имам уште едно прашање дали некој бил во Вила Камбасис (Лаганас), Игуана ја има во понудата http://www.iguana.com.mk/ponuda/39-grci ... 81-laganas ме интересираше дали тие што биле се задоволни и какви се условите внатре (особено каква е состојбата со кујната, дали има решо и сл)???
И јАС планирам да идам преку Игуана , и ме интересира дали некој бил во вила Порта Давио и колку е задоволен од Аргаси ?поздравче феминки...
Во Лаганас има ли Лидл и може ли пешки да се стигне или далеку е , ние би биле сместени на 50 метри од плажа?
Јас бев лани во лаганас, нашите другари ги ограбија, им влегоа во соба додека спиеја, ама заборавија да се заклучат кога си легнаа. и ми беше многу страв после тоа, и стресно некако. затоа мора многу да се внимава. на плажа носевме минимално пари, и секогаш бевме на лежалки, во кафичите. инаку, и јас слушнав дека се крадело, ама да не им се случеше на другариве, немаше да се замарам. како и да е, пак ќе одам убаво е, плажата е блиску и не е скапо убав помин, и не размислувај многу за тоа, секаде може да се случи, позз
има еден кафич "marabou" таму е три евра лежалка и после со тие пари јадеш или пиеш,за мене најдобриот кафич...
Абе фактички лежалката е бесплатна ако си порачаш нешто за јадење или пиење. Ако не порачуваш ништо е 5евра за двајца, значи по две и пол на човек. Ама ми нема логика мене, поарно за две и пол евра ќе си порачам гиро од истите ресторанчиња кадешто има лежалки, и ем јадена, ем со лежалка гратис А инаку го памтам тој marabou кафичот, батето што беше промотер таму не се заборава мх мх...
Ладно ли е во септември или може да се истера нормален одмор со сонце? И дали со недоволно познавање на англиски човек може да преживее?
Не мора да го умееш англискиот јазик ептен, ептен затоа што таму има многу Македонци што работат по продавниците и туристичките агенции што нудат екскурзии.А за сонцето не знам.Се надевам малку помогнав.
Во Закинтос врие од Срби, Македонци не толку, ама пак се наоѓа по некој. Англиски ич не ти е потребен...освен ако сакаш со Англичанчиња да се запознаеш
Претопло е во септември, немаш проблем со сонцето. Закинтос е многу јужно и сезоната им трае од мај до октомври
Moze li da mi kaze nekoj kako e vo septemvri za odmor vo zakintos. Daili i togas ima isto mn anglicani? i dali i cenite se kako vo sezona|
Од Лаганас имаш автобуси до Аргаси, Каламаки и т.н. Banana beach, 2 или 2.5 евра во еден правец беше мислам. А ако си сместена во Лаганас нема потреба да одиш до Аргаси и Каламаки, Лаганас ти е најубаво, а и не е многу големо гратчето, градската плажа ти е блиску без разлика во која вила или хотел ќе се сместите, ќе можите да одите пешки
^ Не се согласувам баш дека е доволно да си останеш 10 дена во Лаганас, и толку, да не видиш ниедна друга плажа. Лаганас е супер за ноќен живот, ама плажата не е ништо посебно во споредба со другите плажи што можат да се посетат на островот, како Banana beach, Ст.Николас, и секако Shipwreck. Без едно крстарење и посета на овие плажи, па би рекла дека џабе си дошла на островов. А да ги посетуваш другите гратчиња во околината не би ти препорачала, нема многу што да се види, плажите се дури полоши од онаа во Лаганас.
Јас кога бев немаше бесплатен превоз, можи сега е сменато. Памтам до Банана беше 2евра, а автобусите беа насабајле, последниот мислам беше кај 11 или 11 и 30. Ја видов и плажата во Аргаси и само ќе кажам дека е далеку полоша од онаа во Лаганас. За на крстарење верувам на секој му е ќеф да појди, ама мене лично не ми се допадна. Пренапорно е, се посетуваат само три плажи од кои сите се прилично слични, на првата и третата се останува 30 минути, а на втората - Shipwreck сат и пол. А за оваа Shipwreck морам да искоментирам. Само мене ова не ми се бендиса ? Значи според тоа што го гледав на интернет пред да заминам на одмор очекував нешто wooooow, а кога стапнав таму бев Водата е ПРЕладна, значи буквално не можеш да останеш во вода подолго од една минута, без притоа да те здоболи стомак. Башка и времето кога се стигнува таму ич не е погодено, баш во најголемите жештини (околу 14 часот) и буквално не знаеш кој крај да го фатиш - дали да се вратиш назад во бродот и едвај да чекаш да помине тој саат и пол или да се ладиш во камен студена вода. И без влечки никако да не стапнувате таму, бидејќи тоа што на сликите изгледа ситна бела песок, во живо се ситни шилести камчиња што ти се пикаат во стапалата. Јас според тоа што успеав да го заприметам, сите кои беа на бродот имаа скисната фаци кога стапнавме на таа плажа. Првите 30тина минути сите чкрапаа наоколку со мобилните и дигиталните, нели, дека во фамозната Shipwreck отишле , остатокот од времето пукнавме од досада. Јас пред да заминам на одмор во Лаганас слушав секакви муабети дека градската плажа била катастрофа, ова она, и затоа кога стигнав баш пријатно се изненадив. Нигде на друго место немам сретнато поефтини лежалки, кои впрочем се бесплатни, само треба да си порачаш нешто за јадење или пиење (исто многу ефтино ), и никаде на друго место не сум се капела во потопла вода од таа во Лаганас. Буквално како од дома под туш, а башка и чиста е. Нешто што најмногу ќе ми фали од таму е ноќниот живот, значи за млади е ТОП, ако сте во план да одите таму ич да не се двоумите, верувам дека супер ќе си поминете. Англичаните и другите млади во Лаганас како што знаат да се забавуваат ние овде можеме само да си сонуваме. Ах Лаганас....
Зошто ти е јавен превоз.Изнајми нешто за 3-4 денови и ке поминиш супер.Ако одиш на островот едноставно за тие 10 дена си организиран. Првите денови да одиш на крстарење она околу целиот остров прекрасно е немам зборови.А за Shipwreck прекрасно нешто, водата не е ладна незнам зошто така пишат може му е ладна нив ,да не останиш само во лаганас тие убавини на островот да ги препуштиш.Ако имаш можност изнајми моторче или кола зависи колку екипа сте, отиди на Banana beach 6 евра за двајца, Gerakas една од најтроските, Tsilivi најубава за мене не ја пропуштај 6 евра за двајца, Cameo island на лаганас 4евра со пијалок од човек ,водниот парк 18 евра карта,Porto Roma, Porto Roxa, значи не пропуштај да ги видиш убавините на островот не останувај на лаганас целиот одмор..