Најчесто си зимам другарка да стои пред врата,затоа што ако отидам сама се си мислам дека ќе се заглавам во wc така да другарката секогаш си стои пред врата и му чува стража
абе јас си прокоментирав погоре дека не ми е проблем сама да одам во веце во кафичите и нокните клубови ама викендот јас се облекував кога еден ми се турна внатре без претходно да почука а јас не се заклучив бидејки бравата беше расипана и се збунив а детето уште повеке и излегувам и ми вели добро е не те видов гола абе несалам работа
Ако сме искочени со многу луѓе поинтересно ми е до wc да идам со другарка пошо шуш буш малку да протрачариме, нестрплива сум па до крај да чекам
На излегување најчесто си земам другарка со мене за да ми држи врата или да чува стража како што викате. Сепак се зависи од тоа каде сум и како сум расположена.
Идам и сама и со со другарка во wc од причина да си ја поправиме шминката или ако треба да си чуваме стража, а не за оговарање како прво не сум таков тип, а второ има места кај се прават муабети, wc-то се знае за што служи.
^ Истото важи и за мене...доколку треба да си ја поправаме шмината или да ми држи стража пред врата да не влезе некој или слично. А за оговарање...тоа дома на кафенце на раат се прави, а не набрзинка во wc!
Најчесто одам со другарка за да ми држи врата, да ми чува стража или онака заради друштво, но не ми е ни проблем сама да одам
Јас кога морам во вц (каква и да е причината), секогаш одам сама. И некоја другарка ќе ме праша-каде одиш? - Во вц. -.- - Епа, и јас ќе дојдам. . Privacy, please... -.-
Tемава ме потсети на една случка пред еден месец . Си ја зедов другарка ми со мене за во WC да стои пред врата ..Влегов внатре и не се заклучив бидејќи нема кој да влезе .. едно време туркам - неможам да излезам . Се заглавила вратата !! Ајде прво туркав ама не може бре, ме фати паника ..Другаркава си помисли се зезам прво ама после навистина виде дека неможам да излезам . И сега ајде оди кајпрофесоркава да и кажи оваа се смеела како луда си рекла ја занимаваме дека испрашуваше Дојде и таа, цела група по неа ,абе страмотилуци..за резилНа крајот од заводот дојдоа мајстори па ме отворија некако со судни маки после 45 минути поминати внатре..Сакав преку подот да излезамама валкано беше долу па си почекав..
Јас секогаш одам соло. Мојата теорија за оние што одат во парови е, ако таа што и е зорт „направи“ миризба од која и трепки паѓаат, другата да и биде сведок дека некој пред неа ја направил бељата.
Аааааа без друагрка не бива да не отидам дури некогаш и на свршеникот мој мил напатен од мене му викам „ ој со мене да мочкам„ Па не е интересно коа си седеш сам така осамен , никој не ти дава подршка, мотивација, и коа ке го добиеш тоа убаво чуство на олекнување, да нема со кој да го споделеш Затоа, коа има другарка до мене, со неа, коа сум со сврешенико (нормално само дома, оти ако го одмкнам у неко женско веце ке треба војна да водам со другите цурици...некоја ќе сака да ми го земе аааа не го давам) ... а коа треба да одам сама, одам така жално и само ВЦ шољата ме теше
Темава ме потсети кога бев помала. Во второ одделение учев со 13 девојчиња. На секој одмор заедно одевме во тоалет и таму сите се договаравме која е следната игра што ќе ја играме. Но тоа стануваше досадно и со текот на времето сами одевме во тоалет. Но едно време ни текна нешто и пак почнавме да одиме во групи. А тоа нешто беше Спојлер Повикувавме крвава марија Сега во тоалет одам сама. Што би правеле другите со мене, да ме издржуваат. Па не сум мало дете. Плус, сега скоро сите врати во тоалетите се заклучуваат така да - што ќе ми е стража.
Јас со другарка одам во ВЦ заедно за да ми ја подржи чантата или јас неа,и за да пази да не ми влезе некој
Еден мој братучед пред еден ден ми вика добро што правите вие женските во парови во тоале? ...ама тоа е навика до девојките, јас секогаш одам сама некако глупо ми е со другарки, поинаков тип сум јас ... И да замислете двајца машки како одат во тоалет?
хахаха темава ми притекна на една случка : бевме друштво кај една другарка дома .и во вц бев заедно со мојот другар хахах прв пат да одам во вц со машко
Хаха честа случка низ школите . Ако отидам тоа е само заради прошетка, ај до вц и стигаме до него никој не влага и рикверц назад хахаха. Глупо е малце ееј ај дојди со мене до вц и ќе се соберат 20 девојчиња ќе се набутаат у мало вц и ќе ја чекаат едната да си изврши работа, ова го знам за по школите т.е. кај мене вака е. Јас ни во школо, нигде не викам некој. Демек ќе ми влезе некој ха ха во филм тоа само, ако треба нешто да ми се придржи ќе го оставам каде што можам кај што ми е сигурно или пак ако нема такво место ќе го зеам со мене у пм . МНОГУ се нервирам за таквите девојчиња . Несигурни ни за у вц
Некако не. Одам за да правам друштво на другарка во смисла да и ја подржам ташната, но не за да ја осеќам миризбата од нејзините штотуку испуштени shit. Глупо ми е тоа, ред се редат мале во WC.