1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закинтос (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од VACA, 5 јули 2010.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Порто Зоро и Банана бич се исто убави :)
    Имаше автобуси до некои плажите кога бевме ние, бесплатни беа за натаму, а се враќаш со фискалната од лежалките
    Сега како е , не знам :)
     
    На mynameislove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Јас бев таму лани. Вилата е просечна. За спиење и јадење услови има.. други луксузи не. Ти препорачувам да одиш во Маринос, затоа што ја пофалија другите кои беа со нас во автобус. Башка таму имаше интернет, кај нас не. Предност е само што е многу блиску до плажа..

    Инаку општо Закинтос го препорачувам. Барем еднаш е убаво да се види. Ние бевме почеток на септември кога гужвите беа помали, а и цените многу пониски. Градчето е просечно, преку ден залудно е да се седи по градските плажи. Ние изнајмивме моторче, она на четири тркала што е и добро што се решивме на таков чекор. Буквално во три дена половина остров го прошетавме. Ги видовме сите плажи. И на Navagio се качивме од горниот дел.
    Во врска со јадењето немате потреба од грижи затоа што во Лидл е поевтино и од тука. Ако имате превоз на два пати може да пазарите и да си бидете раат цел одмор.

    Кој има прашање било какво, тука сум на располагање :D:D8)
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lillypad

    lillypad Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Како нема интеренеееееееет? :( Ние веќе резервиравме, плативме нареден петок тргаме
    Ме уништи сега :D
     
    Последна измена: 28 јуни 2016
  4. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Немаше лани, се надевам дека годинава ќе имате :)
    Не е којзнае каков проблем, ама со оглед на тоа што сите сме научени на интернет и не можеме без него, тешко ни беше :) Па одевме по плажи баравме фри интернет, по ресторани и слично :)
    На CherryBay, првата плажа после чаршијата имаше бесплатен интернет, можеше да си земеш и бесплатна лежалка, немаше услов да мораш да нарачаш пиење.
     
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Јаоо големо чудо, немало интернет (facepalm)
    На одмор идете да се одморите и избањате или да поставувате слики на фејсбук? М? :headbang:
    Не ти треба интернет да се пријавиш дома дека си стасал Ок, едно смс: Мамо, тато, стигнавме....За толку роамингот не ве осиромашува.
     
    На realGirl и Annath им се допаѓа ова.
  6. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Додека бев на одмор ни една слика не објавив на фејсбук нити сум тип што прави тоа. Од кога го направив фејсбукот пред три години до сега имам две профилни сменето и ни еден статус објавено. Ми требаше за да се слушам со моите. Ужасно ме нервираат коментари од овој тип. Да, и да ми треба за чекирање и селфи мое право, не знам што паѓате толку во несвес.
     
    На stilas7, blackwave, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. lillypad

    lillypad Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Значи како знаев дека некој вакво нешто ќе пише :D тоа ни е менталитетот
    Како прво не ни имам фб не паѓам во несвест, потребен ми е интернет за сосема друга работа. Фала за советот за што се оди на одмор :D
     
    На senza.parole, stilas7 и blackwave им се допаѓа ова.
  8. lillypad

    lillypad Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Нема и годинава, прашавме во агенција ама имало во баровите :D Фала ти многу
     
    На Dulceee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Девојки ги споредив понудите од повеќето агенции кои го нудат Закинтос и понудата на Нехар травел ми се виде најефтина. Тие ги имаат вилите Гиатрас и вила Занте д’оро па сакав да прашам дали некој бил во некоја од виливе да сподели искуства. Фала однапред. :)
     
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Ни другата година нема да има, како што е скржав газдата, во состојба е да почне да ги наплаќа водата и воздухот:rofl:
     
    На Dulceee му/ѝ се допаѓа ова.
  11. s-u-z-a-n-a

    s-u-z-a-n-a Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира дали е некој бил во вилата Занте д’оро?
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. a.nuska

    a.nuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    65
    Само ди кефалонија има тури или има и за до лефкада?идам на закинтос се мислев помеѓу лефкада и закинтос и ајде закинтос се надевам не погрешив...кој се убави плажи што треба да се посетат?
     
