Поради состојбата со коронавирусиот според мене треба да се направи задолжително да биде носењето на маски. Исто така и треба да се даваат маските бесплатно на улица да има луѓе што ги даваат како шишња вода на лето што даваат. Има луѓе кои што имаат маски а нејќаат да ги носат (пример е член од мојата фамилија што не е дете ама неможеш да го натераш да носи маска и крај цело време се караме за тоа). Мислам нема смисла некој да страда заради глупавоста на другиот. Полиција треба да има на улица и кој не носи одма казна. Што мислите вие?
За да се оствари тоа треба да има маски првенствено. Идејата е добра, но за жал тешко остварлива. Маски нема ни за лек, не знам како е во другите градови, но во мојот нема, иако се кажува на тв дека има доволно залихи. Искрено се надевам дека ќе донесат во најскоро време, за да имаме каква таква заштита. Посебно загрозени се луѓето што работат во поголеми фирми, фабрики и слично каде има голем број на луѓе со помал обем на личен простор. Сметам дека треба да се воведе бесплатно доделување маски во овој сектор, но секако не се исклучени и другите луѓе на кои им се потребни.
Можеби е добра идеа но маски недела дена никако да се најдат да се купат кај мм на раб им даваат ракавици овие денови а маски не (а пола Скопје пребарано нема ни за лек едвај една за еднократна употреба... а камоли да има секој задолжително )
Посебен аплауз за конфекцијата Кули од Прилеп што се нуди за бесплатно изработување на заштитни маски. Државата треба ова да го поддржи, не само финансиски и со материјали, туку да обучи и вработи и други кои би го правеле ова на повеќе локации во Македонија. Верувам и волонтери би сакале да бидат обучени. Со тоа би паднала и цената на маските и би биле достапни за сите. Зошто Кина да ни прави маски? Сакати ли сме ние во рацете? Сепак станува збор за респираторен вирус кој се шири воглавно преку уста. Делови на Кина имаа донесено мерка за задолжително носење маска во јавен простор (автобус, воз, болници, маркети) и со тоа ги спречи заразените да го искашлуваат вирусот наоколу.
Не сфаќам како помагаат ракавиците? Ако со нив фатиш заразен и потоа се почешаш по окото, ќе се заразиш исто како да си го направил истото со голи раце. Не гледам разлика.
Маските е препорачливо да се носат кога сте во затворен простор, затоа што и навидум здравиот човек, кој е во фаза на инкубација а не манифестира симптоми, може да зарази друго лице. Но ова универзално носење маски подразбира да нема недостаток од нив во земјата. Ако има недостаток на маски а се воведе мерка задолжително да се носат, тогаш тие кои ќе имаат најмногу потреба од нив(здравствените и услужните работници) ќе нема од кај да набават. Рачунајте дека во 8 работни часа тие треба да сменат неколку пати маска на секои 2,3 часа. Тоа се доста маски во денот. Затоа мора да се размислува за можните исходи кога се воведуваат мерките и затоа мислам дека не сме подготвени во моментов како земја за оваа мерка. Ене мајка ми шие дома маски денес, памучни, кои се колку да не е без ич и кои планира да ги врие при перење, зашто не можеме да најдеме низ аптекиве. Инаку, сите доктори и стручњаци велат дека маските не се неопходни кога сме на отворено, каде што циркулира воздухот и кога се шетате сами. Тогаш нема потреба од нив. Тие се за во простории, превозни средства и сл. Особено внимание треба и правилно да се користат, во смисла на претходно кажаното за често менување, потоа начинот на кои се носат, на кои се вадат и фрлаат инаку наместо заштита, ако не се користат правилно, ќе станат извор на заразата и собирачи на вируси и бактерии. Еве денес имав прилика да видам еден куп маски и ракавици фрлени по улициве. Ние немаме ниту соодветни затворени канти и контејнери на сите улици за да ги фрламе како медицински отпад.. Маските кои се од оние со филтри, како маските од типот N95 и N99 или FFP 3, се добра заштита од вирусот ама се само за краткотрајна употреба. Ако се носат повеќе саати дневно може да предизвикаат респираторни потешкотии. Низ нив дишењето е доста отежнато.. А што се однесува до ракавиците, си има зошто требаат. Логиката е дека што и да се закачи на нив тоа ќе биде отсрането од нашето тело со самото фрлање на ракавиците под услов да се правилно користени, извадени и фрлени. А ако се закачат некои вируси и бактерии на кожата постои ризик да останат во наборите од кожата, под ноктите, меѓу прстите... На кожа вирусот е на попогодно тло за задржување и за развивање, отколку на пластиката. Не за џабе се инсистира миењето на рацете да е бар 20 секунди и да се фати секаде, како што е во препораките. Колку сите ние се придржуваме до овие препораки за миење? Се миеме доволно долго и темелно? Миеме ли под ноктите со сапун? Уредно ли се исечени тие нокти?
Уште за на уста да ја ставиш https://www.facebook.com/groups/556965437732731/permalink/2851044538324798/
Јас ретко излегувам, но сите носат маски секаде. Носам и јас. Во болница не примаат без маска, денес видов и во полиција исто. Мислам дека е правилно.
Tреба и во маркети да не пуштаат без маска. Во Веро денес сум се разочарал. Никаква почит на препораките. Внатре наместо 5 имаше 50 луѓе, пола од нив без никаква заштита. Средство за дезинфекција имаше едвај фрлено на страна. Да е уште пострашно имаше еден како чувар на врата кој демек спроведува како ред. Незнам зашто е таму кога веќе има толку луѓе внатре. Не го критикувам него, така му е кажано. Јас влегов и веднаш излегов. Незнам дали одговорните во Веро маркетот се толку неодговорни, или пак се само лакоми за заработка. Не е фер прво према вработените, а потоа и према потрошувачите толку луѓе да се пуштаат. Дезинфекција нема исто. Инаку сметам дека луѓе во маркетиве не треба да се пуштаат ако немаат барем ракавици и маска на нив, или барем едно од тоа. Нека останат надвор и нека останат гладни денеска. И се така додека не станат свесни.
Незнам што е толку тешко да не носиш маска. "Неможам да дишам" "Лага е ова вирусов" "Кузнај што ни пуштаат од горе преку авиони не трујат а ние мислиме за комарци е" "Џабе носам маска кога ми се враќа воздухот во мене" - ова го слушнав кога обезбедувањето на комерцијална ни кажа да држиме растојание. Уште па се бунат "Ти таму кај што треба не држиш дистанца внатре тука ќе ми кажуваш" И ред други изговори за не носење маска.
Санкционирани 630 лица за неносење маски Во текот на изминатото деноноќие за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 630 прекршоци, соопши МВР.
Не се дезинфицира, но можеш да ја оставиш да се "суши" 72 часа па пак да ја користиш. Не се носи подолго од 8 часа.