Глупости.Тешки. Ај до вецето...Да не ќе те украдат до таму ако одиш сама? Јас не одам никогаш со другарка.Освен ако таа не ми каже,па да се погоди и јас да сакам да одам...Инаку секогаш сама... И да,имаше право некоја девојка погоре,тоа и мене ми е знак на несигурност...
Јас ретко одам во вц со другарка. Кога одам заедно , тоа е најмногу за да и ја придржам ташната, за да си дадеме шминка ако ни треба.... А преферирам сама да одам.
И јас сакам да одам сама до вц. Мислам, и царот оди сам и пешки дотаму, што мајка имаат сите потреба од придружба? Евентуално, ако сакаме нешто да си кажеме со другарка ми на само, а сме со друштво и не ни се дочекува до после, одиме заедно, ама да потрачариме, не дека ни се оди до вц де... Жени
Порано секогаш одев со некоја друграка до вц, дали да пооговараме, да се нашминкаме било што. Сега некако избегнувам, треба да ги прашуваш дали им се оди, па некоја ај за 15мин, друга била, додека отидеш ќе напуниш гаќи Инаку одам некогаш и без потреба, кога сакам да се тргнам од некои па како ајде до вц, или пак да видам што народ има па пак исто ајде до вц! П.с Има една група на фб во врска со темава :http://www.facebook.com/#!/pages/Zasto-u-skoli-po-3-4-devojcice-idu-u-WC-Da-se-ne-sazna-koja-kenjaxD/294692904146?ref=mf
не ми е јасно бе....читам, читам и уште читам и сите пишувате дека не одите во тоалет со другарка и дека тоа е глупаво....а всушност излегувам во кафич, на факултет, во дискотека.....било каде и гледам дека 90% одат со пратња или сите овде што пишаа спаѓаат во тие 10% што се останати или некој тука ја искривува вистината јас си признав одам, не стално ама неможам да кажам воопшто
Одам со другарка кога морам, за да си кажеме нешто или ако не знаеме каде е тоалетот. Доволно сум сигурна за да одам сама. Синока бевме излезени во некоја дискотека и јас си отидов до тоалет и кога се вратив сите каде беше сама? КОга им кажав не ми веруваа, девојки не оделе сами до тоалет или пак помислија дека сум се сретнала со некој тајно хахха Можам да сфатам две другарки кога одат, ама повеќе не ми изгледа убаво.
Па секогаш идам со некој,еве јавно си признавам А сега зошто е така па не знам.Во школо на пример често и машки влегуваат во женско вц па посигурно ми е некој да ми чува стража А и бидејќи сите одат со некој,ако се појавам сама ќе ме гледаат како чудак.Епа ми значи туѓо мислење,не можам против тоа
Па кај ќе ја ставам ташната ако отидам сама???? Се зезам..дефинитивно е за друштво....и кој вика дека се иде во веце за нужда само..зар е настрано ако дојде со мене другарка да си поправам шминка
Мразам кога ќе ме викнат да одам со некоја заедно во ВЦ, исто така и мразам да иди некој со мене и да ме чека додека јас работам , па затоа секогаш одам сама, додуша ретко кога одам некаде настрана од дома во ВЦ, затоа што сум научена само дома да одам и секогаш трпам
Најискрено скоро секогаш идам заедно со другарка во ВЦ. Најчесто кога сме искочени во голема гужва, да има која да ти ја држи ташната, вратата, (да не ти влезе некој случајно- од што јас највеќе се плашам сред нужда некој да влезе ), и малце да се поднашминкаме заедно. А сум заприметила, идат заедно во веце, ќе се нашминкаат , и Ајдеееее слики едно 10тина, и повеќе .. Го силуваат огледалото ! А во школо, идам само да пијам вода, и Често користената фраза ми е "Ајде да пиеме вода" Искачаме до веце, пиеме една голтка,и стоиме пред вецето ( муабети со тие од останатите класови )
Да, ама само кога сум искочена и во гужви и плус знам дека не се заклучува вратата од вецето да не ми улета некој у незгодна позиција
Порано одев без придружба во вц, ама сега гледам секогаш да има некој со мене. Сега ќе ви раскажам една непријатна случка...еднаш бев на излегување надвор од мојот град и со дечко ми бевме седнати во едно така мало ресторанче и немаше гужва. си одам јас во вц, си ја заклучувам вратата најнормално, и таман да излезам кваката ми остана во рака мила мајко!!! што да правам....почнав да туркам, ама не бива, ем без брава, ем заклучена...и што беше најгрдо си го оставив мобилниот на масата и нема како да поѕвонам. Леле умрев од срамови...почнав да тропам по вратата некој да дојде да ми отклучи. Едно време дечко ми приемтил дека ме нема веќе 10 мин, и дојде во вц-то да види што е работава, а јас во паника со сета сила тропам во вратата...леле сега многу ми е смешно ама тогаш ќе умрев од срам...дојде газдата, па не знам некои мајстори...јас повеќе од пола саат дремев во тоа вц-то, жива среќа што беше чисто Така да...за ској случај нека си дојде некој со вас, да избегнете вакви непријатности
Смешно ми е тоа да одам со некого во вц, преферирам сама да одам ако ми се оди а и не практикувам да правам друштво на некого. Добро ако мора тогаш ок. Понекогаш и за да покажам нешто или некого на тој што оди со мене па поради зафрканција, ок. Како и да е ги избегнувам јавните тоалети затоа што никогаш не се чисти и смрдат до бесвест, а да не зборувам за расфрлани употребени улошки по целото вц...катастрофа.
