Јас лани бев на своја режија со дечкото, бевме со сопствен превоз, и не ви препорачувам зошто е скапичко. Најлесно ви е да земете билети само од агенција (Игуана, Савана, Пет- вршат превоз, 80 евра е повратен), зошто со кола е тродупло (патарини, траект за колата...). Смештајот ви е од 15е за 2ца во студио со кујна,вц,тераса- комплет, па нагоре. Има и за 20, 25, 35.. зависи од терминот и од локацијата. Храната е смешна, мои другарки беа сега, и викаат овошјето спакувано во кутија ( скоро 1 кг) цреши, јагоди, праски биле по 1.90, домати 1 кг 1.30е,вино флаша 2е, смирноф 18е, гирото 1.5-2е.-3е ( на плажа и во тие таверни на плажа е по 2 или 3е), комплет оброци со бургери и пијалок по 4е, кока кола 1.5л - 1.90е, чипсови по 2е, на плажа коктели по 2-3е, кафиња и сокови по 2е. Иначе лани кога бев најефтин беше маркетот Такис на сама плажа, под вилата на Игуана Кабасис.
Ај пиши како се викаше вилата кај што бевте сместени и колку плаќавте вие? И каде поточно се наоѓа,дали беше блиску до плажа и до центар?
Дали некој бил во хотелите Аполон или Асторија? Годинава колегиум ги нудат овие два хотела, меѓу другото, па би сакала да слушнам искуства
Ние се вративме од Закинтос вчера сабајле. Бевме преку агенција и доста добро поминавме. Цените па и не беа нешто многу ефтини како што читам тука, гирото во Кинг оф Бургер беше 1.5 евра, а од 2 јуни го покачија на 1.7 евра и впрочем тоа беше најефтиното гиро во цел Лаганас. По другите места беше 2,2 - 3 евра. Чизбургер само бургерчето по 3 евра, а оброк 7 (никаде не најдов за 4 евра како што пишале погоре), овошна салата 3-4 евра, милкшејк 3-4 евра, парче пица 1.5-2 евра зависи со што, ама за ништо не им чинат само тесто е, водата беше од 1.5 евра за 6 шишиња до 1.8, лебот 2.2 евра, сладоледите 1.3-2+ евра, чипсовите од евро и нешто за малечките до 2 и кусур евра за поголемите. Стекот беше 7-8 евра кило, кременадлите мислам 7. Кока кола од 1.5л 1.6 евра а од 2л 1.7 евра (најефтина беше бугарската од 2л во продавничката на главната улица одма кај Кунг оф Бургер.. Доматите од 1.2 до 1.8, праските (оние нектарините) 3 евра, краставиците пола евро една краставица. Виното 3-4 евра, кафе 3 евра, Убав оброк во ресторанче со еден пијалок од 12 евра нагоре, лежалките на плажата во Лаганас од 5 евра за две лежалки без пијалок до 7 евра со 2 пијачки. Би ги препорачала Tasos, Seaside и Horizont. До Банана бич има автобус, секој ден во 11 на кругот кај плажата, се враќа во 4 саат од Банана. Таму 2 лежалки се 6 евра, кока колата мислам 2 евра беше, чизбургер 8.7 евра и тост 3 евра. Тостот топло го препорачувам, ние се зезнавме со чизбургерот. Автобусот кажав дека тргнува за назад во 4, иако беше објавено дека е во 4и30 па нас ни избега и си плативме 30 евра за такси до Лаганас. Крстарењето околу островот е околу 25 евра, ако се собере група од над 10 души ќе ви излезе по 17 евра. Има преубаво пиратско бротче за до Navagio и околу, го препорачувам. Тура по островот е околу 20-25 евра, до Кефалонија е 50 евра. Влезница за Камео островчето е 4 евра од човек и добиваш пивце или некое сокче од тетрапак.. Таму лежалки нема, има маси и мнооогу големи камења во водата, па за непливачи не го препорачувам воопшто. А за на изглед е баш убаво, ама непрактично. Локалниот водич што е таму, задолжена е за Савана и Игуана. Се вика Јелена и по секоја цена ќе гледа да ве подлаже за екскурзии, попусти, дава купончиња и слично. Ни даде едни за гиро во Далас, демек без купонче 3 евра било а со купонче за 2 евра. Како не, грабеж! Алка од Фишбол мислам се викаше, демек нешто попуст 10%, сето тоа се празни муабети. Има автобуси до Каламаки и Занте, 1.6 евра се и до главниот град се доста чести. Има распоред на кругчето кај плажата. Има картички за да се јавувате во МК, од 3, 6 и 10 евра, ама не излегува многу поефтино затоа што кратат од минутите. Ако имате Viber на тел, скоро секаде има интернет и нема да имате мака ни за тоа.. За изнајмување кола, барајте само со полно осигурување, околу 35 евра од ден е за кола, 20тина за моторче Инаку најдобра местоположба на градската плажа има вилата на Пет, Занте оДоро мислам се викаше или така нешто. Но подалеку е малку од главната улица. Ние бевме преку Савана и можеше да биде подобро, ама задоволни бевме и со тоа како што беше..Инаку Ангела, вилата на Савана не ја препорачувам воопшто.. За се што ве интересира, слободно прашајте.
Гледам никој одамна не постирал на темава, сакам да го прашам истото прашање како девојчето над мене. Слушам многу се крадело и по вилите а и по плажите. Ме интересира дали е вистина или само шират дезинформации?
Завчера се вратив од Закинтос, и немав чуено за крадење по плажите (а ги поминавме сите побитни). За вилите не можам да кажам, бидејќи бевме сместени во хотел, каде секако беше многу безбедно.
