Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зад секој успешен Маж стои успешна ЖЕНА

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Hristov, 9 јуни 2015.

?

Зад секој успешен маж стои успешна жена ?

  1. Да

    52 глас(а)
    57,8%
  2. Не

    25 глас(а)
    27,8%
  3. Не знам

    13 глас(а)
    14,4%
  1. Hristov

    Hristov Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    599
    Пол:
    Машки
    @bittersweet Ти си и повеќе од успешна жена ! Жена која е столб во куќата и маж ти не би бил тоа што е да не си Ти... Можеби би бил успешен и без тебе како што кажа, но дефинитвно не на ваков начин, реализиран и компетен маж ! А тоа е благодарение на тебе ... :)
     
    На calliope, bittersweet, Arthur и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    Тоа е поговорка и како и сите други поговорки, за некого е точна за некого е грешна. Зависи од личноста.
    Само смешни ми се ''феминисткиве'' одма рипаат како и во секоја возможна тема, оти жената стоела ЗАД мажот, поговорката била навредлива за жената :rofl: А истите тие, ако имаше поговорка, зад секоја успешна жена стои успешен маж, ќе рипнеа како хиени да викаат, зошто да има маж зад жената да ја турне, како божем таа сама не може. (facepalm) Како им одговара така си сфаќаат :)
     
    На crazylady, calliope, Youknow и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Интересни гледишта за оваа прилично точна изрека која е пренесена со мала неточност.

    ‘’Behind every successful man there is a woman’’ е оригиналната верзија, а не ‘’ Зад секој успешен маж стои УСПЕШНА жена’’. Но сите знаеме за неа и горе-доле толкуваме различно, што мене ми е многу интересно.

    Мое мислење е дека многу од вас погрешно го поистоветувате поимот ‘’жена’’ со поимот ‘’сопруга’’ во изрекава. Па жена не е само сопруга ! Жена е и мајка, сестра, пријателка, колешка итн.

    Мислам дека е точно тоа дека на секој успешен маж му треба жена, затоа што жените поседуваат емоционална интелегенција која на повеќето мажи им недостасува за да бидат успешни.

    Без EI нема успех за маж само со IQ. Eмпатијата е печатот на EI, а таа је поседуваат повеќето од жените. Не дека нема емпатични мажи, но тие се вистинска реткост кога желбата за успех им се мотка во главата.

    Но, вистина е дека понекогаш жените ги исполнуваат своите нереализирани амбиции преку мажите, затоа што во суштина мажите се плашат и ги избегнуваат отворените силни и амбициозни жени. Нив ги доживуваат често како неженствени, осакатени и ги поистоветуваат со мажи само затоа што се наводно биле ‘’кариеристки’’ ?!

    А точно е и тоа дека жените секогаш изнаоѓаат неброени начини за тие свои нереализирани амбиции да ги реализираат преку своите мажи, синови, дечковци па и пријатели. А секој паметен маж знае дека да добиеш совет од паметна жена е скапоценост.

    Убавината на секоја изрека е дека секој може да си ја толкува на свој начин. Ова е мојот.
     
    На Ordinary, ph.orhideja, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Нормално,лонче со капаче .Успешна, исполнета жена не би одбрала некое теле, ами некој како неа .и обратно.
     
    На crimson, kjukli, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Poveke od vistinito.
    Na forum kade preovladuvaat zeni 90%,ocekuvav poinakov rezultat.
    Za odgovor od maska strana,prasajte maz vo poodminati godini.Maz na koj veke egoto ne mu e najvazno vo trite najvazni raboti od zivotot.:P
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Без разлика на его и инат дефинитивно зад секој успешен маж,секако дека стои и успешна жена :)
     
    На Hristov му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.638
    Допаѓања:
    22.070
    Пол:
    Женски
    Интересно ми е што се напаѓа феминизмот и поддржувачките на истиот, а да не бил тој, којзнае дали денес ќе можеа истите тие членки коишто го исмеваат да си го кажат ставот тука, да бидат доволно писмени и слободни за тоа.

    Јас ја сфаќам супер Валерин што сака да каже. Клучниот проблем е мисинтерпретација на тоа „зад“ коешто би требало да се интерпретира како оној дел којшто не го гледаме а всушност игра голема улога во градење на сликата на успешниот човек којшто нѝ е пред очи во моментот. Како што не ги гледаме здравите навики на личноста, туку го гледаме нејзиниот младешки и убав изглед и здравје.

    И важи ова и за мажи и за жени. Среќен емотивен и семеен живот и те како си значи. И очекувањето дека феминистките по правило треба да бидат мажомразачки, па зашто во една ситуација велат така, а во друга не велат. Толку ли е тешко да се сфати дека поентата е исти шанси за секого? Шанса за самостојност, успех, слобода, љубов...

    Ако се прашувам јас, тажно е тоа што воопшто постоела потреба да се појави цело историско движење за да се разбуди свеста дека и жената е човечко суштество, кое, со самото тоа што не е машко, не значи дека не поседува исти потреби и исти вредности. Тоа зборува за тогашното ниво на свеста на посилниот пол којшто би требало да биде пресовршен нели за да има такви сфаќања, но нејсе... додуша, свесни биле само така им чинело.