  13. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    8.173
    Пол:
    Женски
    @lillypad ај те молам пиши како си помина (севкупно) :) ..и јас планирам таму преку Савана...
     
  14. lillypad

    lillypad Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Епа вака, Димитрис не беше нешто посебно. Скромни соби, единечни кревети, немаше нет (фаќавме по плажите, Мекдоналдс имаше супер конекција), климата се плаќаше 5 евра од ден, пекол беше навечер одвај се спиеше :D ама бевме средина јули така што би било океј сега :D Оддалечена e 2 минути од плажа и 2 минути од главната улица.

    Савана соработува со српска агенција на островот и супер беа луѓето, водичот се вика Драган и 24/7 е достапен за секакви прашање, многу фин човек.
    Ако сакате да одите на крстарење мој совет е да одите преку Драган (на вилата има табла со сите информации за турите и местата 50 евра, 3 тури), бидејќи со пиратското бротче слушнавме имало многу кражби од сите страни луѓе, а со агенцијава се беа Македонци, Срби или Словени. Вреди да се оди на сите места, посебно Наваџио нели :D Има многу бранови дур се усидри бродот, тоа беше страшно.

    Изнајмивме бротче за 80 евра за 3 часа (4 души бевме) да одиме до Островот на желките и Кери пештерите и ќе изгиневме :D имаше многу бранови и бротчето беше многу слабо, 100 и нешто беше побрзото, буквално мислевме ќе се превртиме сред море :D Желки тешко дека ќе видите, ние на одење од траект видовме една огромна, а тие ветувања за на островот дека ќе видиш се лажги со опашки :D

    Морате да одите на островот Камео :D Пешки се оди некои десетина минути, предобар впечаток ми остави, 5 евра влез со пијачка. Музиче, коктелче и карпи за фрлање во вода :D

    Другооо :^) Ноќниот живот - ептееен јако. Значи журкање секоја вечер до 5 саат. Првите два - три дена одевме од еден во друг клуб, ама не беше секаде убаво. Секако, зависи што музика слушате. Најубаво ни беше во Камиказе и Хот спот, хитчиња пуштаа, 2 - 2 и пол евра коктел, пола евро шат, живо џабе :D Таму си кисневме и од што не запамтија бесплатни пијачки ни даваа шанкерите. :D Имаше еден клуб дали Gym се викаше да не те излажам за имево, само Македонци и Срби имаше, српско пуштаа. Единствено вака што мене не ми се допадна е тоа што се беа се деца под 18 год. Или Срби или Англичани. Баш онака неиживеани, плачат по улица, врескаат, се бутаат по темници, паѓаат, се смејат :D ама ако и ти си потпивнат интересно ти е. :rofl: Тоа што викаа не се оди парови, зависи колку владее љубомората. Ние бевме два пара и сега имаме интересни приказни за кажување :D

    Е сеа за храната, како низ цела Грција, ни скапо ни евтино. Ние многу заштедивме со тоа што си носевме тестенини, конзервирана храна од дома за неколку дена. За лежалка треба да направиш над 5 евра сметка со јадење или пиење, некаде се плаќаше само лежалка.

    Сума сумарон предобро си поминавме, вреди да се отиде еднаш во животот дефинитивно :D Се надевам не одговорив доцна и убав помин :)
     
    На Dust, Dulceee и P.S.love им се допаѓа ова.
  15. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    8.173
    Пол:
    Женски
    @lillypad фала многу за исцрпниот одговор :) и сите информации што ќе ми користат( ако не оваа година:?:,се надевам следната)...не се погодивме со друштвото за одење(n) А, баш ми беше желба за Закинтос...ама здравје, следна прилика...:)
    Мило ми е што си поминавте убаво и се вративте со уште поубави спомени;) Поздрав!
     
    На Dust и lillypad им се допаѓа ова.
  16. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Ние уплативме за 10-ти септември, се надевам нема со јакни да идемe :D мала шала :D
     
  17. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Нема не се секирај, најубав период. Ние лани бевме од 10ти септември и супер беше. Топло, туристи имаше, не беше пусто, а сепак културно, не беа пренатрупани плажите.
     
