Зад секој успешен Маж стои успешна ЖЕНА

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Hristov, 9 јуни 2015.

?

Зад секој успешен маж стои успешна жена ?

  1. Да

    50 глас(а)
    56,8%
  2. Не

    25 глас(а)
    28,4%
  3. Не знам

    13 глас(а)
    14,8%
  1. Hristov

    Hristov Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Машки
    Прво за да ја отворам оваа тема ме поттикна една приказна која ќе ја постирам во продолжение.

    Друго сите ја знаеме доста добро оваа изрека, мудра мисла (наречете ја како сакате) „Зад секој успешен маж, стои успешна жена“ и барем секој ја спомнал некогаш, некаде, во некаков контекст... Дали е за во оваа категорија, има ли слична ваква тема не знам ( ако има слободно може да се избрише) ...

    Па прашањето би било дали се сложувате со оваа изрека ... ? Така е, или не ? Се цените ли доволно ... ? Ги познавате ли вашите квалитети? Имате ли некое поинакво мислење ? итн... итн ... итн...
    А да ќе заборавев приказната ... :)

    [​IMG]

    I just love this story!!! One night President Obama and his wife Michelle decided to do something out of routine and go for a casual dinner at a restaurant that wasn’t too luxurious.
    When they were seated, the owner of the restaurant asked the President’s secret service if he could please speak to the First Lady in private. They obliged and Michelle had a conversation with the owner.
    Following this conversation, President Obama asked Michelle, “Why was he so interested in talking to you?" She mentioned that in her teenage years, he had been madly in love with her.
    President Obama then said, “So if you had married him, you would now be the owner of this lovely restaurant?" Michelle responded, “No, if I had married him, he would now be the President Of The US.”
    Believe it or not, sometimes it's a woman that makes a man who he is! smile emoticon So for the single men that are still searching for a wife, may God help you to find that help mate that will turn you from " a nobody" into "a somebody". For that single lady that is reading this, may you be that blessing no man can do without.

    п.с. Може глупаво што од машко се отвора оваа тема, но нели тука сме да се дружиме, забавуваме рамениме мислење, идеи, можеби да научиме нешто ново ... !? ;) Поздрав :)
     
    На Lella, BurstBerry, crazylady и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.817
    Допаѓања:
    78.230
    Супер ти е темата.

    Факт е дека ДО секој успешен маж РАБОТИ успешна жена. Не мислам ЗАД. Мислам ДО. Барем јас успешната жена не ја гледам зад мажот, ја гледам до него, рамноправна.

    И да, ако мажот има жена која постојано е негативина, плачлива, незадоволна, пластично несреќна, жена која врска нема што сака од животот, жена кој не знае да му даде добар збор и храброст кога треба, мажот не може да е успешен. Тогаш би бил сингл или со љубовница која ќе му го храни егото оти жената само го измачува.
    Ако мажот има работно време за никаде, ден оди на работа по 24 ден не, или работи од дома, жената ако почне да му замерува, толку е од него. Кога одиш на работа со страв, порано ич не оди. Страв дека ако доцни оваа ке вреска, дека ако работи многу, она ке се лути оти не и посветува внимание.

    На крајот, жената мора да е успешна за да знае како да се носи со сите обврски на успешниот маж. Ако никогаш не била на работа, не дала сопствен труд, пот, мака, време и живци за нешто да успее, нема да знае ниту колку мора мажот да жртвува од себе за неговиот успех.
     
    На Lella, mila25ve, crazylady и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Hristov

    Hristov Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Машки

    Насловот на темата е таков каков што е од едноставна причина што изреката е таква, не сум ја измислил јас ... :P Не мора да се толкува буквално... Мислам дека сите ја разбираме која е поентата ... Ете баш ти многу, многу добро ја долови и несакајќи ми даде еден одговор кој на некој начин го барав... Благодарам ;)
     
    На galapce и Arthur им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    12.974
    Допаѓања:
    294.109
    Изреката е стара и потврдена, ама еве јас во денешно време го тврдам спротивното.
    Се сменија многу работи од времето кога е кажано ова.
    Сега мажот може да си е успешен колку сака, ама позади него да стои успешен родител кој mу оставил бизнис и кој го бутка во животот,ама не и успешна жена.
     
