Крстарењето е катастрофа. Цел ден се возиш на брод и застануваш само на три плажи. Водата е најладна во Шипрек, а за градската плажа не можам да кажам лош збор. Водата е претопла, песокта јас како што сакам водена, така да ако имаш намера да трчаш нема да ти се пикне во долните бикини. Сепак тоа со крстарењето зависи од тоа колку очекуваш и колку си возбуден. Јас мислев дека ќе биде нешто ВАО.. а не беше ништо посебно. Другиот ден изнастинав зошто седев најверојатно водена на бродот. Да одам пак попрво би одела на гледање желки од колку на крстарење. А за ноќниот живот, само едно може да се каже НАЈЛУДО, НЕЗАБОРАВНО и МНОГУ ПИЈАНО. Си се забавуваат Англичаните такви се. Ама закон се
Ние изнајмивме и имавме меѓународна возачка дозвола 600 денари е за 3 години, ама таму како што видов ни застануваа ни ништо.Во секој случај добро е да ја имаш за недај боже..ПОЗДРАВ
Здраво девојки ! Оваа година 3 другарки планираме да одиме на 24 Јуни во Закинтос (Лаганас) 10 дена.Па еве конкретно ме интересира дали во тој период е убаво времето,дали има луѓе,колку часа се патува и од прилика колку пари се доволни со оглед на тоа дека не сме некои зависнички од ноќен живот...повеќе би сакале да одиме на некои по познати плажи односно она без што неможе да се помини на Закинтос. И доколку имате нешто плус совет можете да пишите. Би ви била многу благодарна за информациите.
Ние бевме ова лето во Закинтос крај на јули и навистина е преубаво. За времето какво е во јуни не знам со сигурност да ти кажам (имам слушнато дека плажите сеуште биле влажни тогаш, но пак ќе повторам не сум сигурна). Инаку, патувавме околу 13 часа. И ние не излегувавме многу (и онака ечеше од сите страни музика, така да немаше потреба да се излегува хахахах, се шалам). Но, ги видовме сите плажи и повеќето уабвини што го карактеризираат островот. Ние и за тоа појдовме - за шетање и одмор, целта и нам не ни беше ноќниот живот. Се на се нас не фати околу 350евра по човек (при што морам да нагласам дека имавме уплатено порано со попуст). Ако имаш дополнителни пршања слободно прашај.
Кое место го препорачувате на Закинтос за 4 девојки од по 20 години? Сакаме да идеме на Закинтос ама се мислиме помеѓу Лаганас,Агиос Состис,Циливи и Градот Закинтос...работата е во тоа што не знаеме вака кај е најзабавно,каде има најмногу луѓе на наши години,забави до раните утрински часови,забави на плажи итн...забава во секој случај Што би препорачале? Не мора да е еден од горенаведените градови...
Бил ли некој во Вилата Блу Вајви??? Сакаме таму да одиме во септември ама нема баш многу слики да видам какво е
Здраво девојки Јас сакам да прашам дали сте биле преку Колегиум и Рапсоди туристичката агенција? Колку сте задоволни од нив? Сакам преку нив да уплатам аранжман,па да не згрешам Ме чуди што се најефтини од сите.... Друга работа,они нудат сместување во следните вили,па ако била некоја таму,нека сподели искуство: Асториа студија-900 метри од главната улица, Јулија студија-20мин пешачење од плажите и центарот, Вила Gioio Di Mare -на 100метри од плажа,во центарот и хотел Албатрос (кој највеќе ми прави мерак) во центарот на Лаганас, на 300метри од плажа. Јас ќе одам со дечко ми,си планираме храна од тука да носиме а во план ни е и готвење,така што во потрага сме по студио со кујна (и сопствено wc). И трета работа (може ќе ми се смеете) при крстарењето,кога ќе се стигне на плажа,во која длабочина те остава бродот,или си доаѓа до копно? (страв ми е од длабоко)
Девојки, сакаме да одиме во Лаганас па да си прашам колку се одлаечени убавите плажи (ст.Николас и Геракас и другите) од ова место? И колку се наплаќа автобус до поубавите плажи? Искуство со Савана и вилите кои таа ги нуди за Лаганас?
Вака оваа година планираме да идеме со уште 2 другарки на одмор на Закинтос, бидејќи веројатно ќе идеме на почеток на јули би сакала да ве прашам дали тогаш има народ? не сакам нешто најнај гужва да не може лежалка да фатиш и да се разминеш и македонци на секој ќош ама сепак дали е добар ноќниот живот тој период? и која агенција би ми ја препорачале?
Како може бродот да те остави а тебе да ти биде водата до колена, па нели ќе заринка ако претера со доближување до копното Водата каде ќе ве остави е прилично длабока т.е. не можеш да застанеш воопшто на нозе освен на Шипврек, но не се грижи си имаат бродовите елечиња за непливачите
Вилите се горе-долу исти, стандард грчки студиа А во врска со поубавите плажи тие се оддалечени па околку 30 минути (можи и повеќе) со автобус. Автобуси имаш секој ден, застануваат на неколку постојки по главната улица на Лаганас, и се без пари, со тоа што ЗАДОЛЖИТЕЛНО плаќаш лежалка на плажата во износ од 4-5 евра, а тие ти даваат купонче кое на враќање го покажуваш во автобусот и патуваш бе з пари.
И ние идеме преку Колегиум годинава, јас мислев дека се сеуште со Хисар заедно но се одделиле. Како што го разбрав дечкото од агенцијата Хисар претходно биле задолжени само за превозот што значи ако точно ми кажа дека претходните години одморите и сите апсолвенстки ги организирале они.Ова ми влеа малце доверба бидејќи знам дека порано Хисар&Колегиум беа поим за забава. Ние ги одбравме Јулија студијата иако се оддалечени на 20 мин од самата плажа на журките што ги организирале они не зимал автобус од пред самиот објект до плажата. Исто така ми се допадна и фактот што самите тие се прават тури до поубавите плажи,што секако се доплаќа како и сите журки што ги организираат.,но во секој случај плус е 24 часа со тебе да имаш професионален водич и медицински екипи и да не му ја мислиш на ништо. Ја одбравме турата од 27 јули па со повеќе впечатоци се читаме на 9 август
Девојки, сакаме да одиме на Закинтос преку Игуана, во вила Ангелос 2 па секоја информација која ја имате за агенцијата или вилата е добредојдена
Другарка ми лани беше преку Игуана на Закинтос, ама мислам дека беше сместена во другата вила. Ептен се фалеше од Игуана и од Закинтос, па ме убеди и мене за таму. И ние ќе идевме преку Игуана ама немаше место за од 20 јули, па уплативме преку Савана. Од зборење мислам дека нема да зажалиш за Игуана
Како се цените за сместување, храна, по рестораните... и дали може да се најде таму смештај? Колку пари би ни биле потребни за двајца за 10 дена? Не сме одлучиле сеуште каде на одмор оваа година, па доколку можете ве молам споделете искуства. Ако имате некоја понуда да ми пратите би ви била многу благодарна
Оваа година решени сме да го посетиме закинтос баш преку Колегиум ама некако си останавме само 2 другарки па малку ме заплашува фактот со лудите англичани, безбедно ли е да одиме сами?
НАјбезбедно на свет. Не се секирајте, Англичаните се луди ама во позитивна смисла, ништо лошо нема да ви се случи. И јас бев лани со уште една другарка и си поминавме топ. Италијанците се полоша варијанта, понападни се