Девојки, ајде ве молам за мала помош. Дали вие што сте биле на Закинтос имате престојувано или го имате посетено Аргаси и какво е вашето мислење за ова место. Плажата, ресторанчиња, продавници и сл.работи. Дали местото е за одмор за млади луѓе? Ми треба ваше искуство што мислите Аргаси или Лаганас Ви благодарам
^ јас не сум била на Закинтос, ама од муабети што сум слушала, Лаганас е повеќе место за млади, има мнгоуу журки, а Аргаси е повеќе семејно место
Лаганас е за млади, има каде да се прошета, многу улици, многу кафичи и ресторанчиња. Аргаси е ептен мало местенце, една уличка, има продавнички но ресторани и кафичи речиси и да нема...Таму е повеќе за фамилијарни луѓе, далеку од бучава. А најлошо е што Аргаси нема плажа! Буквално! Имам гледано слики од некои вили, си имаат импровизирано плажичка со трева и малку песок што донеле. Во Аргаси бев само на поминување, немаше зошто да застануваме таму.
Ако сте за журки Лаганас, ако сте за разгледување на островот тогаш Аргаси, најблиску е до најубавите плажи.
A Мене ме интересира дали на пример можеш со автобусче или комбенца од Лаганас да ги прошеташ и останатите места? Какви се плажите на Лаганас?
Супер се плажите што се на самата улица на Лаганс. Има и една плажа на која се иде пешки, преку плажа, малку по вода, па преку едно мовче, се плаќа влез ама со тоа имаш гратис пијачка. Cameo island се вика ама е стварно рај Таа плажа има ептен убав поглед, т.е кафичот е таков со бели платна и под сенка е дува ветер и водата е многу чиста и ладна, ама затоа е камења. Таа е повеќе за уживање и за завава дека има секоја недела white party и општо секој ден има диџеј и супер забава за преку ден. Има и други плажи малку поодалечени од Лаганас, има автобуси не беше скапо по 3 евра превоз, навака и натака. Ми текнува на Бананa бич мене ептен ми се допадна. Другата беше малку поодалечена Геракас ми се чини се викаше имаше убави кафичи и супер плажа ам се наплаќаат лежалки и доста скапо по кафичите. Ама пејзажите се нешто врв, мислам дека тој одмор пред 2 годни си ги наполнив сите батерии и се изнауживевме, изнашетавме изнажуркавме со во едно. Градчето е исто доста блику и е убавко ние 2 пати бевме се шетавме еднаш фативме дури и парада имаше огномет некој празник им беше. На самата улица на Лаганс има 3-4 агенции што организираат разни активности, и во нив работат Македонци или Срби сигурно, ние 2ца Македонци видовме и они ни кажаа каде стојат автобусите за плажите и колку се плаќа најубаво ќе ви биде таму да си прашате. Луда забава има дефинитивно кафичите до 5 -6 сабајле работат ама и убав одмор може да се истера и без да излегуваш секој секоја ден. Најубаво ми било да си комбинирате и обавезно да одите на крстарење и во аква паркот, тоа за мене не се пропушта. П.С еве ти линк за плажите на Закинтос има слики гледај па одлучете на која да одите на која не http://www.greeka.com/ionian/zakynthos/ ... ctures.htm
Девојки планираме во септември да идеме на Закинтот т.е Лаганас, може ли да ми кажете од прилика колку се лежаллите и дали има место за сами да си постелиме.
Бесплатни се ако земеш пијачка, инаку зависи на која плажа си, ама на повеќето дозволено е и сами да си поставите чадор
^^^Јас сега се вратив од Закинтос и лежалките со се чадор беа бесплатни 99%. Се наплаќаа само на плажата од еден хотел, инаку речиси се беше бесплатно, имаа натписи на табли дека се бесплатни, а земање пијачка е индивидуален избор. Доаѓаа да прашат да не сакате нешто за пиење, ама не е тоа услов за лежалка и чадор. Имаше простор за свој чадор и пешкир, одма од главната улица доле на плажата, тој дел е празен и тука можеше, а и подоле пред Хавана плажата исто видов дека си ставаа пешкири, мислам на секое слободно делче гледав по некој чадор поставен. Инаку за сите што ќе одат, нека не се товарат со храна, навистина е ефтино, секакви порции од комбинација сендвич, пилешки прсти, гиро или парче пица + лименка беа за 2-5 евра, зависи од храната, гирото е од 1.50 во Кинг оф Бургер, до 2 во било која таверна ,2.5 на плажа во тие таверни, сок на плажа 2.5, цеден портокал на плажа 3, кафе на плажа 2-2.5, милкшејкови по 3. Козметики по локалните продавнички со сосем пристојни цени, сецкан леб со 20 парчиња 2.20, чипсови од 1.80 до 4 (зависи од вкусот и големината), лиснати по 1 евро, овошна салата во големо пластично 3.50, благи чоколадни стапчиња во цилиндрична кутија од 1.30 до 3.50 ( за 400 грамско кутивче), краосани 4 во пакет за 1.45, 7 дајс мали краосанчиња во она големото пакување 2 евра, ташни/марами по 3 евра, наочари до 5 евра, шампони по 3 евра, млека за сончање и по 7 евра... Пијачките во диско идеа на промоции, 2 коктела за 5 евра, или 2 коктела + шатови за 5 евра, во маркет вино по 3 евра, вотките по 4 евра, бризерот 2.5 , пиво имаше 24 лименки по 500 мл за 18 евра... Тури за шетање имаше со различни цени, зависи од агенцијата.
