Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зад секој успешен Маж стои успешна ЖЕНА

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Hristov, 9 јуни 2015.

?

Зад секој успешен маж стои успешна жена ?

  1. Да

    52 глас(а)
    57,8%
  2. Не

    25 глас(а)
    27,8%
  3. Не знам

    13 глас(а)
    14,4%
  1. Водолија

    Водолија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Хмм не мора да значи има многу успешни жени со неуспешни мажи и обратно, но тоа е така биејки тој ја потценува жената и не ѓи слуше нејзините совети сеуште верувам дека мажите се глупи суштества секоја чест на исклучоците кој знаат да ги гледат работите од повеќе страни .. Има многу мажи кој се успешни и до нив секако стои жена која поседува квалитети а тоа значи да го прави мажот да биде глава на куќата а таа да биде неговиот врат .:*
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.638
    Допаѓања:
    22.070
    Пол:
    Женски
    Накратко, секој има свои индивидуални фактори коишто му потпомагаат во успешен живот. За некого е семејството да го поддржува, за некој инает пак :lol: можеби му е стимул баш сите да се против и во неверие дека ќе му успее. Важното е човек да научи да биде задоволен со онолку колку што му е навистина потребно, затоа што ако на едно поле ги достигне ѕвездите што се вели, најчесто други полиња трпат и некогаш тоа е и преболно за издржување, па ништо чудно и со празни раце да се остане и на кариерен и на љубовен план. Верувам дека сме така хармонично створени, што најдобро функционираме (и најблиску до сестрано) со умерености.
     
    На Водолија, <3 pleza4e <3 и Valerin им се допаѓа ова.
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    134.927
    Пол:
    Женски
    Зад, до, покрај..успешна личност, без разлика маж или жена стои друга личност што ја ,,турка,, напред, што и помага,и дава морална подршка, и завршува еден куп работи што таа нема да стгигне да ги доврши.
     
    На LejlaD и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  4. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.243
    Мене поговорката за нашето секојдневие ми е 100% точна.
    Зад секој успешен Маж стои успешна ЖЕНА- читај МАМА
    Зад секоја успешна Жена стои успешен Маж- Читај ТАТО
    се е до интерпретацијата:$ т.е. во денешно време непостои погрешна интерпретација:D
     
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Многу интересни коментари и многу вистини но поговорката е многу убаво кажана и треба само убаво да се разбере.
    Зад секој успешен маж стои успешна жена т.с.квалитетна жена,способна жена да ги види афинитетите на мажот и способностите и да му помага,да го бутка напред,да го мотивира да тие негови квалитети,дарби,знаења или умеења ги пласира за да се докажат и соодветно надрградат.Нестанува збор за жена која само е добра домакинка,мајка,што чисти,готви,збориме за жена која ке биде поддеднакво активна како мажот...бадијала е ако едниот е активен а другиот пасивен, тука нема успешни.
     
  6. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    61.385
    Зад секој успешен маж стои жена!!!
    Вистината е, дека неможе да биде некој успешен, маж или жена, ако нема поддршка од партнерот до него... Има една стара поговорка „Мажот може со локомотиви да носи дома, ама жената може со игла, истото тоа да го изнесува“!!!
    Значи успех нема да има, ако едниот од партнерите, маж или жена, е вреден, работен, а другиот само мисли како спечаленото одма да го потроши!!! За се во животот треба љубов и разбирање, па така за успешен маж треба успешна жена!!!
     
    На Hristov и tessie им се допаѓа ова.
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Зад секоја успешна личност, маж или жена првенствено стои личната волја и способноста да ги насочи афинитетите во вистински правец. Никој не може да биде успешен без да вложи труд. Кога ќе се создаде правец на дејствување разбирањето и поддршката се многу потребни од другиот. Тоа може да се очекува доколку постои хармонија и толеранција меѓу партнерите. На секој му е потребно да слушне убав збор и да почувствува љубов за да знае дека има некој што му верува и неизмерно ги цени неговите заложби за подобар заеднички живот.
     
