1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закинтос (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од VACA, 5 јули 2010.

  1. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Ја создадов групава бидејќи планирам летово да поминам неколку дена на овој прекрасен остров :) :)
    Па ме интересира дали некој бил , какво искуство носи од таму :D

    Приватно сместување може ли да се најде и колку евруфчиња е од човек :) ???
     
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Провери по агенцииве Савана, Нехар, Аурора, Фибула, Игуана, Атлантис..
     
  3. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Falaaa Veri :* ali me interesirase ako nekoj veke bil da mi kaze kako se dvizat cenite tamu ,za prehrana vamu,namu :D a ne planiram da odam preku agencija tuku privatno ,preku agencija e poskapo :P
     
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Јас бев лани во септември и да ти кажам право не поминав баш евтино како што очекував, бидејќи сепак бев вон сезона. Најубаво ќе биде да се снајдеш да дојдеш до продавницата Лидл на почетокот од Лаганас (нормално, зависно од тоа каде си сместена и дали ќе имаш превоз) и таму да се изнакупуваш храна по можност за сите денови. Во овој супермаркет цените се како тука па може и поевтино да се каже. А да купуваш по локалните маркети, тие што ќе ти се најдат во околина, е изгор скапо. На пример лебот го плаќав 2 до 2 и пол евра, млекото евро и пол, овошјето и зеленчукот од евро и пол па нагоре за килограм...За 11 дена за двајца потрошивме околу 450 евра (без аранжманот). Е сега тука спаѓаат и излегувањата, а со едно седнување во ресторан, без 30 евра не поминувавме (исто за 2ца).
    За било што друго ако те интересира, прашај, и све што е во мое знаење ќе ти пренесам и објаснам :)
     
  5. kate-84

    kate-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    14
    Ej super a grupava sakav i jas da idam ova leto:) Me interesira mene drugo, koe mesto e bolje za odmor Lagnas ili Argasi. Imam slusano deka Laganas bilo premnogu ludo so ludi Anglicani koi mnogu dosagale i deka ne bilo bas bezbedno. E sega pak Argasi da ne e premnogu mirno, zaso jas ke idam so drugarki, a mozno e i so decko mi. Isto i plazata kade e podobra? Kolku pari e lezalka , se plaka li vlez u diskoteka, kolku pari se pijackite i kolku e iznajmuvanje na kola ili motorce? Js planiram da potrosam 250-300 evra za eden covek bez arazmanot, dali toa bi mi bilo dovolno. pozz
     
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Боље е во Лаганас...Аргаси е убаво мало местенце, личи на селце, само еден главен пат поминува низ него и речиси да нема плажа во цело место. Има некои вили кои сами си приспособиле квази-плажички колку да не се лежи на трева, ама на тие плажички има г'з место. Лаганас е баш туристичко место, навечер најголемата забава е тука, а во Аргаси и нема баш каде да излезеш, и ептен е мирно, повеќе како за фамилијарен одмор. Што се однесува до Англичаните и јас а и други што биле што ми кажуваа, немавме никакви проблеми со нив. Они се баш онакви си прават забава сами за себе и не чепкаат никого од страна. Што се луди, луди се, прават "егзибиции" по улица, секој ден се маскираат во костими за маскенбал, али барем знаат да се забавуваат. Баш се случи случајно еден пијан британец да ми згазне на нога, пола саат ми се извинуваше. Значи не се воопшто агресивни, а Лаганас е далеку од небезбедно место :) Влезот никаде не се наплаќаше, бидејќи тоа се претежно коктел барови и ноќни клубови, пиво е 3 евра, коктелите се од 3 до 5 евра, за другите пијачки баш и не ми текнува али тука се движат цените горе-доле.
    На плажа секој ден носевме и мобилни и дигитални камери, ги остававме стварите и одевме да се бањаме, и буквално никој не се замара да ти краде нешто. Плажата во Лаганас па и не е нешто за пофалба, чиста е но само во делот кај лежалките е добар песок, од половината надолу кон морето, песокот е влажен. Затоа кога се оди на Закинтос најпаметно е да си изнајмите некое превозно средтсво и да тргнете во обиколка да не ги пропуштите најубавите плажи. Лежалките беа 5 евра, добиваш две лежалки со чадор, а дел од кафичите долж плажата кои даваа лежалки, доволно беше да им бидеш муштерија, значи нарачуваш една пијачка и добиваш гратис лежалка и чадор, поубаво амин! :)
    Што се однесува до изнајмувањето, цените во септември беа многу пониски...на пр. моторче беше 20 евра од ден, кола (цената зависи и од моделот) 30 евра од ден за најмалите модели, квадовите беа 10 евра од ден. Ако изнајмиш на повеќе денови (повеќе од 3) цената ти ја намалуваат. Е сеа во сезона едино што знам дека кола изнајмување е 50 евра од ден. Цената на горивото е поевтино од тука.
    Мислам дека таа сума пари што ќе ја носиш ќе ти биде доволна, но сепак тоа е индивидуално, зависно од тоа колкава трошаџика си, колку планираш да излегуваш и тн.
     
  7. kate-84

    kate-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    14
    Lele fala ti mnogu za ubaviot odgovor. Znaci ti go preporacuvas opsto Laganas i Zakintos kako ostrov? uste nesto me interesira da ne idat premnogu deca posto nie sme nekade 24-25 godini. A da ne si bila slusacajno na Krf i da znaes tamu kako e?
     
