Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закинтос (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од VACA, 5 јули 2010.

  1. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.230
    Допаѓања:
    4.901
    Пол:
    Женски
    Јас бев по втор пат на Закинтос во Август(првата тура) и беше ПЕКОЛ ЖЕШКО!!!Значи по 45 степени беше преку ден, 42 навечер, водата претопла, цените исти ко во Јуни, ама Јуни е закон за тука, Август дефинитивно не, цело време дури ни беше мачно од што бепше претопло. Бевме преку Игуана во Ангелос 2 , вилата не е ништо посебно, Камбасис беше боља.Ние земавме мотор и буквално го прошетавме цел остров, ги посетивме сите места за кои предходно немавме време.
     
  2. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не сум била на Закинтос ама другарка што била ми има раскажувано дека има многу неизживеани туристи. Разврт невиден. Чудно што сите сте задоволни од островов
     
    На NightBreaker му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Неизживеани англичани има таму, тие ја прават сета гужва и секако македонци и срби преполно. Инаку островот треба да се прошета цел и да се види неговата убавина. Има прекрасни плажи убава вода.
     
  4. Ververica

    Ververica Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    78
    Дали некој бил во Порто Давиа вилата во Аргаси? Јас планирам во јуни да идам па споделете некое искуство ако некој бил таму:)
     
  5. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.230
    Допаѓања:
    4.901
    Пол:
    Женски
    Ние бевме во Лаганас ама ја видовме и Порто Давиа, вилата е многу убава ама плажата не е баш нешто.
    Аргаси е мирно место блиску да главниот рад Занте, погодно е за тие кои сакаат помирен одмор, во близина се убавите плажи Банана, Сент Николас, Геракас, Порто Зоро и Порто Азуро.Најдобро да си земете мотор или кола, и може да го прошетате цел остров.Ние земавме скутер и нема место кое не го видовме. До Банана бил и до Ст,Николас има и автобуси кои возат бесплатно ама таму мора да користите лежалки за да ви дадат тикет за вракање.
     
    На Ververica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Jaс бев лани во Порто Давиа, вилата е многу убава, ама ти препорачувам да гледаш накај морето.
    Плажичка има колку пешкирче да ставиш, мала, има и лежалки на самата вила, што ги користевме, иако ретко седевме на таа плажа(плажичка).
    Без моторче искрено вака, ништо не правиш, ние од 9 дена, 8 бевме со моторче, бевме и во Лаганас 2 - 3 пати, ама местото барем во споредба од Аргаси, беше прљаво, лименки и шишиња покрај тротарите. Луѓе под дејство на алкохол си се шетаат онака насекаде. Денски беше мртво. Ама па имаше МкДоналдс, Сабвеј, интересни кафичи/барови. Сепак за мој(наш) вкус - премногу, пребучно.
    Бевме и во Занте, прекрасен град, со историја колку што останала после катастрофалниот земјотрес, сепак има што да се види, и некако друг шмек има, многу ми се свиѓаше шеталиштето, а и делот што е ко чаршија си го викам јас.
    Со моторчето на која плажа и да ни текнеше одевме. Има многу да се види, целиот остров е многу убав. Маста му ја извадивме на моторчето.
    Јас бев со дечкото и затоа и го избрав помирното место, најпрво мислев дека сме ја утнале работата, ама еве сега се мислам дури ми се оди пак на истото место. :)
     
    На Ververica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Таму во близина има една прекрасна плажа Ст. Николас, има да се изнауживате.
     
    На Ververica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ververica

    Ververica Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    78
    Накај море ни гледа собата веќе ми е резервирано и уплатено:) Иначе колку пари го плативте моторчето и за колку дена? И пиши уште нешто интресно ако има да се види...Фала ти однапред:)
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ververica

    Ververica Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    78
    А Ст.Николас колку е одалечена од Аргаси? Се иде пешки?
     
  10. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.230
    Допаѓања:
    4.901
    Пол:
    Женски
    Далеку е за пешки, а и патот не е безбеден за пешачење, има многу кривини, нема тротоар за одење.Натаму има автобуси кои возат бесплатно ама треба да користиш лежалки за да ве вратат назад,Или изнајмете си скутерче или кола па ке можете да го прошетате цел остров.
     
    На Ververica и Elissa им се допаѓа ова.
  11. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Автобуси има до сите плажи и ефтини се ептен.
     
    На Ververica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Моторче земавме за 8 дена, со тоа што 9тиот бевме на турата со брод и 10тиот нели се тргнува накај дома.
    Моторчето ни испадна 80 евра со се бензин, ич не ни троши, ние пројдовме 300км со 7 - 8 евра гориво.
    Има бесплатни мапи големи што ги даваат локалните продавнички, дури мислам и во вилата има, само да побараш, ги пишува сите плажи и можеш буквално да си бираш секој ден различна.
    Нешто што ќе издвојам за посета е градот Занте, кај што стигнува бродот, и тврдината, кафичите исто во Занте на плоштадчето.
    Во Аргаси, сега кога се навраќам не ни шетавме многу, ама најдовме едно кафанче на крајот од улицата најгоре, кај што завршуваат продавничките, од десна страна, беше безобразно евтино и пријатно за седење. Лани имаше фудбал, па таму гледавме, јадевме ко стоки, 4 гира, 4 пива, и едвај ни 10Евра не плаќавме сметка.
    Јас бев на турата со брод, меѓутоа соседите во вилата беа на турата со автобус, беа презадоволни, слики што ни покажаа беа нешто невидено, убавини, плажата Навагио, гледана од горе е нешто незамисливо.
    Се дознаваш таму, не ти треба голема припрема од тука.. Сега веќе не може да ми текне на друго.. освен ако немаш некое конкретно прашање
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Женски ги прочтав сите коментари на темава ама конкретно ме интересира дали има автобуска линија што води до некој од поголемите маркети, конкретно Лидл. Видов дека е на 5-6 километри оддалечен од Лаганас, па сакам да знам дали може со автобус да се оди до таму или мора да се изнајми кола/мотор?
    И дали има интернет по плажите, рестораните и сл?
     