    Последна измена: 9 јуни 2015
    На Umbrella22, Draganax01, girl-miri и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    44.733
    Пол:
    Машки
    Или е добар г`зо лижач партиски за да биде успешен а за жената секако дека некоја покрај него ќе е успешна но не значи дека и сопругата негова
     
    На Arthur, baba Rada и referentka им се допаѓа ова.
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.260
    Аман веќе со вакви традиционални изреки, каде жената постојано е ставена во втор план. Било смислено таму од некој шалабајзер, а ние ќе повторуваме по него само затоа што не може да размислуваме со своја глава.

    Инаку, да не се повторувам, ќе бидам кратка. Не мислам дека за еден човек да биде успешен без оглед на полот треба да стои некој зад него. Сметам дека имаме доволно предиспозиции за да се изградиме како личности, бидеме независни, компленти и среќни. Но, тоа само со труд пот и мака како што впрочем рече и Чка во својот пост погоре.
     
    На Umbrella22, Madam-A, Arthur и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.312
    Пол:
    Женски
    Сметам дека „успешна“, не мора да значи стриктно успешна на работа. Понекогаш успешна жена може да биде и онаа која е доволно смирена и трезвена, полна со поддршка, но и објективна, која на мажот во моментот кога ќе му биде најпотребно, ќе го насочи преку некои други аспекти на она што му претставува дилема.

    Еве, ќе дадам еден личен пример:
    Јас не работам во моментов (од некои здравствени причини), но сум работела претходно и сум работела кога мојот партнер не ни знаеше што значи да одиш на работа, ниту пак помислуваше на тоа. Кога заврши факултет, имаше понуда за работно место за кое не мора да се мачи премногу, дури може да кажам и флексибилно, што имаше и предности, но и недостатоци. Ќе требаше да се дообразува (со свои пари), дома да ја носи својата работа, а пола живот ќе имаше прилично ниска плата, што значи дека ќе беше повеќе во зијан, отколку во ќар. Тогаш седнавме и разговаравме, бидејќи му се укажа и друга прилика за работа. Па ставивме на кантар: за другата работа има работа во една смена, со стриктно определено работно време, помалку захтевна од другата (иако поодговорна), пак според струка, но работата нема да ја носи дома, а ќе има доста висока плата. Иако во прво време беше збунет, со разговори и анализирање на двете варијанти, заедно дојдовме до заклучок дека втората варијанта е подобра, а тој си ја донесе конечната одлука. До ден денешен е благодарен што сум му помогнала да ја донесе вистинската одлука и со секоја вест од претходното понудено работно место, му се потврдува дека сме биле во право, или бил во право.

    Наравоучение: тој е успешен, а јас не сум успешна (ако мерило за успешност е да си вработен), но сепак сум била способна да му помогнам да ја избере вистинската опција, бидејќи објективно и непристрасно сум ја анализирала ситуацијата. Потребно е само ладна глава, објективност, поддршка, разбирање и разговор. Верувам дека и тој за мене истото би го направил, па тогаш би требало да се каже дека зад секоја успешна жена стои успешен маж.
     
    На Umbrella22, crazylady, Ivy89 и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Hristov

    Hristov Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Машки
    Една од поентите на темава беше токму таа... Да се изнесат различни рамислувања, секако дека не може да размислуваме сите исто...
    Е сега како што кажав во самиот опис, мене за отворање на оваа тема ме поттикна приказната за Барак Обама, а особоено делот - President Obama then said, “So if you had married him, you would now be the owner of this lovely restaurant?" Michelle responded, “No, if I had married him, he would now be the President Of The US.”
    И пак ќе речам тоа „Зад“ не го сваќајте буквално...
    Мислам дека ете барем мене со одговорот од права ме погоди Ска и еве ми се допаѓа и примерот на Lady Phoenix :)
    И исто „успешна“ не мора да значи успешна на работа туку баш тоа, жена која ке те разбере, охрабри, потткни, пречека со насмевка, жена која знае што и каде во живото... Тоа пак ќе речам по мене многу, многу добро го објасни Ска :)
    Е така :)
     
