1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закинтос (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од VACA, 5 јули 2010.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Баш крстарењето околу островот е нешто што никогаш нема да го заборавам, жално е да се отиде на Закинтос а да не отидеш на крстарење околу островот, стварно има што да се види, на секое место е различна бојата на морето, тие 20тина евра стварно вреди да се дадат за тоа доживување, така што , немојте да си го ускратите ;)
     
  2. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Според мене најубавиот грчки остров, барем од она што имам посетено.
    Не е скап, има фини луѓе, може да налетате на исклучиво ефтин смештај. :!:
    Ние лани цел апартман во вила која што е во склоп на ултра хотел го плаќавме 20 евра. :D
    На приземје бевме па со самото тоа тераса, клима, тв, сите можни апарати и прибор во кујна, постојано топла вода... На располагање ни беше и базенот од хотелот. Жената на газдата имаше свој коктел-бар Joy и пошто ја не искачав од таму :$ , неколку дена и по 15 евра ни ги наплатија и на крај имавме 3 дена гратис. :angel: Ако ви кажам дека цел месец седевме на Закинтос и потрошивме 1000 евра двајца... Во охрид сигурно поскапо ќе ни се фатеше. Ние бевме во сопствена режија и пат (Скопје-Солун-Игументица-Патра-Закинтос) и се. А не бевме нешто штедливи. 2 пати бевме на крстарење, тие целодневните што се, од 9-17, низ целиот остров и секако Shipwreck. Тоа е нешто неверојатно и мора, значи мора ако идете на Закинтос да уплатите тура. Ја искрено ни една желка не видов, делфини колку сакаш, тоа пештерите исто се прекрасни посебно да пливаш во и околу нив, едниот брод ни беше со стаклен под и 50 евра е по човек. Не знам кај сте наоѓале по 20 евра искрено се зачудив, евентуално ако сте биле надвор од сезона, јас зборам за втора половина на јули и прва половина на август беше минимум 50 евра по човек. Може да ви се случи и да не ве спушти на плажата кај бродот ако е ветровито времето, а најчесто тие што работат во агенцииве кај што уплаќате за обиколка по островот се Македонки, па најубаво ви е да се договорите со нив во случај да не ве спуштат на Shipwreck да ви вратат пола сума од парите или уште едно крстарење гратис, зашто повеќето уплаќаат баш за тоа да го видат, а може да се случи да останат без тоа доживување.
    Единствено ми е криво што не бевме на таа турата до Кефалонија, поточно Миртос плажата, затоа што тоа е нешто што не се пропушта едноставно, меѓутоа ние таква понуда не начекавме.
    Гирото беше вообичаена цена 2 евра или 2,20 така нешто, пазете за крепа да не ве заебат. Бидејќи сегде пишува 2 евра, НО они 2 евра ја рачунаат празна. :D После кога ќе ви ја донесат со Нутела или нешто друго по нарачка ќе се фатите за глава кога ќе ви побараат 5 евра за крепа, ама тоа е. Прв пат ќе се заебеш, за друг пат ќе знаеш.
    Исто многу е корисно да се здружите со некој Англичанец, колку од корист, за да можете да изнајмите онакво ко моторче, или слично такво само на 4 тркала. Тоа е 50 евра. Проблемот е што не даваат на никој освен на Англичани не ги изнајмуваат. Тоа многу повеќе ќе ви се исплати отколку да се возите со автобус по островот, карта е околу 2 евра еден правец, и кога ќе видите 2 евра до таму, па до таму, па назад, верувајте не се исплати, плус нема баш некој редовен распоред, може да се деси и да чекаш по саат ипол и да платиш за да стоиш од премногу гужва.
    Водата од чешма мене ми беше шубе да пијам ваљда водена по она дека чешмовача нигде низ Грција не ја бива, ама за кафе, такви работи може, немавме никакви несакани симптоми ни ефекти. :)

    Друго не знам што би ви кажала не ми текнува, меѓутоа бидејќи доста долго ни траеше одморот, запознаена сум со повеќето работи, па ако нешто ве интересира прашајте. ;)
    Кога би требала сега да бирам дестинација за одмор сигурно пак тоа би бил Закинтос, или евентуално Кефалонија која се гледа од Закинтос, како би можела со некоја брод-тура пак да го посетам. :)

    Да се едитирам, ова сега случајно го видов, може да биде корисно за сите оние кои прв пат планираат да го посетат: http://popara.mk/2012/patuvanja/destina ... stinacija/.
    И уште еден совет, никако не ви советувам да бидете сместени во Лаганас, не би издржале.
    Ние бевме Каламаки, ем е помирно, ем плажата е многу почиста и порелаксирана од Лаганас, а пак Лаганас ви е блиску и можете кога сакате да идете до таму, блиску е и центарот и се.
    Ехх Закинтос, Закинтос, што ми направи... :inlove: :)
     

    Прикачени фајлови:

  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    И јас како Kasha бев месец дена во Лаганас.
    Само превозот си го плативме преку агенција, а смештајот го најдовме таму. Поисплатливо е да се изнајми апартман за месец, отколку за 10 дена.
    Ние изнајмиве моторче, супер е за двајца, за навака-натака, за до другите плажи и до Лидл. Имавме купено доста храна од тука, ама многу оставивме, затоа што јадевме и по ресторанчиња. Вода купувавме, задолжително, а со купечка вода правевме и кафе.
    Се на се, и нас ни дојде околу 1000 и нешто евра за двајцата за цел месец, багатала што би рекла јас.

