1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Задолжително предучилишно образование

Дискусија во 'Образование' започната од girl.23, 25 април 2012.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Од мене едно големо НЕ!

    Го раѓаш детето, тоа уште не прпнало, а мораш да го пратиш во институција на `учење`. Имаме кампањи за зголемување на наталитетот? Зошто да родам дете? За да го родам и друг да ми го воспитува?

    Го даваш детето на туѓо воспитување во најосетливите години, кога се гради детскиот карактер. Се одвојува од семејството, од топлината и безбедноста на домот.

    Каде е финансиската гледна точка? Можат ли родителите да си дозволат да го носат и земаат детето од училиште. Им го дозволува ли тоа работното време? Нашиот стандард?

    Се крати ли детството? Детето уште не научило со топка да си игра, а ќе ќе учи да чита? Нема ли цел живот да учи и работи? Каде ќе му биде детството какво ние што го имавме, слободно, безгрижно, БЕЗ ОБВРСКИ!

    Каква е грижата од учителките? Каков е нашиот образовен кадар?

    Не се сложувам дека децата кои предвреме почнале да одат во градинки биле попаметни. На сите деца различно им фаќа мозочето. Голема улога има и родителот, дали му купува букварчиња, сликовници, дали го подучува дома.

    Мое мислење е нека има градинки и забавишта (како што има), па родителите сами да си одлучат дали сакаат и можат да ги пуштат децата таму. Но, не да е под присила од државата.
     
  2. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе во некои твои мислења.Не треба да биде задолжително како што и ти рече некој има пари некој не но градинката овозможува многу добри работи.Јас што знам деца што одат во градинка се од елита бидејќи треба да одиш да го земаш едно друго тие луѓе се зафатени имаат пари и тоа им е работата.Децата што одат во гардинка се малку понапредни.Не може дете што одело во градинка да биде исто со дете што не одело.Детето што одело во градинка веќе има познавање во таа околина знае како да се однесува и во wc да отиде и се.Но сепак ако дома работиш со детето на пишување на зборување ако му обрнуваш внимание нема да се разликува многу со децата од гардинка но тоа треба да остане така секој да си одлучува дали детето ќе му оди во градинка или не.Мене сега почна мн да ме нервира тоа што тргунуваат на мн мала возраст во школо.Ја појдов со полни 6 или 7г во школо а сега на 5 одат.Епа тоа дете сеуште сака да се игра што се вика само што пркнало оно ташна ќе носи.Јас до 4одд имав по 4 часа а тие сега во 3 одд по 5 часа.Уште што нема да измисли ова државава.
     
  3. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.637
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Не сум одела во градинка ама одев во забавиште и не знам зошто деца од 3 одделение деветолетка имаат по 6 или 7 часа ја до 4 одд сум имала по 4 или 5 часа.
     
  4. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Во градинка сум одела од многу мала па се до прво одделение . И убаво ми беше... Си се сеќавам дури и на некои јадења , игри , како моравме да спиеме сите попладне . Знам дека одев сабајле од 8 па во 3 мама и тато ме земаа ... :D
     
  5. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Ама баш ич не се согласувам со болдираново. Јас на пример не сум одела ни во градинка ни во забавиште, директно прво одделение. Мајка ми беше невработена и таа ме чуваше. Омилени играчки ми биле коцките со букви и бројки и знам дека сите од дома ги терав да ми пишуваат нешто за да им прочитам. Дури сметам и дека дома нормално повеќе внимание обрнале на мојата желба да читам и слично отколку кога би одела во градинка. Многу сакав да одам во школо и само што наполнив 6 години тргнав, значи на едвај 6 години. Што се однесува до учењето никогаш не сум заостанувала зад другите деца, дури и добив пофалница за најдобар ученик на крај на година во прво, второ одделение. Исто и со навиките за одење во wc или дружење со други дечиња.
    Не сакам да кажам дека ајде сега излегува дека дури и подобро е да не одат децата во градинка или забавиште, само поентата ми беше дека нема врска тоа дека децата што оделе биле понапредни и дека не можело да се споредуваат. Ако има некој да му обрне доволно внимание на детето, може да биде и понапредно од децата што оделе во градинка.