  8. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Na mene mnogu mi go ispofalija Laganas na Zakintos, imalo mnogu zabava, mladi, ludnica
    A jas sum bila na Krf, mnogu e ubav ostrov. Glavniot grad e preubav, a ostanatite gradcinja se mali.Nie odevme skoro sekoj den na razlicni plazi, a za navecer neznam kako e ,bidejki bev so roditelite :(
    I na dvata ostrova ima mnogu mladi i ludi od Anglija
    Pozzzz
     
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Не сум била на Крф, но ми кажувале дека се многу слични двата острова со тоа што Закинтос повеќе изобилува со зеленило (така и го викаат-зелениот остров) и со тазе развиен туризам, така да многу е лесно да се снајдеш на него а и домаќините се погостопримливи.
    Што се однесува до возраста, значи има све и свашта. Јас не видов многу премлади особи, сите беа на некоја пристојна возраст од над 20год, кој дошол да се журка, кој да заработи, бидејќи скоро во сите ресторани и кафичи нема да налеташ на грци, туку послугата им е скоро све британци :P
    И дефинитивно Лаганас! За ваша т.е. наша возраст е таман, ќе имате што да правите а да не се досадувате ако отидете во Аргаси или подалеку во Циливи (видов од кај нас има понуди и за ова гратче, но јас не го препорачувам бидејќи е многу подалеку од полуостровот Василикос каде се најубавите плажи кои обавезно мора да ги посетите). Еве ти еден линк кој ќе ти биде многу од корист (верувам и за да се одлучиш) каде што можеш секоја улица на посебно место да ја видиш, исто и секоја плажа на Закинтос и тоа во 3D.
    http://www.justzante.co.uk/laganas.htm
    Плажите барај ги најдолу каде што пишува Zante beach map, па потоа од десна страна ќе ти се појави колона имиња на сите плажи, и секоја плажа поединечно можеш да ја простудираш :)
     
  10. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Закинтос, Грција 2010

    Ова лето 2010-то бевме на одмор во Закинтос, во Каламаки. Ептен беше убаво! И плажата и улиците за шетање .. со сигурност можам да кажам најдобро си поминав овде до сега. Ова место е погодно за семјни луѓе да си отидат цело семејство и да се прошетаат и се .. а за малди луѓе не е баш интересно бидејќи нема дискотеки, клубови, такви некои ресторани .. местенцево е прилагодено за семејства. Ама во другите гратчиња има и клубови и баш луѓето кои што беа во другиот град (забораив како се викаше), кажуваа дека екстра си поминале. За купување, ако не си носиш јадење од дома, не знам што ќе правиш :D . Скапо е во сите продавници. Би ви рекла ако сакате да одите овде на одмор да одите во град каде што има Лид'л маркет, барем ќе помините поефтино, затоа што во сите други маркети е изгор. Ние од овде бевме со организиран превоз, спиење, преку агенција. Патувавме околу 12-13 часа. (Зборувам за од Кавадарци до Закинтос.) 10 часа со автобус, потоа час - два со траект и потоа малку возење со автобус до местото на престој. Вака преку агенција од каде што бевме ние чинеше околу 200 и нешто евра по човек и плус таму колку ќе си потрошиш, нели тоа е индивидуално. Но во услугата имаш вклучено се, хотелот беше супер .. не знам што да додадам, супер беше! :D
     
  11. LadyGodiva

    LadyGodiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Закинтос, Грција 2010


    Мене ми кажувале дека има англичани и други странци, млади претежно кои пиеле алкохол како вода.
    за повозрасни луѓе незнам дали е соодветно но за млади можеби е забавно иначе од слики што сум гледала е навистина убаво и мислам дека вреди да се оди.
    Јас да бидам искрена "киснам" во Грција цело лето ама таму не сум била па и не можам многу да кажам :)
     
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Луѓе има ли нешто продавници за облека на Закинтос? Мислам на овие познативе Зара, Страдивариус, бершка, нешто....???
     
  13. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Нема за жал,само поголемите острови имаат вакви продавници.Јас бев на Закинтос 2009 и тогаш немаше, ако случајно отвориле нека пише некој што видел.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    16
    ^ Немаат некој избор на облека,нешто модерно и сл. Типично туристичко место,со малку заостаната облека,но не дека не се наоѓа нешто интересно :)
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kim-Dash

    Kim-Dash Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    женски годинава се мислам за закинтос или пак некаде на краците ...дечкоми е повеќе за закинтос па сега би сакала да прашам дали за изнајмување моторче бараат меѓународна дозвола или пак може да ја прифатат и старата ? :*
     
  16. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.162
    Пол:
    Женски
    се надевам дека во скоро време ќе го посетам. :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • zakintos1.jpg
      zakintos1.jpg
      Големина на фајлот:
      52,6 KB
      Прегледи:
      428
  17. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    вака девојки, од вас оние што биле, одприлика колку најмалку пари ти требаат за во џеб?
    збориме без смештај :D
     
  18. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    129
    Епа вака...
    Се вратив од Закинтос, поточно Лаганас во средата. Нема да згрешите ако отидете.Многу е убаво, а за ноќен живот да не зборам.Несакав дома да се вратам! Такви журки и такви одлепени луѓе коа ке видам тука ке ви се јавам. Тоа англичаните толку знаат да се забавуваат , да си поминат најјако што можат тоа е чудо некое. :rofl: Овде е тапа, нула за разлика од таму!! ;(
    Кој иде, нема да се зезне. Само нека си изнајми кола или мотор и нека иде по плажите и задолжително да ја посети Porto Limnionas со прекрасна зелена боја на море а плажичката е мала, ама многу мала.
    Исто така, немојте да не одите на крстарење со брод околу островот. Ке идете на втората во свет најубава плажа- Navagio Beach до која се оди само и само со брод!!! Уживајте, нема да згрешите ако отидете :* :D
     
  19. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Преку која агенција беше пошо и јас сакам да идам на закинтос ? :)
     
  20. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Преубаво е! :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Gargamel му/ѝ се допаѓа ова.