Одам во недела на Закинтос со друштво и со дечкото, 8 луѓе сме и имаме 18 години. Што мислите за местото? Сте биле ли и дали сте задоволни? Како си поминавте и дали треба на нешто да се внимава? Секоја информација ми значи Фала многу однапред
Закинтос е препрепреубаво место! сум била и многу убаво си поминав! мислам дека нема на што да се внимава освен на пожари знам дека мнооогу каснам со одговоров и дека можеби веќе си вратена.
Јас патував со автобус ова лето до таму и патувавме околу 12 саати со автобус и 2 со траект. Малку е долг патот, инаку други проблеми немавме. Прекрасно си поминавме
Нешто што најмногу ми се допадна таму е лудиот ноќен живот. Не можам да ви опишам како е, тоа мора да се доживее... Преубави журки имаше, мислам дека одморот ќе ми остане засекогаш во сеќавање. А за морето да не зборувам-прекрасно беше!
Dokolku bil nekoj vo vilata Zante o'doro na Laganas, neka spodeli iskustvo. [mod-kirilica:351cdp8q][/mod-kirilica:351cdp8q]
Супер ќе те очекувам кај 12/13ти да кажеш позитивни/негативни критики за вилата и општо за островот.Поздрав4е.
^^ Сите овие места од сликиве ги имам видено Дури и рестоанот со сводот знам каде е Само последнава плажа нешто не ми е позната. Како и да е, преубаво место, но обавезно обезбедете си превозно средство за да можете да ги посетите поубавите плажи, и обавезно одете на една тура околу островот или барем до Shipwreck плажата.
Обавезно..Јас се надевам дека ке биде убаво, па ке видиме..се детално ке ти опишам.Ти од кога заминуваш.Преку агенција 5 уплативте?
За оваа плажа се иде со брод, крстарењето е некои 20тина евра и ве носат околу цел остров, па 2 саати седите на плажава. Друга тура имаш околу 50тина евра со крстарење до Кефалонија. Трета имаш 15тина евра за подводно крстарење (со брод со стаклен под) за да ги гледате желките. 15-18 евра имаш тура за во Аква паркот. Други сега не ми текнуваат. Инаку овие цени ти ги зборам за од Лаганас, ако си во Аргаси не знам дали е исто. Колку повеќе плажи можеш да посетиш толку подобро. Јас барем на лоша не налетав. Дури и во Лаганас плажата ми беше топ, ситен песок, топла вода, мераци
Кога ќе дојдете таму ќе видите на секо ќоше има по некоја туристичка агенција која нуди тури, и немора да ја земате баш таа околу островот што чини 20 евра, има и помали тури, тури само до Шипврек кои коштаат помалце. Мене лично многу ми беше напорна турава околу целиот остров. Неколку саати љуљање во брод, позеленев цела во фацата (ме спасуваа само паузите на неколку плажи). Има и тура до островот на желките (се гледа од брегот на Лаганас) со стаклен под, и наводно многу луѓе виделе желки во морето околу островот. Од плажите посебно ми се допадна плажата ст.Николас и Геракас, а многу е фалена Дафне само што не стигнавме да ја посетиме. Плажата ст. Николас осве што е со убав песок на кој може да се лежи, целата е со лежалки и чадори, а во погорниот дел кај кафичите има лежалки-лулашки во сенка од бамбусови чадори....преубаво е! И ништо не се наплаќаше! Еве едно корисно сајтче кое го најдов уште на времето пред да отидам: http://www.justzante.co.uk/beachmap.asp Од страна вертикално ви се наредени имињата на плажите, а кога ќе гликнете можете да ја видите плажата за цели 360 степени!