Сите песни и ги знам.Има навистина добар глас. Концертот на 28 Мај неможе без мене. Картите се по 1200 денари за на нормално место. И јас како и секогаш,се во последен момент правам. Сега купив карта за 1500 денари (за седење) Во последен момент..ама фала богу најдов !
Си поминав прекрасно. Јака и душа на девојката 3 часа пееше. Со една реченица- Заз ги исполни моите очекувања.Картите ги купив во петокот. Во вип ложата седевме. Едвај најдов. Музиката убава,придружбата многу невообичаена. Немам зборови.Најубаво си поминавме.
Случајно ја видов темава Инаку концертот вчера беше феноменален! Направи многу добра атмосфера, иако поголем дел од публиката не разбираше што зборуваше Ми се допадна што се потрудила да научи и цели реченици на македонски, а и си имаше запишано зборови како Живо, живо или Скокајте на подот на бината Беше многу весело и разиграно, но и романтично и мелахонично... Публиката најмногу живна на je veux, но и успешно ја пратеше на баладите Игравме, пеевме, викавме На два наврати побара помош од публиката за превод. Првиот пат за да ни каже да ги затвориме очите и да си замислиме дека сме на улиците на париз во 30тите години на минатиот век и сме разиграни улични 5-6 годишни дечиња, со многу маки но и радости истовремено Вториот пат за да викаме најсилно што можеме Имаше мнооогу викање Девојката е феноменална и многу талентирана и мислам дека немаше човек вчера во универзална што не прими дел од нејзината позитивна енергија. Одличен концерт! Браво Заз
Да токму така Сите примивме од нејзината позитивна енергија. Ми се допадна кога рече-Сите ние имаме нешто што никој неможе да ни го одземе-Многу сме креативни ! (на македонски)
А оваа Je Veux од неа била. Инаку сега дознав за која станува збор. На патронатот ја играа оваа песна и ми се допаѓа.
Кога прв пат ја слушнав песнава занемев .. не разбирав што пееше, но тоа не пречеше - беше ставена на рипит не знам колку пати. И сега ми текна да видам што значи текстот. Прекрасно нешто. http://www.youtube.com/watch?v=fnpoI2bI4bs
Ja oбожавам девојкава. Преубаво пее и има прекрасни песни. Јас го учам и го сакам францускиот, а со нејзините песни уште повеќе го засакав. Оваа ми е најомилена, а и текстот кој го разбира ќе се согласи со мене дека е прекрасен. http://www.youtube.com/watch?v=Tm88QAI8I5A И оваа ми се допаѓа http://www.youtube.com/watch?v=RUmOeNdLqjI http://www.youtube.com/watch?v=NUh0i7tJpTk И најновата е супер :up: http://www.youtube.com/watch?v=8IjWHBGzsu4
Прекрасна пеачка,прекрасни песни...Инзвреден и специфичен глас (во позитивна смисла) . Едноставно ја обожавам <3
И мене исто, и јас сум и многу благодарна. Благодарение на неа сега ја обожавам Заз, преубави песни има.