Задолжително носење на маски

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Iguanaboy, 18 март 2020.

  1. Iguanaboy

    Iguanaboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2017
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Машки
    Поради состојбата со коронавирусиот според мене треба да се направи задолжително да биде носењето на маски. Исто така и треба да се даваат маските бесплатно на улица да има луѓе што ги даваат како шишња вода на лето што даваат. Има луѓе кои што имаат маски а нејќаат да ги носат (пример е член од мојата фамилија што не е дете ама неможеш да го натераш да носи маска и крај цело време се караме за тоа). Мислам нема смисла некој да страда заради глупавоста на другиот. Полиција треба да има на улица и кој не носи одма казна. Што мислите вие?
     
  2. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    За да се оствари тоа треба да има маски првенствено. Идејата е добра, но за жал тешко остварлива. Маски нема ни за лек, не знам како е во другите градови, но во мојот нема, иако се кажува на тв дека има доволно залихи.
    Искрено се надевам дека ќе донесат во најскоро време, за да имаме каква таква заштита.
    Посебно загрозени се луѓето што работат во поголеми фирми, фабрики и слично каде има голем број на луѓе со помал обем на личен простор. Сметам дека треба да се воведе бесплатно доделување маски во овој сектор, но секако не се исклучени и другите луѓе на кои им се потребни.
     
    На H.VAGA, cresa-jagoda, Just.do.it и 2 други им се допаѓа ова.
  3. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.924
    Допаѓања:
    34.372
    Пол:
    Женски
    Можеби е добра идеа но маски недела дена никако да се најдат да се купат кај мм на раб им даваат ракавици овие денови а маски не (а пола Скопје пребарано нема ни за лек едвај една за еднократна употреба... а камоли да има секој задолжително )
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    9.834
    Пол:
    Машки
    Посебен аплауз за конфекцијата Кули од Прилеп што се нуди за бесплатно изработување на заштитни маски. Државата треба ова да го поддржи, не само финансиски и со материјали, туку да обучи и вработи и други кои би го правеле ова на повеќе локации во Македонија. Верувам и волонтери би сакале да бидат обучени. Со тоа би паднала и цената на маските и би биле достапни за сите. Зошто Кина да ни прави маски? Сакати ли сме ние во рацете?
    Сепак станува збор за респираторен вирус кој се шири воглавно преку уста. Делови на Кина имаа донесено мерка за задолжително носење маска во јавен простор (автобус, воз, болници, маркети) и со тоа ги спречи заразените да го искашлуваат вирусот наоколу.
     
    На Bezimenka90, Safira26, Flower.D и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Miki4eca

    Miki4eca Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    mora maski rakvici se da se nosi ako vekje nekoj imal potreba za nadvor
     
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    9.834
    Пол:
    Машки
    Не сфаќам како помагаат ракавиците? Ако со нив фатиш заразен и потоа се почешаш по окото, ќе се заразиш исто како да си го направил истото со голи раце. Не гледам разлика.
     
    На edna_malecka, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    8.017
    Пол:
    Женски
    Маските е препорачливо да се носат кога сте во затворен простор, затоа што и навидум здравиот човек, кој е во фаза на инкубација а не манифестира симптоми, може да зарази друго лице. Но ова универзално носење маски подразбира да нема недостаток од нив во земјата. Ако има недостаток на маски а се воведе мерка задолжително да се носат, тогаш тие кои ќе имаат најмногу потреба од нив(здравствените и услужните работници) ќе нема од кај да набават. Рачунајте дека во 8 работни часа тие треба да сменат неколку пати маска на секои 2,3 часа. Тоа се доста маски во денот. Затоа мора да се размислува за можните исходи кога се воведуваат мерките и затоа мислам дека не сме подготвени во моментов како земја за оваа мерка. Ене мајка ми шие дома маски денес, памучни, кои се колку да не е без ич и кои планира да ги врие при перење, зашто не можеме да најдеме низ аптекиве.
    Инаку, сите доктори и стручњаци велат дека маските не се неопходни кога сме на отворено, каде што циркулира воздухот и кога се шетате сами. Тогаш нема потреба од нив. Тие се за во простории, превозни средства и сл. Особено внимание треба и правилно да се користат, во смисла на претходно кажаното за често менување, потоа начинот на кои се носат, на кои се вадат и фрлаат инаку наместо заштита, ако не се користат правилно, ќе станат извор на заразата и собирачи на вируси и бактерии. Еве денес имав прилика да видам еден куп маски и ракавици фрлени по улициве. Ние немаме ниту соодветни затворени канти и контејнери на сите улици за да ги фрламе како медицински отпад.. Маските кои се од оние со филтри, како маските од типот N95 и N99 или FFP 3, се добра заштита од вирусот ама се само за краткотрајна употреба. Ако се носат повеќе саати дневно може да предизвикаат респираторни потешкотии. Низ нив дишењето е доста отежнато..
    А што се однесува до ракавиците, си има зошто требаат. Логиката е дека што и да се закачи на нив тоа ќе биде отсрането од нашето тело со самото фрлање на ракавиците под услов да се правилно користени, извадени и фрлени. А ако се закачат некои вируси и бактерии на кожата постои ризик да останат во наборите од кожата, под ноктите, меѓу прстите... На кожа вирусот е на попогодно тло за задржување и за развивање, отколку на пластиката. Не за џабе се инсистира миењето на рацете да е бар 20 секунди и да се фати секаде, како што е во препораките. Колку сите ние се придржуваме до овие препораки за миење? Се миеме доволно долго и темелно? Миеме ли под ноктите со сапун? Уредно ли се исечени тие нокти?
     