Јас бев на Закинтос летово, бевме сместени во вила со студија и немаше никакви кражби и на плажа немаше такво нешто, а не ни слушнав дека на некој му се случило тоа
Здраво девојки Јас бев на Закинтос во Јуни, на почетокот првата тура, преку Игуана во вила Камбаси во Лаганас.Тргнавме околу 6 попладне од Скопје, во Килини (мислам дека така се викаше пристаништето) стигнавме околу 7 сабајле и воопшто не чекавме за траектот, некои 10 минути само и после уште саат и пол се возевме до таму,и стигнавме до пристаништето во Занте.Од таму до Лаганас има усте некои 20 минути возење.Вилата Кабасис не е баш како на сликите, составена е од два дела, првиот е баш на плажа и во него на приземје има маркет, а втората е во истиот двор позади.Ама не е лоша, чистат на 3 дена, и менуваат пешкири, за да дојдеш до вилата мораш да одиш по плажата. Од плажата имаше едни мали улички кои водеа кон главните две улици на кои се сите кафиќи, ресторани, продавници.Местото Лаганас е многу убаво, живо е 24 часа,ама плажата не ми се допадна баш, бидејки песокот беше многу мокар.Имаше лежалки, 2 лежалки и гиро или кафе за 5-6 еур. Не беше претерано скапо ама не беше ни евтино.До Банана бич имаше автобус кој возеше бесплатно, таму лежалките беа 5-6 евра за две со чадор ама без пијачки.Бевме и на Сент Николас плажата, исто имаше автобус беше демек беплатен ама таму мораш да платиш лежали или да користиш некој од водените спортови за да можеш да се вратиш назад.Бевме на еднодневно крстарење околу островот, 20 евра по човек.Застанавме на 3 плажи, на Навагио се задржавме 1 саат.Изнајмивме и моторче 15 еур од ден, и супер се прошетавме, бевме до Тсилви, ја баравме ксигија плажата ама се загубивме малце.Времео ни се погоди ептен, преку ден беше топло,и водата беше топла, навечер беше малце посвежо, ама како за почеок на Јуни беше супер.Сите што планираат да одат во Јуни да не се мислат ич,многу е убаво.Ние бевме 9 нокевања и малку ни беа.Со тешко срце си тргнавме за назад.Ако некој се интересира за нешто повеке нека пише.Поздрав!
Многу убаво си поминавме, вчера си дојдовме. Иначе и септември има туристи и луди неизживеани англичани по Лаганас што се пијанчат ..... издрогирани, силувани, расплачани девојки, по гаќи, машки облечени како карневали пијани си барат закачка, секс на плажа и сл..... во многу лошо светло видов се (за ноќниот живот) ! .......Ама плажите се закон ! Освен Навагио би ја спомнала и Xigia caves кога се наога на неколку км северно од Занте (прекрасна плажа мала со бели камења и карпи)...... Во јужниот дел на Закинтос - Marathias beach, нема плажа - само карпи за тие што сакат авантури и фрлање на глава се наоѓа близу гратчето Кери,......Psarou Beach северно од Занте исто така прекрасна мала песочна плажа....... St. Nicolas i Bananna имат автобуски превоз секој пола час..... ама не е несто "WOW" како и сите плажи со многу туристи а јас бидејќи сакам повеке пусти каде нема многу туристи ги издвоив првите 3...плажата во Лаганас е убава, водата е топла и чиста, ние одевме на плажата кај denise hotel.....Во Аргаси само поминавме, убаво местенце ама нема многу за шетање, повеќе е за фамилијарни..Во Занте гллавниот град исто така не е за млади, многу мирно беше, и имаше полно пензионери Цените се многу поефтини од Лефкада Скијатос и Крф...... Топло домашно лепче со сусам за 1 евро.... гиро од 1.80 до 2.20 ..... сокови од 1 евро Амита ..... хот дог за 1 евро ..... и сл.... Бевме со агенција Пет во вила Павлос. Вилата е чиста не е луксузно, нема ни телевизор, ама е убаво местенце за неколку дена престој,до душа се прибиравме само да јадеме и спиеме плажата е на 2-3 мин....а центарот на 6-7 мин .... Мотори рентавме четирицикл за 4 дена 60 евра од Олимпус рент а кар .......Аква парк е 18 евра влезница, убаво е ама не се споредува со аква паркот во Солун или Сончев брег..... немаше многу туристи и неколку тобогани беа затворени..... Крстарење 20 евра Pelargos Tours - myTours не оставија само на Навагио плажата, а на други 2 места се фрлаа од бродот за капење.......Желки не видовме, а кој сака да види има тури кои гарантират дека ке видите "CARETTA CARETTA" за 3 часа до островот Маратониси 13 евра..... и шо е најбитно не се одморивме туку се изморивме од шетање.......
На 2-3 минути до плажата, 7-8 до Лаганас. Океј место, ништо посебно, газдарицата е кучка though, бев лани. Anyway, што понуди има годинава за Закинтос? Некоја понормална цена, блиску до Лаганас?
Супер е Закинтос, многу убави плажи и места има за тоа треба и да се шета цел остров. Само ме нервира тоа што кафиќите до 12 саатот ги затвараа, и после само дискотеките работат. Ептен глупо на туристичко место каде што нема ништо освен туристи да затвараат кафичи. Инаку во Лаганас најубава плажа ми беше Хавана, топ средена и пред две години кога бев знам оти не се плаќаа лежалките. Ако сакаш си пиеш ако не немора. Ова е Хавана
Во вилите и по плажите од мое искуство не ни украдоа ништо, ама никогас неможеш да знаеш, доколку се краде многу по главната улица мали роми и жените што продаваат ружи заедно со нив посебно се крадат мобилни телефони и новчаници