    За повторно одење на Закинтос би размислила, иако дефинитивно не би одела во Лаганас.
    Да се разбереме, јас обожавам да се журкам, да заглавувам до јутра и да сите тие ствари во комплет, ама журкањето во Лаганас е нискобуџетно, да не кажам мизерно, а англичаните се нечисти, како свињи, нападни и одбивни. Плус ако се земе фактот дека се се случува на една улица, а журки речиси нема по плажите, 10 дена се сосема доволни за местово.
     
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Девојки релно колку пари се потребно за да си поминеш онака добар одмор на Закинтос? Она не луксуз али и не ептен мизерно?
     
  5. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59

    Прикачени фајлови:

    • zaki-3.jpg
      zaki-3.jpg
      Големина на фајлот:
      55,5 KB
      Прегледи:
      377
    • zaki-4.jpg
      zaki-4.jpg
      Големина на фајлот:
      45,8 KB
      Прегледи:
      377
    • zaki-1.jpg
      zaki-1.jpg
      Големина на фајлот:
      41,5 KB
      Прегледи:
      377
  6. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Старфиш преку која агенција бевте само за превозот??
    И јас така ко тебе ќе праам, смештајот таму ќе си го најдам, ама за превоз не можам да најдам, се јавив во неколку агенции и ми викаат дека само за превоз се резервирало 2-3 пред идење и тоа ако има слободни места, зашто им отстапуваат места на тие со целосни аранжмани. А јас сакам уште од сега да си резервирам, да ми биде сигурно. :)
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    Епа нема за жал таква опција.
    Само две агенции дозволуваат да се плати само пат без аранжман, и тоа Игуана и Пет. И известуваат за тргањето два дена претходно, доколку има слободни места.
    Само така има кај нас, сега за сега, и малку е лошичко, ама мислам дека не е проблем да се спремиш и по три дена да тргнеш.
     
  8. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    офф :worried: Епа тоа ми е малце несигурно, зашо ја ќе го резервирам по тел смештајот за таму, и ако нема слободни места на тој датум, ќе се за*бам :|
     
  9. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    3.291
    Пол:
    Женски
    Девојки бил ли некој во вилата LEONIDAS во ЛАГАНАС? Може ли да сподели искуство? Убави ли се околните плажи и дали има организиран превоз. :)
     
  10. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    девојки имам многу слушано за журките на англичаните дека претеруваат дека има мнооогу алкохол и дрога ?? вие што сте биле коментар????
     
  11. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Така е во Лаганас. На другите места било помирно, имало Англичани ама претежно средновечни кои не прават такви проблеми. А за Лаганас и моите другарки беа шокирани, затоа што тоа се Англичани од нижа класа кои одат на одмор да се издуваат максимално.
     
  12. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Ние планираме да одиме во Лаганас и ме интерсира за храната како идат целите, дали има ефтини маркети од каде што можеш да си купиш ако ни друго барем грицки и вода ?
     
  13. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Јас ќе одам сега во петок во Лаганас, и искрено малку страв ме фаќа од коментариве за насилноста на англичаните, особено дека ќе одиме сами со дечко ми. Не за друго, ќе треба да се издадам дека сум нинџа. :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Не знам дали има Лидл обично таму е се поефтино, ама сигурно има и помали маркети со ’пристапни’ цени. Викаат дека на островите дека може е за нијанска поефтино од другите места во Грција така да не би требало да се секираш. И еве ти еден совет, кога купувате вода гледајте обавезно на неа да пишува natural mineral water, а никако table water. Може ќе биде малце поскапа за 50 центи на пример по пакет. И секогаш купувајте пакети вода, многу повеќе се исплати. На пример ако шише од литар ипол е 90 центи, цел пакет од 6 шишиња ти е 1, 80.

    Саја, мислам дека не треба да се секираш за тоа. Еве моиве другарки беа пред две години женско друштво па никој од нив не ги закачал или нешто такво, туку урлаат, повраќаат на секаде, се е*аваат низ улици буквално се како пуштени од ланец затоа што такви работи кај нив не смеат очигледно никад да прават, а особено не цела вечер, ама не закачаат никого. Плус на плажа секако нема да ги гледате во голем број затоа што спијат по цел ден :) Исто во Лаганас џумбусот бил на главната улица, а во споредните улички било прилично пријатно за шетање. Среќен пат и убав помин!
     