    А ако го менуваме „зад“ со „преку“ и тука нема правила. Пресметливост е човечка, не родова особина.
     
    Последна измена: 11 јуни 2015
    На Hristov, crazylady, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  8. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    За жал вистинита е поговоркава уште. Многу работа и време ќе помине тоа ЗАД да биде ДО и уште толку да биде ПРЕД.
    Во контекст на приказната House of cards ја догледав пред некое време. Баш жената на председателот која го туркаше цело време и од се се откажа заради него на крајот остана скршена и се покажа дека тој цело време само ја искористувал.

    Јас не сум феминистака ама поговоркава ми пречи. Не поради ЗАД зборот, туку поради тоа што во реалноста сме зад и за секоја работа мораме два пати повеќе да се трудиме а сме двапати помалку платени и наградени. Ова не се мои чувства ова е статистика, која и на своја кожа сум ја почувствувала. За исти позиции жените зимаат помали плати, и поретко напредуваат. Јас и колега ми на иста позиција се запосливме во исто време. Мене 2 години ме плаќаа 25% помалку а тој работеше 1 проект, а јас 2 поголеми. Неправдата постои само што некаде повеќе се чувствува.
     
    На Annath, tessie и Strumka22 им се допаѓа ова.
  9. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.078
    Пол:
    Машки
    ПОстојат успешни мажи и успешни ЖЕНИ кој како стои позади едните и другите е нивно но убавината и успехот е во тоа што покрај успешноста е убаво некој да тои позади тебе метафорички кажано за поткрепа секаква не само во успехот
     
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.078
    Пол:
    Машки
    Јас мислам грешиш во твојата теза затоа што за 2014 година во Р. Македонија за најусшен работник е прогласена жена, за најдобар бизнисмен покрај големиве на трето место е жена а и на многу видни функции позиции и работни места се жени и платени работи се жени додека мислам мажите го јадат подебелиот стап и потешките по не платени работи на денешницата со исклучоци обострани се разбира
     
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    Не го напаѓам феминизмот, и не сум против феминизмот, само сметам дека нема потреба во секоја тема да се нагласува, особено не во теми каде што ете, напротив, мажите би требало да реагираат. Јас го обожавам феминизмот, оној вистинскиот - еднакви права, еднакви плати, право да се биде жена претседател, градоначалник, итн итн. Ама сега па на секое жениве навредени, премногу е. Ако речеш мажот е ништо без жената, одма лутачки демек жениве секогаш во позадина, се сфаќа навредливо. Ако се рече - жената не може без мажот - ајде на ново лутачки оти женава не била не способна да живее без маж. Ако кажеш бракот треба да е хармоничен, и тогаш има успех за двајцата - не било така, навредени жениве оти бракот се подразбирал хармоничен ако жената чистела и готвела. Абе кај и да се спомне поимот маж или жена, за било што, мора одма да се најде рачка и да се спомне колку е обесправена жената.
    Не знам, едноставно нема потреба да се нагласува на секое. Свесни сме дека сме еднакви и дека се стремиме кон уште поголема рамноправност и тоа е доволно. Еве веќе во семејствата почнаа жените и повеќе од мажите да заработуваат (знам милион примери, вклучувајќи го и мојот пример). Ама бре луѓе, среќен и успешен маж е оној кој има среќна и ведра жена покрај себе. Не успешен во кариера само, туку воопшто успешен во секое поле. Исто е и обратно. И жената ако има еден пијаница, насилник, плачко, мрачен маж дома, нити е може, нити ќе сака да биде успешна во нешто. Тоа е факт... и да знам дека има исклучоци, ама збораме генерално. Бидете весели и среќни, и не се карајте одма, животот е убав ;)
     
    На Sky-butterfly, Annath, ph.orhideja и 5 други им се допаѓа ова.
  12. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Исклучок не прави правило. Најнеплатена работа во македонија е во чевларската индустрија каде ЖЕНИ здравје оставаат за 6000 денари другар- непријавени. Додека машките им газди делат пари со машки инспектори кои тие жени треба да ги штитат.
    А тие две жени што успеале секоја им чест, они си знаат што све минале во животот за да стигнат до таму. Сигурно не им било лесно.
    Инаку ова не е теза статистика е. Во мојата професија жените се платени 30% помалку, и се запослени во однос мажи-жени 70-30, а дипломираат во однос 40-60. Ова за светско ниво зборувам. Архитект сум инаку.
     
    На okcenzi, crimson и tessie им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.638
    Допаѓања:
    22.070
    Пол:
    Женски
    Жаки мила, проблемот е баш тоа што уште сме далеку од свесни за некои работи и што cèуште за жал живееме во машки, а не во човечки (не ми текна на подобар термин) свет. Поразгледај низ темиве само за дефиниции за реализирана жена у животов, како си се делиме мајки-немајки-ангели-демони, вакви-нетакви и све ќе ти стане јасно. Секој нека си каже од свој аспект и од свои побуди, зошто да не. Како што има на пример дебати наука-религија, зашто и тие коишто поддржуваат феминистички идеи да не се изјаснат?

