Па најчесто во школо кога ќе одам до Вц идам со другарка за да ми ја држи вратата да не влезе некој случајно и ако праша некој дали е зафатено да каже дека е, да не се мачам јас. Шала на страна, за да ми прави друштво - да си се прошетаме малце.
У школо никогаш не одам сама оти вратите не се затвораат убаво. Од кај да знам кој може да ми улета. Ја викам другарка ми да ми чува стража, да се измочам на раат.
Секогаш одам со другарка Поубаво ми е ќе ме чека пред врата ќе ми ја задржи ташната ќе си разговараме и сл.
Или сама или со другарка,зависи.. барем кај нас во школо се заклучуваат вратите и има закачалка за ташната да си ја ставам,барем не се девојчињата хулиганки како машкине и не кршиме ние ..
Се случува ова често. Најчесто за муабет кој не е за пред сите, ако треба да се договориме за нешто или пак да оговараме некој на раат. Женска работа
Штета што адриана си отиде од форумов,имаше не така сјајни моменти но имаше и рационални мислења како ова например Мене исто така ми е глупо некој да ме чека,а и не само тоа некако ми е најмизерно ми е кога ќе видам 2-едната стои пред вратата а другата од другата страна на вратата кака
Одиме по две кога вцето е крш па мора некоја д чува стража. Или ако треба наскришно да си кажеме нешто.
Во школо одам со другарка/и не ради потреба туку муабет прошетка нели...А на друго јавно место не ни одам во вц..
морам стража со мене да водам поради испокршените врати,кваки,клучалки... инаку да влагува внатре нема грешка - ќе издржувам некој?Не.. до душа и одбегнувам да одам во вц низ град кога сме дали во кафич,кафана,ресторан,диско...
Кога ја видов темава се насмеав. Секогаш одам со другарка во Вц и не можев да го одгатнам одговорот на прашањето зошто заедно? Никогаш не сум размислувала за ова, па ваљда заедно одиме кога нешто трачариме, се доверуваме, поправаме шминка или пак да чуваме стража. Мал милион спонтани ситуации за заедничко одење во Вц.
Јас мразам јавни вециња, вециња низ кафичи и ресторани, училишта и ним сличните и практикувам да ги избегнувам колку што можам, ама некогаш кога се погоди моментот и едноставно не може да се издржи - одам сама, заклучувам врата и се молам да не ми заглави, па да припаднам. Ретко одам заедно со другарка, најчесто да припазувам да не несакајќи ѝ упадне некој друг или пак ете на факултет кога на пример имам премногу работи во мене па да ми ги причува додека да завршам.
Јас лично идам до веце со другарка зошто не одам таму за некоја потреба туку за да си ги истегнам нозете. Често ме бараат кога идат во веце за да ги почекам оти страм им било, а јас кога ги барам е за да ми бидат закачалки па ставам од чанти на нив до палта и капче.
Хаха.. па незнам, секогаш одам во вц со другарка и не за некоја потреба, туку онака да и кажам нешто што не е за пред сите или таа мене , за да се прошетаме и така