    На Norah Jones, IRBBB, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
  9. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.876
    Јас ретко излегувам, но сите носат маски секаде. Носам и јас. Во болница не примаат без маска, денес видов и во полиција исто. Мислам дека е правилно.
     
  10. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    380
    Tреба и во маркети да не пуштаат без маска. Во Веро денес сум се разочарал. Никаква почит на препораките.

    Внатре наместо 5 имаше 50 луѓе, пола од нив без никаква заштита.
    Средство за дезинфекција имаше едвај фрлено на страна. Да е уште пострашно имаше еден како чувар на врата кој демек спроведува како ред. Незнам зашто е таму кога веќе има толку луѓе внатре.
    Не го критикувам него, така му е кажано.
    Јас влегов и веднаш излегов.

    Незнам дали одговорните во Веро маркетот се толку неодговорни, или пак се само лакоми за заработка.
    Не е фер прво према вработените, а потоа и према потрошувачите толку луѓе да се пуштаат.
    Дезинфекција нема исто.

    Инаку сметам дека луѓе во маркетиве не треба да се пуштаат ако немаат барем ракавици и маска на нив, или барем едно од тоа.
    Нека останат надвор и нека останат гладни денеска. И се така додека не станат свесни.
     
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  11. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.696
    Пол:
    Женски
    Кај нас ништо не се почитува.
    Ни пак ова.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.696
    Пол:
    Женски
    Незнам што е толку тешко да не носиш маска.
    "Неможам да дишам"
    "Лага е ова вирусов"
    "Кузнај што ни пуштаат од горе преку авиони не трујат а ние мислиме за комарци е"


    "Џабе носам маска кога ми се враќа воздухот во мене" - ова го слушнав кога обезбедувањето на комерцијална ни кажа да држиме растојание.
    Уште па се бунат "Ти таму кај што треба не држиш дистанца внатре тука ќе ми кажуваш"

    И ред други изговори за не носење маска.
     
    На My litle pony, Norah Jones, poi и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.395
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl:
    Какви бисери има од луѓево.
    Ме насмеа сабајлечки.
     
    На Norah Jones, SummerGirl, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.364
    Допаѓања:
    77.727
    Пол:
    Женски
    Ако носење маска им е тешко, што останало за другите мерки на претпазливост. :^)
     
    На edna_malecka и Ahoy им се допаѓа ова.
  15. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.696
    Пол:
    Женски
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.696
    Пол:
    Женски
  17. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.330
    Допаѓања:
    5.844
    N95 маските како ги дезинфицирате?
     
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.194
    Пол:
    Женски
    Не се дезинфицира, но можеш да ја оставиш да се "суши" 72 часа па пак да ја користиш. Не се носи подолго од 8 часа.
     
    На annii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.641
    Допаѓања:
    5.434
    Пол:
    Женски
    Усвоија на влада задолжително носење маски кога си сам и на отворено?
     
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Владата има седница во вторник.
    Веројатно, тогаш ќе бидат усвоени новите предлог мерки.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.