Мислам дека држат цени без разлика дали си во сезона или не. Едно од поскапите места во Грција, ама и не е премногу. Вреди во секој случај, преубави места и плажи. Ти препорачувам да ја посетиш плажата Неваџо, има тура со крстарење околу 20 евра ама такво нешто рај на земјата не се гледа секогаш. Потоа Банана бич, автобусот е без пари, се враќаш со сметка од плажата за лежалки или ако јадеш нешто. Порто Азуро е убава плажа има и глина за регенерација се мачкаш по цело телои уживаш. Таму е и Порто Зоро исто добра плажичка. Ми се свиѓа опкружувањето се е зеленило и море. Други плажи Дефне, Ст Николас (мислам така се викаше). Во Лаганас има една интересна плажичка Камео, се плаќа влез 5 евра, минеш по едно интересно дрвено мовче и се качуваш по едни скали. Главниот град Занте вреди да се посети има интересна архитектура. Ти препорачувам смештај во Лаганас и да си изнајмите кола или мотор за да прошетате повеќе места на тој прекрасен остров, а може и цел.
Ние бевме лани и си поминавме повеќе од прекрасно. Островот е прекрасен. Цените се пристојни, јас пак спротивно на членката погоре сметам дека баш е едно од поефтините места во Грција. Ние бевме сместени во Лаганас, градската плажа е многу голема, баровите имаат поставено лежалки и има доста места кај што истите се бесплатни. Ништо не правиш доколку не изнајмиш кола, има толку многу убави места што вреди да се посетат. Мотор не ти препорачувам зашто се многу угорнини кои многу тешко се минуваат. Еве неколку фотки. Porto Limnionas број 1, ми остави најмногу впечаток. Porto Zorro овде на крајот од плажата има лековита глина Xigia или сулфурната плажа. Мириса на расипано јајце, ама по извесно време се навикнуваш на миризбата. Porto Roxa заливче, хит е скокалницата, мажите се изнаскокаа. Agios Nikolaos Добропознатата Navagio има пристап само со брод, има многу агенции кои нудат различни тури за крстосување. Исто така може да појдете до местото од каде што има преубава панорама на Navagio. Kalamaki beach плажата над која слетуваат авиони.
Девојки колку време е пат до таму? Планираме да одиме со кола па после со фери. Колку време ми е со колава и уште колку се возиме со бродот?
дали некој бил во лаганас,асториа студио?И што места препорачувате да се посетат?Досега имам слушнато само за плажата Navagio
Здраво, со другарките сакаме да одиме на Закинтос, но со оглед на тоа дека задоцнивме со закажување слободно место има само во студио Ангелос - Лаганас. Дали некој има некакво искуство од таму?
Јас никогаш не би се сместила во Лаганас. Занте ми е мнооогу подобра опција. Сепак зависи за што одите, каков одмор барате и што сакате да видите
На кое место во Закинтос има блиску плажи до смештајот и како се цените во и вон сезона за тие што биле пред 1,2 год?
Убавите плажи не се блиску до смештајот. Ако сте сметени Лаганас има таму плажи, но обични песочни. Ако одиш Закинтос, а да не ја видиш плажата со бродон џабе сте оделе. Исто така има и прекрасен канал, карпите кај Кери и сите други убави плажи се наоѓаат на диви места кај што нема никаков смештај. Мора да се оди и со кола или да се изнајми ако сакате вистински да го доживеете островот.
Здраво девојки Дали некој бил на Закинтос оваа година? Дали стварно грчки агенции ги нудат истите излети како нашиве агенции, но дупло поевтино? Кои плажи да ги избегнуваме? И дали има и оваа година бесплатен превоз до Банана бич, па после се враќаш со сметка од лежалка? Имам многу прашања но, тргаме во понеделник и страв ми е да не се зезнеме. Фала ви однапред
Секогаш нашите агенции ги продаваат излетите поскапо. Нема никаква потреба да резервирате преку нив. За другото ќе ти одговорат други.. оваа година конкретно не сум била на закинтос.
Dali bil nekoj lani da spodeli kakvi se cenite za iznajmuvanje motor ili avtomobil ? Razmisluvame dali da odime so nas prevoz ilu tamu da iznajmime 3/4 dena motor pa da go prosetame ostrovot...