1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Загуба на домашното милениче

Дискусија во 'Дом' започната од CrazyStupidLove, 28 мај 2012.

  1. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.617
    Допаѓања:
    7.462
    Пол:
    Женски
    Е јас од тие причини се откажав од чување миленичиња:tmi:
    Последното куче го чувавме 8 години,беше незаменливо:x
    Се разболе,ослепе,се здебели.:(
    Никогаш нема да го заборавам;(
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.567
    Допаѓања:
    78.861
    Пол:
    Женски
    Имав куче и многу мачки. Жал ми беше секако кога ги изгубив, но точно да опишам не можам, бев сеуште дете, помина многу време одтогаш. Сега имам хрчак кој во јануари ќе наполни две годинчиња и не знам колку ќе живее... а многу си го сакам и не знам како ќе се навикнам после без него.
     
    На zokystanoevsky и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Уште од мала имам чувано мачки.
    Мачето кое најмногу го сакав ми го отруја, а ден пред тоа трчаше наоколу и играше со мене. Беше пресреќен.
    До неодамна чував мали маченца, по неколку месеци 2 маченца ми украдоа. Знаев дека нешто лошо ќе се случи. И повторно тоа се случи.
    Страшно многу се приврзувам за нив и секогаш стравувам дека нешто ќе им се случи. Ми се чини како светот околу мене да се руши кога ќе претрпам загуба. Особено моментите кои си ги поминал со нив најмногу болат.
    Повеќе го нема да прави глупости, да се качува по маси, да трча околу тебе, едноставно го нема.
     
  4. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Имав лабрадор,ми го отруја,ми го отруле,имам друго куче ама нема да биде исто,не е тоа тоа
     
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.649
    Допаѓања:
    22.915
    Пол:
    Женски
    Мене ми умре мачорче 3 години имаше. Во август умре пред да правам свадба...уште го жалам и го спомнувам цело време. Сега му го дадов истото име на др маче
     
    На IvanaJenner му/ѝ се допаѓа ова.
  6. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Јас чував куче пекинезерче Џеки. 6 години го чував и најнормално дека многу се приврзав кон него. Кучето беше многу паметно. Но комшиите го отруа. Уште го жалам.;(
     
  7. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    Сочувствувам со сите.Многу добро знам како е.Тоа не е само животно,животните имаат свој карактер,како личности се.Денес моето маче ме напушти.Беше болно и иако дадовме се од себе,примаше терапии,сепак повеќе не е со нас.Бесна сум буквално.Пред четири години исто така мачето со кое бев премногу поврзана го најдов удрено од кола.Плачев по него.Сега имам две мачори и куче кои премногу си ги сакам и не дај боже нешто да им се случи.Не можам повеќе да поднесувам загуби.
     
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Додека бев мала, па се до пубертет некаде, секогаш чувавме кучиња, многу од нив ми умираа, и нормално дека ми беше жал, ама некако со тек на време ги преболував.
    Поминаа доста години, пред година и нешто, кратко зедовме куче, многу беше лошо и правеше бељи, го однесовме на село кај тетка ми, еден ден таму го удри кола, мислев дека ќе умре, ама преживеа, го изнаплачив, иако го чував кратко, се приврзав за него. Сега е добар, ама некако го подзаборавив бидејќи имав милениче мачка.
    Имав чест скоро 6 месеци да осеќам љубов и внимание од најмилата мачка на свет, мојата убавица која ме научи како да сакам мачка. Вечерва ја изгубив, се осеќам како дел од мене да замина со неа...
    За ова кратко време имаме многу спомени кои секогаш ќе ги чувам во срцето, никогаш нема да ја заборавам мојата единствена и најсакана мачка. Чест ми беше што ја имав, ама исто толкава болка имам што ја изгубив:u:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.