    На crazylady, Sesil, Arthur и 4 други им се допаѓа ова.
  9. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Живо ме интересира како сфативте дека жената е ставена во втор план со оваа изрека? Ради предлогот "зад"? :| Кој патем е кажан во преносна смисла дека мажот за да успее потребно е успешна жена да го поттурне што би рекле, да го охрабри, да го мотивира најпрвин со нејзините способности за он да може да и парира итн. Баш со оваа изрека жената е ставена во прв план, дека мажот без успешна жена не би можел да успее додека жената без успешен маж сепак може.

    Убаво објаснила Цка погоре, жена која не ги остварила сопствените цели, која нема кариера, која има слаб карактер и не знае да се сноси со своите проблеми, во секој случај ќе влијае на одлуките на мажот кои патем нема ни да го мотивираат ни охрабруваат а со тоа следува и неуспехот. Според мене има вистина во оваа изрека и се согласувам со истата.
     
    На crazylady, calliope, Sky-butterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.421
    Пол:
    Женски
    Според мене тоа е само изрека со која се тешат нереализираните жени, демек иако седат дома по цел ден и крстат нозе и они се заслужни за успехот на мажот, исто како и обратно не секогаш позади успешна жена стои успешен маж.
    Според мене успехот е индивидуалем чин,секако има удел и семејната хармонијс но е тој дел многу мал за да му се придава толкаво значење. Најголемите уметници и пронаоѓачи биле најчесто неразбрани од околината и семејството па тоа не ги спречило да успеат. За успех е потребна работа и посветеност а не добар семеен живот, не џабе рекле за да успееш мораш да жртвуваш многу нешта вклучувајки го и семејството.
     
    На crazylady, ennaz, calliope и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.260
    Не. Туку ради погрешното толкување, и контекстот во кој е употребуван изразот. Каде во најголем број случаи, се реферира на традиционален брачен сојуз, кој укажува на надреденост. Додека, луѓето кои ја земаат жената како најдобар репер за успех, се воедно и сексисти бидејќи потајно ја сместуваат во втор план. Впрочем, може да те поттурне и друга жена, не мора само маж. Апсолутно истото важи и во обратниот случај.
     
    На ennaz, tessie и Arthur им се допаѓа ова.
  12. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Абе нормално дека може и друга жена или било кој друг член од семејството да те охрабри или поттурне или мотивира, јас само ја толкував изреката како јас ја сфаќам, и дека има вистина во тоа, и од примери кои ги среќавам секојдневно, успешни жени во главно имаат успешни сопрузи можеби и мажот им бил мотивација, секаде има исклучоци, индивидуални успеси, успеси во хомосексуални заедници итн. но изрекава се однесува на брак или заедница на маж и жена.
     
    На Abrakadabra и Hristov им се допаѓа ова.
  13. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.260
    Тоа ,,поттурнување'' кај нас знаеш како најчесто оди. Тато носи, мама меси и овој од нигде никаде оп директор. Мажиште ипол бре!
    Или, типкава ни ''к'' од карактер, смотана, без грам мозок, а вработена у администрација. Овој па шмукљо од чиста мира ја прогласил за успешна само затоа што му дала. Абе хаос, ај да не разглабам, ме иритира фразава, и не може човек да не ја сфаќа буквално кога доаѓа од луѓе чие сфаќање за успешна и остварена жена гласи ''Добра сопруга, пожртвувана мајка, со одлично тело и кариера''. Eте, токму поради ваквите генерализации ми доаѓа да си пукам во колено.
     