Ejj Bravo i blagodaram za komentarov ovaa godina edna poznanicka se vrati od Zakintos bila na Laganas so decko i pa ja prasav vika bilo skapo anglicanite bile odvratni se plakalo vlez vo diskoteki ne mozele za jadenje da kupat od sto eden tost mal bil 5 lezalkite nekade bile 6 evra a na dr plazi od 3 do 5 evra pienjeto bilo skapo i sea demek vo sezona uste poveke gi nakacuvale cenite.... nie sme drustvo i mn ni se ide na zante i bravo sto si pisala ceni za sve se mislime sto da pravime tvojov komentar ni dade nadez deka ne e tolku skapo ko sto vika
хаха каков тост 5евра бе? Тост беше 1ипол-2 евра,100%, го имав сретнато низ мениата, хамбургерот беше околу 2.5-3 огромен, а не па тост, а што се однесува до лежалките можеби биле 6 оние кои се наплаќале, али од толкава плажа каде се лежалки до лежалки изнаредени од разни таверни и барови, и пред кои стои табла на кои пишува free sunbeds, нема шанси да седнете на оние кај се плаќа при толку бесплатни, нели... Цели оброци беа по 5 евра, јадење + сок/пиво, оброк што најадува маж, такада не се заморувај со другаркати, по 100/150 евра ви се доволни од човек за постојано јадење надвор,пиење и сл. А што се однесува до плаќање влез во диско, јас прв пат слушам дека се плаќало влез во Лаганас, а секоја година имам некој познат што оди, такада батали ја информираноста од другаркати, мој совет.
На Лаганас, само бевме приватно, со кола и смештај преку Букинг, и бевме сместени во една споредна уличка од Каламаки улицата.
Епа се вратив од Закинтос пред 1 саат. Се што ве интересира поопширно прашајте ме, јас тука ќе кажам што ми текнува во моментот. Бевме сместени во Лаганас, во вила многу блиску до градската плажа. Водата беше преубавааа, прееетопла и пречиста, само не ми се допадна што е плитко, треба да одиш повеќе за да стигниш во подлабокото. Лаганас -баш тоа што очекуваввв, воопшто не се разочарав, ноќниот живот -ТОП, кој отишол -знае, кој не отишол нема појма што пропушта Влезот во баровите и дискотеките речиси и да не се наплаќа, единствено во Rescue се плаќа 10 евра во недела и среда на paint parties, и во Zeros club на познатата пена парти се плаќа карта 10 евра Англичаните се прееезакон луѓе, мене ми оставија посебен впечаток, и воопшто не е вистина дека се насилни или нападни, они си гледаат само за нив и знаат да се забавуваат како никој друг. Си се собираат огромни друштва од по 30-40 души и си прават егзибициии по улиците и клубовите, секоја вечер различно се облекуваат и маскираат, се цртаат по телата и што ли уште не Насилни не се воопшто, вистина е дека се нонстоп пијани, ама не се ич опасни. Јас позабавни луѓе од нив немам сретнато, а ne верувам ни дека ќе сретнам. Храната во маркетите воглавно е скапа, повеќе се исплаќа да јадите по пицерии каде гирото е 2 евра, пица парче има од 1.50 па нагоре, исто и пијачките не се скапи. На плажа пијаќките не се скапи, имате леден чај за 1.50, кафето е 2 евра, за другите не ми текнува, а со порачана пијачка се добива лежалка Мој совет: немојте да идете на крстарење, според мене е голема глупост, никогаш нема да си ги прежалам тие 18 евра Значи се застанува на 3 плажи, од кои сите три се ИСТИ, а втората плажа е онаа познатата Navigao, ама верувајте не е ништо посебно, на слики е прикажана како нешто неверојатнооо, ама во живо не е ништо посебно, и плус водата е камен ладна Обавезно посетување на Water Land, и тоа е 18 евра, ама таму веќе има вистинска забаваа И тоа е тоа, воглавно кажав се, ако го интересира некој нешто плус нека праша слободно. Зантеееее
Еве јас да прашам, ќе одам сега во вторник.Со колку пари може да се истера одморот во Лаганас се на се (за храна, екскурзии, а не многу одење по кафиќи).Благодарам.