Јас како што го гледав на интернет Water Land ич не сум фасцинирана некако не ми се многу допадна а 18 евра што не е малку, а друго што ме интересира е дали е дозволено внесување на храна во аква паркот или од таму мораш да си купиш?
Дозволено е внесување храна, не прават никаков проблем.За скапо да, скапо е но гарантирам дека нема да зажалиш, посебно ако си обожавател на водени лудории нема да седнеш ни секунда За оние кои сакаат да соберат енергија а не сета да ја потрошат има голем базен со џакузи, дебели сенки за одмарање, добри DJ и подиум за танцување... Прекрасно е кој има можност да оди нека не се мисли воопшто! Спојлер За правилата во базените не треба да се зборува, не се тие Македонски па да мочкате внатре Сигурно знаетено де но да ве потсетам
А колку се коктелите? И претресуваат ли дали носиш пијалоци И за картинг колку се плаќа да не знаеш? Инаку и јас не сум воодушевена од тоа што го видов на нет, т.е некако мал е аквапаркот не нуди мн содржини ама џакузито ептен ми се допадна така да во секој случај би го посетила ако одам таму
Јас сум била во Water Land во Грција но во тој што е близу Солун, а сега прочитав дека зборувате за некој си близу до Закинтос.Извинете не знаев дека и таму има. А овој што е до Солун не се наплаќа паркинг а за коктели тоа не знам, не прашавме бидејки ние си носевме и за јадење и за пиење од дома.За претрес не не претресуваа. Претпоставувам дека и другиот работи на ист начин А и картата иста цена е, Совршенство да не мислеше на тој
За тој на Закинтос мислев ама во секој случај фала сепак за истиот се работи и претпоставувам дека на ист принцип работат и двата
Дали некој бил преку САВАНА агенцијата на Закинтос,зошто ни кажаа да не носиме фрижидерче,не смееме па ни е страв ако носиме да не ни го вратат?!?
Ова е некоја новост. Прв пат слушам за во автобус такво ограничување, ги мерат ли куферите како на аеродром? Бар на аеродром има можност за доплата ако носиш поголема килажа од предвидената. Од друга страна па може и од безбедносни причини за да нема претовареност на автобусот или пак за да има доволно место за багажот на сите патници.. Сигурно и повеќето сакаат да си понесат фрижидерчиња, а и ние носиме стално ама никогаш не ни направиле проблем ниту ни забраниле да земеме во автобус. Некогаш и со нас горе во автобус сме го носеле за да ни биде при рака за ладни пијалоци, а башка и на одење храна што треба да стои во фрижидер сме носеле...
Јас бев во тој во близина на Лаганас. Оддалечен е 13 км од Лаганас. Во водениот парк бевме од 10 и 30 до 16 часот. Личните работи ( торби, паричници) се оставаат во едни шкавчиња. Плаќаш 5 евра, а на враќање ќе ти бидат вратени 2евра. Немаше случај некој да е ограбен или нешто слично. Јас ви препорачувам на сите да одите, ако сте во можност. Еве ви фотограгии
Јас одев со нив за Парга годинава, истиот муабет беше, до 20 кила... И на никого ништо не му вратија, ниту гледаа колку тежи... Не се секирај нема да те вратат...
Има ли начин да се искомбинира сместување и превоз за поефтино од 230 е (колку што гледам дека е во сите агенции-освен Савана каде за некои термини има попуст)? Сакаме да одиме во Лаганас, пребарувам ама не сум нашла поефтино студио од околу 150-160 е по човек а превозот е околу 80е
Прашање до тие што биле на Закинтос, поточно во Лаганас , ме интересира дали има некои автобусчиња или било каков превоз до главниот град , колку чини , и колку е оддалеченоста ?
Да има автобусчиња по 1 евро 1 и 30. Има на утро мислам во 10 часот. Не е многу далеку. Најмногу пола час возење со автобус.
Какво е времето навечер има ли потреба да понесам некое болеро или палтенце ? И како стојат со комарци??
Доволно ти е само една наметка, за нагрнување, во случај да задува. Инаку не е ладно. И обавезно носи си аутан. Има многу комарци.
слушнав дека многу се крадело во Лаганас и сред бел ден па и навечер додека се спиело!!! ако може некој да ми пише дали се има соочено со такво нешто, и колку сефовите поставени во собите се безбедни (дали може да ги оставиш парите внатре и на раат да си одиш на плажа или прошетка)?? читав по многу форуми сега ме фати страв околу крадењето па би сакала совети во врска со чувањето на парите фала ви однапред
Не обрнувај внимание на вакви глупости чисти измислици се ! Ние на плажа одевме и со пари и мобилни, ги остававме во торбата и замиувавме в море или низ плажа, се враќавме по 1 саат, па се си беше на свое место. Како прво, 90% од туристите таму се Англичани, а нив воопшто не ги интересира да земат да крадат од другите, си имаат тие 100 пати поќе пари од нас . И во собата нормално е дека е безбедно, ние парите си ги заклучувавме во сеф, и собата си ја заклучувавме со друг клуч, и двата клучеви си ги носевме со нас, ама макар и клучот од сефот да ти е оставен во соба, а собата ти е заклучена, пак нема шанси некој да влези и да ве укради