Често се случувало да одам во WC со другарка, ама таа да ме чека надвор. Навика ми беше. И јас ги имам придружувано моите другарки во WC.
Јас би да мочам сама Инаку, за некои девојки и треба другарка да ги потсети раце да измијат. Барем јас на девојките кои ке ги видам, иако не ги познавам, во вецеа им викам - девојче, рацете да ги измиеш? И после срам им е, и затоа им треба другарка
Додека бев средно одевме во пар или повеќе, но бидејќи во нашето средно не се заклучуваа wc моравме така, во спротивно мораш сама да се пазиш да не ти влета некој манијак. А за излегување ни тогаш ни сега, ако нека има потреба во истиот момент да оди во wc е друго, а да оди некој само за да ми прави друштво не фала можам и сама.
Јас многу ретко одам во вц за вистинската работа,почесто одам да си се прошетам и нормално другарка ми ќе дојде нема ја сама да се шетам Кога одам за вистинската работа она ми служи само да стој пред врата,затоа што у моево школо си отвараат врати не им е гајле дали некој има внатре,а ако се заклучам тешко дека лесно ќе излезам
Како бе тоа одите вц за да се прошетате ? Знам такви типки, кои сакаат да се профрцаат низ кафич, колку да се видени... Јас одам со другарка во вц кога знам дека нема клуч (што засрамота се случува во многу места)..
Silver.E па така ќе прашам дали може да одам до вц,не дека ми се оди туку да се размрдам,прошетам онака до вратата и назад
Е да де...ќе отидеш во некој ресторан и што ќе речеш ајде сите заедно ќе одиме во тоалет. Ќе вршиме нужда и ќе се држиме за раче? Не,јас одам сама во тоалет.Некогаш може некоја пријателка да ми се придружи,но тоа најчество кога одам во некој клуб и сл. Не можам и јас да разберам зошто ние женските одиме заедно во тоалет? Ништо срамно нема тука.Ќе отидеш,ќе си завршиш работа и ќе се вратиш. Ништо никаде не ти бега.
Кога сме излезени повеќе другарки, секогаш една иде со мене незнам зошто некоја навика е тоа. Во училиште па обавезно, несакам сама да шетам натаму наваму, а ниедна не оди сама. Кога сум излезена со дечко ми морам сама, глупо е тој да доаѓа со мене, што ќе помислат луѓето.
Уште од средното испадна таа мода да одат повеќе девојки во ВЦ и никако не можев да разберам.Ај во училиштето вратите сокршени,ама во кафич пак многу ми е глупо,башка кога е гужва и сега секој со другарката ќе си оди и се ќе испадне еден голем хаос.Оди си сама,заврши си работа,врати се.End of story.
Секогаш во придружба.Било кафич, ресторан или било што секогаш одам барем со една фругарка.А на училиште одиме дури повеќе од 5/6. И не знам зошто така, едноставно да помубатиме малу и да се се прошетаме.(и да ми ја држат вратата) хаха
Не знам што е чудно со заедничкото идење во wc. На пример во мојот град,местата каде што излегуваме на пример кафичи,пицерии,ресторани итн вообичаено немаат клуч.И секако некој мора да стое пред врата и да каже зафатено.
Јас одам со мојата другарка(школо) -да пиеме вода -да го намокриме сунѓеот -а најчесто да се прошетаме..
Во училиште одиме да оговараме. Стално се забораваме во вц дури по повеќе од 5 минути. Во кафич исто така одам со една или две другарки. Евентуално одиме заедно за да ја поправиме шминката, врата да ни се држи а и пак да оговараме.
Сама одам. Веќе 20тина години мајка ми не ме придружува и не гледам причина дека треба да доаѓа со мене другарка...веројатно затоа што кога ќе ме викне мене некоја ми се темне. Многу ме мрзи да буткам по гужви, а и да чекам пред вецето по 7654саати додека некои прават фотосесии или што и да е
Сама.Мислам дека бев второ или трето одделение и кај мене дојдоа две дугарки и ајде двете заедно отидоа во вецето.Па дури и јас сакав да влезам со нив Ама,мислам не ми дадоа.Еј,и тоа кај мене!
Во школо во исто веце одиме и машки и женски. Па имаме навика 3/4 девојчиња и тој еден школски го водиме со нас пиеме вода и се враќаме. А еднаш заменик директорот не виде и вика зошто го водите А.. со вас во веце? И еден друг сокласник искоментира силуват го професоре
Не одам во веце на училиште, освен ако не ми е убаво наместено бодито на пример, или треба да сменам влошка, па тогаш водам уште една другарка со мене да ми ја држи вратата бидејќи не се затвораат, катастрофа.. -.- ;.;