1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заедница (Community)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Mrs.Cuper, 21 декември 2011.

  1. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Не видов тема за серијава па решив да отворам. :)
    Американска комедична серија со 20 минутно трање, до сега се излезени две сезони, а третата е во тек. ТВ серија за пријателството, различностите и хуморот во секојдневниот студентски живот. Приказната почнува со Џеф Вингер кој е млад, згоден адвокат, кој секогаш има што да каже, без разлика дали е тоа решение на проблем или иронична шега, најчесто успешно комбинирајќи ги двете. За жал, неговата диплома за завршен факултет испаднала неважечка, па тој мора да помине низ целиот процес повторно од почеток. Стигнува на едно необично место, на колеџот Гриндејл комјунити, каде доаѓаат сите кои не успеале да завршат факултет во вистинското време и на вистинскиот начин. Тргнувајќи со поинаков мотив, тој оформува група за заедничко учење шпански јазик, која станува јадрото на серијата. Во групата има од сè по нешто.
    Community е забавна комедија од типот ситком, па како и другите серии од овој тип, не е за секој. :D
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Еве јас, завршив со Фринџ и скокајќи од една на друга серија дојдов до Комјунити. Екстра лесна, брзо се гледа, добри дијалози и по некоја смешка, во секој случај одлична за тепање време.
    После неколку глупи тинејџ серии што се решив да ги погледнав, ова ми дојде како црешичка. Ептен се навлеков, за еден ден изгледав 22епизоди, а пошто денов уште не завршил, најверојатно бројката ќе се зголеми :)
    Абед е закон и е најдобриот лик во серијава, со Трој ми прават одлично дуо и го носат правиот, паметен хумор. Сите ликови си имаат своја сторија, сите се различни, па има избор за секој да си избере фаворитче.
    Одлична серија за релаксирање, епизодите за секунда леткаат, препорачувам.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На tace73 и Mrs.Cuper им се допаѓа ова.
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Еееее конечно и некој друг ја гледа серијава :D Најзакон серија ми е. Не е како другиве хуморостични комедии, малку поразлична ми е и некогаш се случува да има доста чуден хумор.
    Абед е еден од најдобрите ликови во серијава, најомилен и на мене ми е...

    [​IMG]

    Четврта сезона ќе почне да се прикажува од 19 октомври :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.437
    Допаѓања:
    1.447
    Серијава ја загледав, но си ја оставив за подоцна кога ќе има повеќе епизоди :)

    Поразлична е од останатите. Секој по свое си е будала :D Соберени различни типови на луѓе со различни карактери и години и секој со различна причина за одење и завршување колеџ. Само оваа реченица би требала да биде доволна за гледање на оваа серија :lol:

    Се изненадив кога се појави Jack Black. И после тоа сфаќаш дека гледаш нешто што дефинитивно е поразлично од другите серии ;)

    Инаку, „Community“ се вика заради тоа што колеџот го викаат community college. Секаде има различно значење и различен начин на едукација. Со со оглед на содржината од серијата и овој превод држи место :)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Тотално се навлеков на серијава. На почетокот не ми беше нешто особено смешна, ниту пак ликовите посебно допадливи, ама по едно 5 епизоди ми се приврзаа ликовите за срце. Абед ми е најсимпатичен. Целиот таков чуден. :rofl:
    Џеф ми беше тешко да го сварам, ме нервираше некако уште од The soup, ама ми стана харизматичен понатаму. :)
    [​IMG]
    Си има некој шарм, дефинитивно.

    Annie: It's a serious disorder.
    Pierce: If it's so serious, why don't they call it meningitis? :rofl:
    Има некој суптилен хумор серијава, ама дефинитивно продолжувам со гледање.
     
    На Mrs.Cuper му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    Да, тоа е Џеф. :rofl:
    [​IMG]
    [​IMG]
    Срцка. :inlove:
    На ова рикав од смеење. :rofl:
    [​IMG]
    Епзиодите со пеинтбол, закон и ред и гли ми беа ептен добри.
    Уф, се затрескав ептен во серијава. :emo:
    Ја привршувам третата сезона, ама не сакам да заврши. :(
     
  7. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Реин ептен ми е мило што ти се свиѓа серијава. Интересна е пред се посебна ми е.
    Јас серијава ја гледав лани зимоска, знам сите три сезони тогаш што беа испаднати ги изгледав на една ипол недела и се нервирав после тоа зошто ги изгледав толку бргу.
    Оценката на имдб си е заслужена.
    И не се секирај имаш уште една сезона ти за гледање, јас којзнае до кога ќе чекам да почне 5тата сезона.
    И кога сме кај интересните епизоди и на мене ми се тие омилени, али плус би ја додала и третата епизода од трета сезона Remedial Chaos Theory, и петата епизода од истата сезона Horror Fiction in Seven Spooky Steps.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Па немам веќе, ја изгледав до крај. :wasntme: И сега се осеќам некако напуштено. :(
    Морам да кажам дека втората и третата сезона ми беа врвот. Четвртава некако ми беше послаба, ама и Ден Хармон не бил продуцент, то ест, се сменил тимот, па може и тоа има некакво влијание.
    Петава сезона исто ќе има само тринаесет епизоди, што ми е многу жал, заслужува многу повеќе серијава, ама нормално, глупиве американци на се што е асално му го ставија крајот, само онаа со мајкана може да тера десет сезони. |( :fubar:
    И Трој ќе биде во само пет од епизодите, не знам како Абед ќе го преживее неговото заминување.
     
  9. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Ништо сега барај некоја друга серија за гледање додека не почнале другите серии. Али еве за некоја недела ќе почнат и тие.
    Инаку да втората и третата сезона беа најдобри, четвртава беше малку досадна, али се надевам дека петтава нема да ја усерат и несакам оваа да е последна сезона, си заслужува уште многу сезони.
    Незнаев за Трој дека ќе биде само во пет епизоди, жално за Абед.
    Инаку не те разбирам за која серија мислиш со мајката? :D
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Која? Па How I met your mother нормално. :D
    Немаше во 4тата сезона толку лудории, затоа може беше така подосадна. И не знам како ги споија Трој и Брита, мислам, благе везе немаат, нити пак си одговараат, Башка колку е Брита постара. Мислам дека тоа ич, ама ич не им трбеаше. Паровиве им се сите измешани некако.
     
  11. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Ауу леле извини, од толку серии што пратам заборавив која е која :D
    Инаку да паровите се без врска, мислам Брита си одговара со Џеф, нели и на почетокот на серијава они двајца си флертуваа, а сега Брита со Трој, Алисон со Џеф, фали уште малку Ширли да е со Пирс или Абед :P
    Како и да е серијава пак си е интересна и ќе продолжиме да ја гледаме :)
     
  12. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Јас пред некој ден ја загледав серијава. Првата епизода не ми се допадна нешто посебно, ама реков ај ќе изгледам 3-4 и сега неможам да ја оставам :D Jeff ми е ужасно hotttt :)