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    173.001
    Пол:
    Женски
    Лидл-от е на патот накај Занте ако уште ме служи меморијава.. Евентуално ако ти застане автобусот што иде за Занте..
    Иако најдобро ти е со кола, да купите се наеднаш и толку..
    Секако е пожелно некој ден да изнајмите кола/мотор, вака две муви со еден удар утепајте:nod:
     
  15. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Тоа е најдобра опција ама слушнав дека не дозволуваат само на еден ден да се изнајми мотор/кола, најмалку за 5-6 дена мора да ги изнајмиш, а реално, не е баш евтино.
     
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    173.001
    Пол:
    Женски
    Парот до нас изнајми на еден ден..со тоа што сабајлето рано ја земаа, возеа цел ден и вечерта ја вратија колата.
    Земајте со целосно осигурување и пазете многу..
     
  17. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Супер штом може така. За пазење да, и мене ми е искрено многу страв, ама за еден ден се надевам ништо нема да биде. Фала ти на информациите :)
     
    На sofijanoka и Dust им се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    173.001
    Пол:
    Женски
    Е сега сите не даваат на еден ден, ама ќе се спогодите. Таму се е ствар на договор, ништо не е фиксно дека така мора да биде. Исто и со цените на екскурзиите, рент а кар и се останато што оди на процент за тие што продаваат. Екскурзијата со бродот секаде за 20-25 евра ја продаваа, најчесто за групи даваа и по 17 евра, а ние за 13 отидовме, па сега рачунај :)
    За страв, нема зошто да ти биде, сите кулираат, не се замараат со ништо. Не се краде освен некои изолирани случаи (секаде се краде, има секогаш по некој случај нели, ама не е изразено на Закинтос воопшто). Насилство нема, ако не си го бараш самиот.
    Тоа што потенцирав да се пазите, се мислеше ако изнајмувате на пример кола или скутер на повеќе дена, пазете каде го оставате. Може да налетате на нездрави (плус пијани) што ги гребат колите и ги крадат скутерите (а имаше верзија дека ги краделе баш тие од рент а кар, колку е вистина не знам). Затоа само со полно осигурување земајте, 2-3 евра плус-минус нека не ве залажуваат ..
    Ако одите на Банана бич, Сент Николас итн пазете на точниот час за враќање, затоа што ние се истегнавме 30 евра за назад.
    Сега кога би одела, за крстарење би го избрала пиратското бродче (без разлика на цена), ептен ми остави впечаток.
    Ако те интересира уште нешто, слободно прашај.
    Убаво да си поминете! :)
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Да да, за пазење на тоа мислев.. да не ја оштетиме не дај боже колата, некој ни ја чукне, изгребе и слично. И јас слушав муабети дека тие од рент а кар ги краделе и ги оштетувале, што е многу логично. За друго не верувам дека би имало проблем. Со дечко ми планираме да одиме, така да не гледам причина зошто би влегле во некој друг проблем.
    Инаку по сите форуми се изначитав искуства. За крстарењето сите предлагаат сами да си најдеме поефтина понуда, затоа што од туристичката агенција земаат процент па нас поскапа ни е картата. Вие на кој начин отидовте за 13 евра?
    Исто ме интересираше за вредните работи. Каде може да ги оставиме за да ни бидат сигурни? Документи, пари.. ? Кога би оделе на плажа сигурно во соба би ги оставиле овие работи, па ме интересира колку се сигурни таму? Сепак сопствениците имаат клучеви.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    173.001
    Пол:
    Женски
    Никогаш ама баш НИКОГАШ немојте да уплаќате кај оние претставниците на агенцијата на островот. Пред две години беше една иста девојка за Савана и Игуана, Јелена мислам се викаше, кај неа сите екскурзии беа дупло поскапи. Ние отидовме неколку души (мини група) и се ценкавме буквално со тие што ги продаваа екскурзиите. Делат флаери навечер кога ќе шетате, нашата агенција т.е организатор од Закинтос каде што уплативме екскурзија беше прилично далеку од плажа, сеа ич не се сеќавам како се викаше. По главната улица може километар имаше, па една уличка десно (втората мислам), од десната страна имаше агенција и преку нив бевме. Супер поминавме, ма да многу мачно ми е некако цел ден да утепаш на брод, плус не успеав да пливам во пештерите, немавме каде да ги оставиме работите што ги носевме со нас (тел, пари, апарат...)
    Во соба слободно ги остававме сите работи и таблети, апарати и се останато..Во принцип никој не се замара со крадење. Ние бевме преку Савана во Димитрис, вилата е близу до плажа ама нема ни ТВ ни ништо..некако ужасна беше, ама газдата нон стоп се вртеше тука и на никого ништо не фалеше.
    За колите/скутерите, ако ти ја изгребат и имаш полно осигурување, не верувам дека ќе ви прават голем проблем, ама ако немате не знам. Затоа ти реков, само со целосно осигурување.
    И јас бев со дечко, иако викаат дека претежно е за со друштво, ама супер си поминавме.
    Ако не планирате многу да одите по плажите со автобуси, нема да е лошо да си носите чадор за сонце со вас, затоа што иако имаше неколку кафичи што даваа да изнајмиш лежалки (3-4 ред) со нарачка на кафе, сок, пиво, ама некои од нив изнајмуваа 5-7 евра само лежалки без пијачки..
     
    На Dulceee му/ѝ се допаѓа ова.