    Да се разбереме и јас сум против квази феминизам и одење во тешки крајности кои застрануваат од патот на што тој всушност претставува.

    Едит:
    Плус тоа, ако гледаме толку тесно и буквално на поракава и хомосексуалците треба да ја чувствуваат како дискриминирачка, ако зборуваме за жена со којашто се има љубовна врска.

    За да се извлече најдоброто од изрекава и истово да се практикува, треба да ѝ се дадат пошироки димензии, т.е. да се интерпретира дека поддршката од блиските игра незаменлива улога во нечиј успех.
     
    Последна измена: 11 јуни 2015
    На QueenElena и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  14. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Ако зад успешен маж стои успешна жена, дали позади секој алкохоличар и пропалица стои жена ку*ва со извинение.
     
    На calliope му/ѝ се допаѓа ова.
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    А што е уствари толку со актуелизацијата на изрекава? Не дека ја немаше порано, ама минимум 15 пати ја начекав деновиве по социјалнине мрежи...претежно од девојчици и неуспели женички - квази екстремни феминистки што постојано лепат цитати за женската моќ, машкото патење по жените у форма на цитатите од Балашевич и Џамбазов, и мислат дека поради тоа што имаат вагина, светот треба да им се поклони, а својот неуспех го припишуваат на било кој друг фактор, освен нив самите.
    Инаф, озбилно.

    Стварно ви боде очи дали било пишано зад, пред, над, под? (facepalm) Што знам, мене тоа ми е одлика на несигурна жена, полна предрасуди и сомнежи во себе. Успешната и сигурна ваљда нема време да се замара со така непотребна анализа.

    И дај, имате башка тема за феминизам и угнетеност/еднаквост, оваа не е за расправање такви криви дрини...али Боже мој, кога ќе се фатите за еден збор ко пијан за бандера...

    Он а сајд ноут, Мет Тејлор носеше кошула со жени НА себе (ако веќе нагласуваме прилози). Погодувате? Занемарија што патуваше 300+ милиони милји во вселената, а му се нафрлија што ги омаловажувал(?!) жените. Со кошула? Јбт...стварно се оди во непотребни екстреми.
    А замислете па жена може ја дизајнирала и/или шиела истата.

    Има моќни жени бре, да паднеш на газ и да се влечеш дури не почнат искри да ти летаат, ама тие не се занимаваат со тривијални работи у стил кој зад кого стоел и кој врз чиј успех имал влијание.
    Извинете ме, али секоја што се пали на вакви изреки и приказни, и се осеќа угнетена од глупости, треба малку да размисли прво за сопствениот успех, па дури потоа дали воопшто влијае на успехот на другите.
     
    На mims-89, Valerin, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.638
    Допаѓања:
    22.070
    Пол:
    Женски
    Да се занимаваа луѓето активно и постојано со сите тривијални работи за коишто од забава си дискутираат на форум, ехе-хее... не мора баш одма со препукување да се оди...
     
    На Nausicaa, Valerin, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.834
    Пол:
    Женски
    Успешни луѓе привлекуваат други успешни луѓе.
    Не зад, до нив. :)
     
    На Valerin, crazylady, Ginger^ и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Сите успешни жени излеговме, која му помогнала на сопругот со совет, која чува деца и се грижи за домаќинството, која го турка упорно (оти сама да се реализира малку тешко е), жени за пример. Да не бевме ние со советот/готвењето и перењето по дома/мрчењето оти сите други имаат повеќе а ние не, не оти ќе станеа мажи како треба. Да не вртам одоколу, не се сложувам со изреката. Во одредени примери може да е точна нормално, ама генерално-не.
    Како подршка на пат кон успехот на сопругот-да, може да биде и со тоа да влијае доста. Но веќе успешна жена во поголем број случаи бара исто или повеќе успешен маж од себе. Ретко кога зема некој за да го калеми до прва. Ова ако збориме за успех(професионална реализираност, пошто на тоа се мисли кога се збори за успешен маж, така?), веќе реков дека подршка е друго.
     
    На zvecarka, crimson и Annath им се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Тоа е во ред, ама изрекава повеќе се однесува на ситуации кога жената е заслужна за успехот на мажот, ситуации кога тој би бил ништо без неа. А кога двајцата се веќе реализирани личности на професионален план, тоа е веќе друго.

    Ако зборуваме за успех во професијата - не би се сложила со ова. Не дека нема такви случаи, ама без разлика на тоа дали се работи за маж или жена, верувам дека успехот може да биде само индивидуален. А ако зборуваме за остварување на секое поле во животот, тогаш обострано и мажот и жената си се потребни :)
     
    На tessie, crazylady, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    @Hristov , ај сега признај дека ја отвори темава за да собираш поени од жениве тука :sun: .
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.