнав да се секирам, го барав низ цела населба. И одам дома третиот ден од училиште со трчање и го прашувам дедо ми дали дојде и тој само ме погледна и ми рече, не го чекај повеќе, тој нема да дојде, некој ми го отрул.. Во моментот како некој нож во стомакот да ми забоде, ја фрлив ташната, се затворив во соба сама и се убив од плачење. Поболно чувство нема, како човек од семејството да ми снема. Цел месец плачев по него, во депресија бев буквално, ни јадев, ни пиев СЕ ме потсеќаше на него. Посебно куќичката негова кога ќе ја видев во дворот и дедо ми поради тоа ја однесе на едни пријатели за нивното куче.. И одтогаш во никој случај моите не сакаат да ми купат куче, во никој случај, а многу сакам.
Mногу мачки изгубив ми ги испогазија коли тоа се случуваше пред 4-5 г а тогаш некако дома не се прибирав немав време да се поврзувам многу со нив така да не ставав на срце тоа што ги нема. Hо со последниов мачор што го имав баш и не беше така но за среќа знам дека е жив и дека е среќен некаде со неговите сонародници.Cе случи да го удри кола додека сум била на училиште а од тоа најмногу се плашев затоа што фрчат коли пред капија го немаше цела ноќ,утредента го најдов во пакетчето пред врата во кое спиеше.Hе можам да опишам колку тажно цивкаше едната нога му беше повредена,колку бдеев над него и колку плачев ни самата не знам и сега после толку време.Mу се подобри состојбата за брзо време беше борбен мојот мачор не се предаваше толку лесно.Cи продолживме таму каде што застанавме со дружбата но пред еден месец секојдневно се тепаше со мачки и мачори и тоа се му се собираа и доаѓаа.последен пат го видов вечерта пред да го снема со мачки и мачори пред врата мјаучеа.Oд тогаш не го видов веќе.Hе знам дали сум во право но мислам дека вака е подобро затоашто последната недела не беше добар со здравјето многу ослабна бегаше мјаучеше ми беше многу криво неможев да му помогнам а немаше да си ни простам себе ако му се случеше уште нешто.Cамо едно знам,дека нема да го заборавам никогаш и дека во мене уште има надеж дека можеби еден ден ќе се врати да не види или можеби ќе посака да остане и да продолжиме таму,кај што застанавме
Моето кученце умира од старост. Има 12ипол години, прееска и ставија 3 инјекции и плус инфузија ама неможат ништо да сторат. Цел ден си леже и не мрда, само ќе ги отвори очите на 2 секунди и толку. Прееска седев со неа и не мрдна само дише, ме снема на 15мин. гледам дека е пробувала да стане само си ја сменила местоположбата бидејќи нема сила. После некое време ја снема и ја барав низ цело маало неможев да ја најдам. Од прееска плачам бидејќи сигурна сум дека чувствува дека ми е тешко и за да не гледам како умира се скрила некаде. Душичка.... Многу ми е тешко, 12 години сум со неа.