Што понатаму??? Фала богу не е крај на светот. Сум имала многу миленичиња кои ми ги отровиле. Најкриво ми падна за едно кученце Шарко душичка многу беше убаво така бушавко ама ми го отровија. Исто така едно маченце ми згазија со кола, другото ми го украдоа третото го најдов мртво на тераса. Многу ми е жал така. Многу сакам животни посебно малечки мачиња и кучиња.
Имав кученце и од мало си го чував и многу се поврзав со него и кога ми го отруја мислам дека зедоа дел од мене цел месец плачев и неможев да се навикнам дека веќе го нема и сеуште ми е тешко иако поминаа година и половина и секогаш кога станува збор за куче се присетувам на таа слика и плачам, секое маче или куче кога ке ми умре си тагувам со месеци и плачам, многу ги сакам животните и секогаш кога ќе видам напуштено, изгладнато или измачено маче,куче.. многу ми е жал и им давам да си каснат нешто што ми се наоѓа во моментот
Навистина е тешко, миленик е како дел од тебе, дел од семејството. И после него ќе ти биде празно. Но тоа е тоа, сепак не треба толку да жалиме како се да е срушено.
За оние што домашното милениче им било како дел од семејството а не врзано на ланец во двор, болката е огромна особено ако е отруено, бидејќи ако почине од старост е тешко и болно да ама барем знаеш дека е природен процес, ама кога знаеш дека некој друг се дрзнал покрај болката е и чуството на бес и безпомошност.
Кучето кое го чував 2-3 години ми го кренаа од двор. До ден денес се тешам дека има подобар живот. Мачорот лани ми го згасна комшијата со кола. И се извинваше копилето то не значи дека ќе заборам дека син ми ми го уби. И Лигушко умре од старост. Го имав само неколку години, ама ми беше поклон од баба ми (чистач на стакло) и таа го имаше многу време пред да му се скеши аквариумот и кај мене поживеа и евентуално дочивеа старост и умре. Го плачев многу ама на крај на ден не ми беше толку тешко како со Позест (мачорот) и Бобо (кучето). Сепак кај Лигушко беше природен процес. А и да. Кога бев многу мала имав зајак Дуле. Толку многу го обожавав шо го оставав да му јади бавчата на татко ми и сто кила беше. Дворот беше многу убо затворен пред да се преселам ваму ама наводно (јас не знам) го удавиле кучиња. Дете јас добро прифати вестите оти ми рекоја дека Дуле се жени. Јас кога сфатив дека Дуле не се жени го тажев години покасно. +/- толку животни имаа полош живот ради мене. Велам полош оти не успеав да ги дочувам. Сега осум мачки и полу- родител на куче сум. Шо вика матичниот, чоек шо сака животни не можи да е лош. Така си се тешам.
Немам миленик..ама кога би имала знам дека многу тешко ќе ја претепам неговата загуба..Тоа е и една од причините зашто немам миленик.Толку ќе го засакам и ќе се приврзам за него, што кога ќе го загубам мислам дека и јас ќе умрам од тага. Порано една риба кога чував, кога ја видов превртена во аквариумот светот ми се сруши, не па куче или маче да чувам..
Моето кутре го изгази кола пред два дена. На уличката пред куќа бидејќи е многу мало искочило некако. Веќе два дена си плачам. Не ми се прави ништо. Ноќеска го сонував дека дошло и влегло во соба,легнало до мене. Се разбудив со насмевка. За веќе во нареден момент да почнам да плачам бидејќи тоа било само сон. Не знам како после ова. Ама знам дека многу ми недостига.
Боли таква загуба, подобро никој да не доживее. Кога ќе се стабилизираш емотивно ако не ти е психички преголем товар земи си друго домашно милениче пак ќе ти ја врати насмевката на лице. Ставам лајк за поддршка
Сега за сега нема да земам друго. Подолг период. Бидејќи многу се врзав за ова. Спиеше до мене,јадеше кога јадев и јас,секое сабајле ја будев да идеме во продавница заедно бидејќи беше голема спанка. Навечер јас ќе легнев да спијам а таа ќе ми ја галеше косата со шепите. Едноставно ми е многу тешко.
Многу е потценета болката за изгубените миленици. Низ годините изгубив многу, исто вака на неубав начин како вас. Најчесто мачињата кои ги чував беа прегазени. Една се изгуби без трага и глас пред повеќе од 15 години, а толку ја сакав. Сега во моментот имам едно мачорче и го чувам како зеница во око веќе седум години. Влакно од крзно да му падне паничам како резултат на немилите настани со претходните миленици. Два пати се разболе од настинка и бронхитис, цел свет ми се сруши. Кога го опоравивме на мојата среќа немаше крај. Уште долго да е живо и здраво, зошто премногу се врзавме. Нема помило нешто на универзумот од него.
Нема понатаму, само се учиш да живееш со болката. Оној кој немал миленик кој бил дел од семејството, никогаш нема да разбере... Ми загина пред 3 години, го удри кола. Дошла полиција, го собрала, направиле кривично дело(тука каде што живеам е кривично дело) со тоа што го фрлиле длабоко во некоја шума, без да го побараат оној кој го чува. Никогаш не го видов, не успеав да се збогувам со него, ништо... Поминав цели месеци во плачење, не можам ни да ја опишам празнината и болката што ги осеќав. И уште го плачам, никогаш нема да го прежалам ми се чини. Муабетите од типот „земи си ново“ ме болеа и ме иритираа. Тоа го поистоветувам со, пример, ти починал член од фамилија и некој ти вика: ајде, друг ќе си најдеш. После година и пол се осмелив да земам две мачиња на чување и се прашував како ќе се чувствувам кога ќе им дадам да јадат од неговите чиничиња. Помина и тоа. Сега имам друго маче кое го сакам неизмерно, меѓутоа таква поврзаност како со ова што ми загина сум немала и ќе немам.
Денес трет ден како само плачам. Се обидувам ама не успевам да не плачам. Се некој ќе ми го спомне кутрето и мене ми доаѓа да плачам одма. А уште потешко ми е што ми викаат имаш кучиња на секоја улица. Ќе си земеш,како што го зема тоа. Друго ќе земеш. Значи кога ќе умре човек и ние на никого не викаме ќе си најдеш друг човек. Зашто тогаш за животно така да се вика.
15,5 ипол години, здрав прав... одеденаш сарком... Да не зборам за маките негови и наши... Рана која крвари, чешање, слабее, инфекција на крв... Терапии, седации за да му исчистат рана... Но, не одеше на подобро. Го успавме за жал, тоа ми е до сега најтешка одлука во животот што срце ми пара. Ама, си велам, бар не го боли. Мене ме боли, пола мој жовот беше со мене.