    На Dust и mynameislove им се допаѓа ова.
  18. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.976
    Пол:
    Женски
    На Закинтос бев летото 2015 година. Островот е прекрасен и таму си поминав незаборавен одмор. Вилата во која бев сместена мислам дека се викаше Маринос во Лаганас, преку туристичката агенција Савана. Немам замерка за сместувањето, собите беа како и секое нормално студио во Грција, постелнините мислам дека ги менуваа еднаш во текот на престојот а чистеа секојдневно. Имаше и интернет а бидејќи вилата беше во една малечка уличка навистина беше мирно и пријатно за спиење навечер. Лаганас е прекрасен, особено за оние кои сакаат да се изнажуркаат максимално. Преполн е со англичани кои се навистина забавни. Плажите се убави, широки и песочни. Водата е доста топла и плитка. На секој чекор има кафулиња, ресторани и продавници во кои може да се најде се и сешто. На едниот крај од градот се наоѓа едно убаво островче Камео кое е поврзано со мост и таму се наоѓа прекрасна мала плажичка. Влезот чини 4 евра. На секој кој ќе се реши да оди на Закинтос топло му препорачувам да си уплати една тура околу островот при што ќе ги види најубавите места како прекрасната плажа Навајо на која се стигнува само со брод, Сините Пештери, ликот на Посејдон.... Оваа тура е целодневна, се поаѓа наутро околу 8 часот а завршува попладне околу 18 часот. Чини околу 20 евра и вклучува и автобуски превоз до пристаништето во градот Занте и назад. Покрај тоа локалните агенции нудат и тури до островот на желките кој се гледа од Лаганас како и разни други прошетки низ островот. Автомобили изнајмуваат на секој чекор а цените им се отприлика по триесетина евра на ден. Најчесто даваат и попусти доколку се изнајмат за повеќе денови. Останатите цени на храната и оние во рестораните се нормални како и на останатите места низ Грција. Се на се имам само најубави спомени од овој одмор и на сите го препорачувам прекрасниот Закинтос.
     
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Читајќи ја Заљубена се потсетив на нашата посета на Закинтос во 2013год, имам пишано на страна 8..

    Да сум сега со овој памет никогаш не би одела на турата околу островот со бродот..
    Имаше тогаш едни тури исклучиво до Navagio одеа, тоа сакам..
    Тие пештерите, едвај 20мин те оставаат да пливаш..
    Ликот на Посејдон, некои вдлабнатини во карпите и се умислиле дека тие се ликот...чист маркетинг, добра стратегија за продажба на аранжмани

    Би идела до Кефалонија наместо околу островов..
    Тие турите за желки, тикви варени желки..
    А Камео па толку камења имаше без место за седење и лежење, што после саат време те убива досада ...

    Сумирано, добро место за млади. Еве ние остаревме, на Закинтос повеќе од 2-3 дена не би издржала:lol:
     
  20. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Најубаво си поминав тука. Ете зошто некои не ја менуваат Грција за ништо. Преубави плажи, водата небесно сина, тоа е Јонско море. Не знам како е на другите места ама овде беше преубаво. Последен остров милина. Бевме во септември средина, ама среќа времето не послужи, сепак ризик е и не би отишла пак толку касно. Секако најубав впечаток.ми остави крстарењето и Неваџо, Порто Азуро (се наоѓа на такво место опкружено со борови, има и глина за ревитализација, после тоа како нови бевме), Банана бич исто ми остави добар впечаток, средено, пристапно, водата прекрасна и ресторанчето. Камео жалам што не отидовме, го оставивме последниот ден и времето баш тој ден врнеше, почна да се расипува времето... битно се сликавме кај мостот и скаличките, успат собиравме и школки :D Имаше уште многу да се види, криво ми е што не рентавме нешто за да го прошетаме цел остров и да ги видиме и другите плажи што ги фалат, не се ни сомневам дека се добри. Битно прекрасно си поминав, би отишла пак, уф копнеам по местово, ми буди носталгија. Не се мислете уч, нема да згрешите ако се одлучите да летувате тука.