Секогаш одам сама и одбивам кога ме викаат на такви рекреативни,алапачаторски прошетки до тоалет. Рака на срце,не можам да поднесам јавни тоалети,па освен ако не ме пресечат нозе од болки во бубрези ,веќе почнувам да не го слушам соговорникот и се исклучувам од што ми се оди во тоалет,па ќе се натерам да одам. Јас по потреба не можам,а па не да правам некому друштво за да се види во огледало и да проалапачи или да се испразни.Не ќе те држам,оди си сама. Не ги разбирам,тие си знаат.
Ретко одам во Вц надвор од дома. Кога ќе ми рече другарка понекогаш одам со неа, ама само ако и е срам сама да оди, оти навистина мразам кога ќе видам народ насобран пред вецето ,кај смрди па од нив уште толку, и само гледам побргу да испаднеме.
Заедничко одење јас подразбирам некој да те придружува до пред врата и после да си ја извриш потребата сам, без некој да стои над тебе, до тебе.(небаре ќе ми мери колку минути сум на шолја или колку хартија сум потрошила ) Порано одев во Вц нашколо и тогаш единствена причина поради која некоја другарка ме придружуваше беше едноставна, вратите не се затвараа како што треба па требаше некој да ги држи од надвор,плус се полски вециња и немаат кваки па незгодно е ако влезе некој. Сега искрено ќе си кажам не одам нашколо во вц за да извршам нужда од прична што вецињата се така нехигиенски, па нема на измет одозгора да се мочам да фатам некоја инфекција.Затоа пред школо си одам во веце и не ми се оди. На други места си одам сама, глупаво е кај некого дома да терам некој да стои пред врата, небаре ќе ме грабне некој а ? Во нехигиенски вециња не вршам нужда, освен ако потребата е поизразена т.е ако не се трпи морам.
Навистина интересна тема за размислување Како што кажа Лукс, се случувало порано да замолам другарка да ми прави друштво за да внимава да не случајно влезе некој и ме најде во „незгодна“ ситуација Но онаму каде што вецеата се ПРОПИСНИ, односно каде постои клуч, резе или некоја слична направа, одам сама. Што потреба да замарам некого?
Јас секогаш си одам со другарка во wc од неколку причини : прва и најглавна сите врати не се исправни па така да внимава некој да неми влези, второ ке ми ја придржи чантата, трето ке си правиме муабет и ке се смееме пред огледало.
Јас, како самостојна и независна жена, во тоалет одам строго сама Шала настрана, сега голема сум. Во средно знаев чат-пат да отидам со другарки, ама не често. И другарките такви ми се погодија - самостојни и независни
Од машкиве теоријава: Ние сме оделе во вц заедно за кога ќе завршиме едната да и мавнела клоца на другата да се истресе... Една од "попаметните" теории морам да признаам. Јас одам сама во вц, и не ми треба придружба, ептен ако се погодиме за заедно не ми смета, ама не гледам причина некој да тегнам "Ај со мене во вц, аајјјј" и мразам така некоја кога ке ми се запне