Со новиот закон на министерството за образование, на сите студенти им е задолжително да одат на пракса. Дали вие бевте летово? Дали сте за или против задолжителната пракса? Споделете го искуството
Задолжителна Пракса Јас одев на пракса а учам во медицинско училиште.Бев на пракса во болница и бев задолжена да им ставам сигнатури на шишињата со инфузии, а потоа истите да ги редам во магацинот. Интересно беше и се осеќав многу паметно посебно кога една постара жена ми рече Докторке тука се чека? хахахаах.Исто бев на пракса во аптека таму одев пет дена
Мислам дека баш е ОК оваа,бидејќи нас школството ни се состои од теорија,а од пракса ни п! Јас сум фармација,и лето одам на пракса во аптека.Интересно е,и многу полесно ги учам лековите во аптека отколку да ги учам еден по еден од учебник на памет! Ја подржувам оваа одлука и би требало да се спроведее за сите струки!
Во секој случај сум ЗА задолжителна пракса за студентите. Јас годинава почнувам на факултет и знам дека во лето ти препорачуваат место за пракса или сам си бираш, но мора на крајот да имаш потпис. Повозрасни од мене ми кажуваат дека е интересно и ако си заинтересиран полесно се учи струката, а и повреден и покорисен се чувствуваш. И јас одвај чекам да се "пицосам" во некое кошулче и да бркам некоја работа
Јас немам задолжителна пракса туку практична настава на која ни покажуват што треба да правиме Мислам сега во 3-та год. ќе имаме неколку дена пракса
Јас треба да одам на пракса 10 дена некаде да најдам треба.. Ама секаде е зафатено иначе на информатика сум средно. И на нас ни бараат пракса. Другар ми кажа дека се се учи на пракса. Тој ни половина незнаел од тоа што го научил на пракса додека одевме на школо и учевме од учебници. Најважно е само потпис да има дека сум била некои и така даваат потврда без да одиш на пракса.
Бев на пракса летото 1ва за 2 година на факултет. Одев 1 месец во основен суд и сум задоволна, бидејки праксата е многу потребна ( не е само теорија, научи и готово ). А оваа година не бев на пракса од оправдани причини
Ги ставив студиите на мирување во период од една година. Сега треба да запишам година но немам реализирано пракса. Ќе може ли да се земе само потпис за реализарана пракса од некоја фирма или ќе прават проблем?