    На Saya и SOVRSENSTVO им се допаѓа ова.
  15. OhGodWhyMe

    OhGodWhyMe Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Девојки сакам и јас да одам на Закинтос сега во јули.. најдов смештај и превоз преку агенција но ме интересира да ми кажете како се движат цените таму на храна, излегувања и слично :) :)
     
  16. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Прочитајте поназад, Kitten има убаво објаснето.
    И некој друг ако бил, слободно нека сподели искуства околу цените :)
     
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Има Лидл, не многу далеку од Лаганас. Со моторче се стигнува за 10-тина минути.
    А во Лаганас има неколку маркети и продавнички, цените лани беа нешто посакпи од нашите, ама за годинава ни јавија дека се повторно накачени.
    И цените на островите се поскапи за разлика од другите места, и изборот е нешто помал.

    Ако одиш со дечко ти немаш гајле. Англичаните знаат да бидат непријатни, ама тоа е затоа што 90% од времето се начукани или надувани. На женски не прават проблем, ама со машки знаат да се забутаат.
    И во Лаганас нема споредни улици за шетање. Една улица е со сите локали на неа, а споредни има неколку, ама без локали, само со апартмани, а не верувам дека таму ќе се шетате.
     
    На SOVRSENSTVO и Saya им се допаѓа ова.
  18. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    А кое место е најубаво, а и да не е многу скапо?
     
  19. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Јас прво да кажам дека не сум била и ова е од искуства на други и од што сум читала по форуми. За друштво е сепак Лаганас затоа што таму е „проводот“ плус има плажа во самото место. А ако одиш на остров за да го прошеташ и да ја разгледаш природата и сите плажи тогаш Аргаси бидејќи е најблиску до некој полуостров Василикис или нешто така, а таму биле убавите плажи. Ама во Аргаси немало никаква плажа... Исто како помирно и убаво местенце Tsilivi (не знам како се чита) таму имало убава плажа, а исто било поблиску до убавите плажи и на 3-4 киломентри од главниот град Занте. А Лаганас бил скроз на другата страна на островот. Али секако ако одиш за да го видиш самиот остров ти треба скутерче/кола за на раат да си разгледаш. Имало и тури со брод до онаа плажата со бродот, само не треба да тргнувате ако е ветровито бидејќи не оделе до плажата. Исто имало и тура околу целиот остров и траела 6-7 саати и е за оние со јак желудник, или да се напиете онакво апче против мачнини. Има и автобуски превоз до некои плажи, не било нешто многу скапо 2-3 евра во еден правец или поефтино. Али ако сте друштво и планирате да сте сместени во едно место и да не шетате, тогаш сепак Лаганас.
    А инаку за цените мислам дека за храна и слично се горе доле сегде истите.
     
    На SOVRSENSTVO му/ѝ се допаѓа ова.
  20. star1

    star1 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    кај и да одберете само внимавајте на изброт на агенција.
    Никако не уплакајте со агенција ПЕТ . Само што се вратив од закинтос таму може да се истера убав одмор плажата е убава морето плитко за деца поволно но градот е доста бучен навечер и зависи во кој дел сте сместени.
    Но да се вратам на агенцијата која покрај непрофесионалноста мува не ја лази за туристите не прати на пат 800 км со крс автобус во кој седишта не се пуштаат а неработи клима па кога проработи не се гасеше па моравме со салотејп да ја лепиме за да издржиме. не однесоа таму во 9 -10 сабајле а соби после два. ни фоаје ни сенка ни кај да остаиш куфер на сонце на 40 степени.Имаше и деца во групата беше ужас кога почнавме да се караме водичот на групата мртов ладен (кој нели веке си беше сместен и уживаше ) ни рече читајте договор нема смештај пред два а кога луѓето почнаа силно да протестираат ни вика па ја ли ве викнав сами си дојдовте.
    Да не кажувам дека вработените не се во состојба ни една едина информација да ви дадат пред тргање ги прашав дали во вилата има пешкири рекоа не ... уставри мислам ама незнам ама..... ги замолив да прашаат и да ми кажат .
    три пати после тоа одев и пак исто незнам не прашав мислам дека има ама нема....и на крај рекоа сигурно нема акога стигнавме таму имаше.
    На враќање за да не се буни новата група решија нас да не исфрлат порано од собите 2 часа .
    Ја викнавме водичката и и рековме сега вие читајте договор ама таа фино си се клјафтеше и као вети дека ќе среди но сабајлето шок ко партали не исфрлија во 8 часот а на договорот пишува 10 кога ја викнавме госпожата да ја прашаме што направила абе глеа у облаци и превртува очи и као епа добро бе не се инаетете.
    Дојдоа автобусите и за се што имавме никој не не ни сослуша мртви ладни само ни кажаа имате рок од 8 дена да се жалите.
    Епа ако сакате да одите со агенција која ви вика сами си дојдовте не ве викнавме и одморот го завршуваат со гајле ми е иди жалисе слободно уплаќајте у агенција“ ПЕТ“ - ужас и непрофсионалност.