Од вечерва започнува и реалното шоу ,,Фарма", кое ќе се емитува на нов канал од Пинк пакетот ,,Народна тв". Митровиќ не запира со реалниве шоуа
Првата сезона на Задруга беше феномен и беше доведена на некој ниво што ниеден ријалити пред тоа не бил а да не зборам за подоцна. Втората и третата сезона беа исто така добри со квалитетни учесници каде што направија нешто од себе после учествувњето, како на пример Кенди, Панда, Филип Ѓукиќ, Ивана Шопиќ се водители на РЕД телевизијата. Е од четвртата сезона па наваму како што кажа почнаа да влегуваат пропалитети кои што се спремни на се заради некаква мала слава и исто така влегуваат спремни со дадени инструкции. Во главно, првите три сезони беа природни и спонтани кои беа вредни за гледање, учесниците беа креативни а не само караници, тепање, итд...
Многу почнаа да ја тупат. Преинтересно беше кога влезе трудната Милица, па кога Терза офкаше, па кога влезе Милован, па Милосава, и сега последно кога влезе Матора. Од тогаш, нема ништо ново, само некои стари приказни пак ги поновуваат. Ена Чолич неможам органски да ја сварам, многу ми е антипатична. Од Гастоз и Анџела ми е преку таквото. Милован зарем го дисквалификуваа? Не го гледам нешто. А некни излезе видео како овој прави дупка за да избега од таму.
Не ми е чудно ништо, се тепа со сите и се расправа. Мајка и почина нема месец дена некаде се изнатрга жената стресови со оваа, кога и да се појавеше во некоја емисија целата потресена и од срам изгубена беше и сега оваа пак се фтерала кај Митрович одма во Задруга, кои изгубени ликови се значи.
Дошла да се брани дека ничие дете не украла. Нели беше во врска со трудната девојка на Муња или како го викаа тој.