    На crazylady, ennaz, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    12.974
    Допаѓања:
    294.109
    Колку успешни мажи има а се разведени...значи не е до жената
    Ова е социјалистичка изрека
    Сега бате пара буше где бургија неможе или што велат money all around world (исправете ме ако сум грешка, не ми е јака страна јазиков).
    А ако јас бев успешната , позади мене ке стоеше успешен маж ??
    Не беее....
    Жените на успешните мажи се успешни само во кинење етикети на новите алишата !
     
    На ennaz, Arthur, Strumka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Не се однесува за таквите случаеви со самиот факт дека тие деца не се успешни туку дека нивните родители биле...
    И никој не спомна пожртвувана мајка, итн. секој различно толкува успех, успехот е релативна ствар, еве на пример остварување на сопствените цели е успех за секој индивидуалец а тие цели може да се од различна природа.
    Темава може да разврзе и да повлече уште многу други теми, затоа не мислев да забегувам и се задржав на самата изрека, нормално дека немора да значи, но логички, ако веќе жената е во заедница со мажот а е успешна ми нема логика да има неуспешен маж и обратно, а у случај да е неуспешен мажот најверојатно би го оставила нели.. :D
     
    На crazylady, Arthur и Hristov им се допаѓа ова.
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.260
    Пер, поентата ми беше дека мерилото за успех у нашава Вукојебина е сведена на такви примери. Успехот слабо или уопште не се цени. Ама ај стварно, нема смисла да навлегуваме понатака. Ти држи вода тоа дека постојат и такви примери, ама eкстремно се ретки, trust me. :)
     
    На Arthur и referentka им се допаѓа ова.
  17. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Мајката која го научила на основните работи за успешност, со тек на време кога се осамосталил продолжил самиот да станува се поуспешен и поуспешен. :rock:
     
    На Водолија и Arthur им се допаѓа ова.
  18. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Да, но изрекава не се однесува само за овие простори, се употребува насекаде низ светот "Behind every successful man there is a woman" затоа не генерализарав за овде или вон земјава, туку општо.
     
    На Arthur и Hristov им се допаѓа ова.
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    7.817
    Пол:
    Женски
    Па може да се рече, тоа е мајка му која му викала учи сине учи, за да станеш човек и за да бидеш успешен, а дека тоа е жена како жена што ќе ја омажи не би рекла. :)
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.059
    Допаѓања:
    60.581
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со изреката ама само делумно.

    Мојот пример е каде што јас му го олеснувам посветувањето на сопругот на кариерата, кај него имаше многу работа, учење, денови каде не си доаѓаше дома, јас знаев што ме очекува, знаев дека можам да ја поднесам таа негова посветеност без мрчење и драми и затоа е тој успешен.
    Би бил успешен и без мене да го подржувам ама не би го имал семејството кое што го имаме, тука се сложувам со изреката, без мене би бил успешен само на професионален план а не и на семеен, тука јас се жртвувам за него, превземам поголем дел од обврските, ја жртвувам мојата работа за да бидам дома со децата, сето ово е за он да може да си се посвети на кариерата.

    И како сопруга на успешен маж самата не сум кариеристка, мислам дека со деца тоа едноставно е невозможно, тогаш некој друг би ни ги одгледувале децата, не кинам само етикети од нова облека, уствари кинам ама тоа е повеќе за децата дека растат како да се на стероиди:rofl:не одам по педикири, маникири, немам време за такво нешто, едвај врзувам 3 саата спиење.
    Тоа не значи дека сопругот е гост во домот, кога е дома е посветен татко и сопруг, си ги превзема сите обврски само тоа не е секојдневно како некој што работат од 9-5.
    Едноставно кажано тој си се посветува на работата знаејќи дека има дома сопруга која се грижи за децата, дека има 70% шанса да го пречека топол оброк:lol:, дека ќе го пречека сопругата насмеана иако крајно уморна од трите деца ама без обвинување дека останал повеќе или помалку на работа.
     
    На veren, okcenzi, Val-Dim и 17 други им се допаѓа ова.