    На Love 83, Nightwish11, Hristov и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Hristov

    Hristov Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    599
    Пол:
    Машки
    @Madam-A ме прочита од прва ... :P Од кога ја отворив темата не можам да престигнам да доодговорам на пораките во сандачето :D (се разбира се зезам)
    Искрено немав и некоја си посена цел... едностаставно ми се допадна приказната за Обама, одсекогаш сум верувал дека жените се исклучителни и дури и поспособни од мажите, во тој момент немав ништо попаметно што да правам, малце инспирација и тука сме кај што сме ... Мило ми е што се разви дискусија, нормално секој си има некој си свој поглед, гледиште, размислување,став, па се надевам се дужиме и понатаму....
    Поздрав
     
    На Sesil и Madam-A им се допаѓа ова.
  9. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Не наполно но делумно верувам во оваа изрека со тоа што би додала според моја верзија зад секој успешен сеедно маж/жена факт е дека е потребна поддршка од некој, не мислам на материјална т.е финансиска туку повеќе на онаа морална поддршка преку бодрење за понатамошни успеси и мотивирање на една личност да стане подобра и успешна во тоа што го работи и својата цел да ја оствари.
     
    На Hristov му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Точно е ова, но и обратното.
    За да некој постигне успех, голема улога имаат најблиските. Мажот и жената (би требало да) се надополнуваат за да бидат потполни и успешни.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hristov

    Hristov Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    599
    Пол:
    Машки
    „Зад секој успешен МАЖ, стои успешна ЖЕНА“ ... Мислам на заедница (брак), каде мажот и жената го градат својот животен пат заедно... Според мене, колку се подалеку најбликите и колку помалце мешаат прсти во животот на мажот и жената толку подобро ... Да тие се тука за се што треба да помогнат, но сепак за мирен и успешен живот поблиските нека помагаат по малце и да не се машаат по многу, а ЖЕНАТА нека биде столбот на мажот, подршката, најдобриот пријател и обратно... може малце забегав од суштината, но е во контекст на муабетов... Поздрав
     
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Не ме сфати што сакав да кажам, јас сакав да го кажам тоа што ти го објасни за бракот и не само бракот, туку и една озбилна и стабилна врска.
    Но што се однесува до поддршката од најблиските, тоа не значи и мешање во животот. Барем не според мене. Туку морален поттикнувач. Не зборувам за екстреми секако.
     
    На Hristov му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Зад секој успешен маж стои.... партијата.
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Ова најнова и реално најточна верзија и потврдена во пракса преку низа примери:bow:
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Жената не стои зад мажот таа е подеднакво успешна.
     
    На Brinetka, GirlRose и VoodooGirl им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.054
    Допаѓања:
    12.497
    Пол:
    Женски
    Зад секој успешен маж стојат куп фрустрации, зад секоја успешна жена исто така куп фрустрации. Модерното "функционално" општество е вакво, а не сосема исто како што самите си имаме замислено. Има и ретки исклучоци кои некако, во даден временски период на животните настани, наликуваат не поинаку од погоре опишаните..
     
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.384
    Пол:
    Женски
    зад мојот успех стои маж ми кој ми го чува детето дур јас успевам. да не беше така немаше ни јас да бидам тоа што сум.
     
    На cresa-jagoda, Cka и DAngel им се допаѓа ова.
  18. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Па не е секогаш така, но во голем број случаи кога едниот добива поддршка од другиот доаѓа до големи успеси. Зад секој успешен син не стоела секогаш успешна мајка. Некои баш поради тоа што немале успешна личност во животот решиле тие да станат таа успешна личност. Зад секој успешен маж не мора да стои неговата партнерка. Во некои случаеви е така, кога двајцата се поддржуваат и си помагаат можат чуда да прават.
     
  19. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Партнерите треба заедно да бидат успешни, не да се прави компромис и некој да стои ЗАД некој. Ако едниот го "покрива" другиот во нешто во кој изостанува, тоа не е здрава врска.

    Инаку успехот е индивидуално- релевантна работа, и за секој означува различно нешто.
     
  20. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Сигурно.