Уште од прв ден сексови летаат А колку се аљкави и гнасни тоа е веќе друго. Ако не утре, задутре веќе ќе е ко у кочина.Ја не би опстојала таму ни 1 ден.Одвратно е.Џабе шо они се бањаат, кога седат у валкано.Крокодили ќе им искочат
Не е баш така. Гледај искуства на Моника Хорват и многу други непознати учесници што беа само 1 сезона. Не им платиле хонорар, кажуваат како биле гладни и без храна често, ужасни се условите. Платени се само познатите ријалити играчи. Ужасен формат на шоу. Овде да ти е некоја убава и да те пали треба да немаш вкус. Пластика, евтин изглед и интелигенција помала од на птичји мозок. Дно.
Во минатата сезона имаше квиз од општа култура, запрепастувачки беше колку незнаење покажаа сите таму и во врска со најосновни работи. Така што, во право си, IQ колку број на чевли.
Не го гледам, вреѓање на интелигенција ми е. На инстаграм често има некои видеа и reels, таму сум приметил дека е брука за општеството ова. Какви вредности се промовираат со шоуто?
Добро, не се осеќате ли како да затупувате гледајќи Задруга? Простатилук, некултура, гнасотии, насобрано на едно место. Како е интересно ова да се гледа, не знам.
Затоа ич не ни идеш на такви глупости. Башка шо е психијатрија таму Јас лани кога гледав, ми идеше од дома со метла да им влезам на сите. Урлаат и се караат у ниедно време или рано отсабајле, се гаѓаат со оштри предмети. Маја и Миљана имаат лежено у Лазе Лазаревич ( нашки Бардовци) и упорно ги пуштаат у куќата. Да живеам со некој шо бил у лудница? Не фала. Куќана до крај на сезона е пола демолирана пола непрепознатлива Се дрогираат внатре, се ебат кај стигнат Одвратни се. Би влегла на еден ден само вербално да им ебам матер и чао
Не ја следам фанатично баш поради тоа што можеш да затупиш, но фасцинантно ми е да гледам до каде е спремен некој да оди под човечкото достоинство само и само за пари.
Цела младина ја гледа кај нас и на цел Балкан. И да не сакаш да знаеш, на кафе муабети за тоа се прават. Како успеа вакво просто ријалити шоу да е хит не ми е јасно.
Затоа што нивото на Балканот ни е такво. Балканецот тоа го ,,пали", мафии, тепачишта, пластики, промискуитет...
Најголем процент на гледачи се баби фанатици што се расправаат по социјални мрежи. Прочитав дека и пари им пуштаат и станови им плаќаат и поклони скапи, што не. Забегани.. Младите мислам и избегнуваат ова да го гледаат, смачено им е од истите будали. Не знам како не го укинаа до сега.
Немаат баш од пиле млеко, знаат да бидат само и на Нудли, ама запознаени се со условите уште пред да влезат и нема што да се жалат. Имало девојки со и без естетски корекции и биле баш убави, не значи тоа што не ти се допаѓа концептот на шоуто да се исмејуваш за физичкиот изглед на учесниците. Инаку ваквите шоуа како формати се донесени од запад и буквално исти гомнарии се и таму, тоа е целта со скандали да се задржи вниманието на гледачите и да се гласа.
Адам плачи на камера зато шо го искубале за косата и бара да си оди дома. Солзи рони луѓеее, исчупао ми је косу, видите људи.