1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закони кои мора да се променат

Дискусија во 'Правни совети' започната од okcenzi, 10 декември 2016.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Изреволтирана од животниве стории на многу феминки, ја отворам темава.
    На сите ни е јасно дека судството е дно, партизирано и неспособно. Ние молчиме зошто нема кој да не слушне или пак дека не сме доволно гласни и сложни.
    Ве молам феминки настрана од политички препукувања, сакам само квалитетна дискусија, со размена на мислења и предлози од ваша страна.
    Знам дека ние не можеме нешто да смениме, но нека овие мислења ги прочитаат и други и да почне да се буди свеста кај сите. Не се вадете на тоа “ ова мене ми се нема случено и не морам да реагирам“, дека можеби еден ден и вас да ве снајде.

    Да не должам многу со воведот ќе започнам од неколку за мене глупи закони кои МОРА да се сменат.


    За поеток закон кој премногу ми е глуп

    1. Закон за поседување оружје
    Јавна тајна, а не е ни тајна, е дека кај нас само криминалците имаат пристап до оружје. Оружје кое можеш и на Бит пазар да си го купиш за 100-200 евра. Каде е логиката да некој криминалец има оружје и во секој момент може да го нападне мојот дом и семејство, а јас немам право на одбрана? Немам право на оружје, а и кога би имала регистрирано, не би смеела да го употребам и покрај опасноста по мојот и животот на семејството. Казните се и по 10 год затвор, што на човека му е подобро да умре отколку да лежи некој криминалец. Кај нас и за самоодбрана се одговара.

    2. Предбрачен договор
    Двајца млади се запознаваат, типот трча по неаа. Се венчаваат и тој работи а таа ринта по дома, чува деца, готви, пере и се останато. Живеат во негова наследена куќа. Тој си најдува нова, ја шутира жената и децата и тие немаат право на ништо. Со предбрачниот договор би било поинаку
    Ке ви постирам мислење од наша членка со кое целосно се согласувам


    Болдот води кон друг закон

    3. Алиментација

    Според законот родителот треба да плаќа 1/3 од плата, алиментација за дете, но во пракса не е така.
    Што му е гајле на детето дали таткото ( ке земам за пример дека најчесто е така) имал кредити за кола ( за да брка млади девојчиња) или за куќа или одмори. Се тоа спаѓа во луксуз.
    Ако родителот зема 30000 плата, детето треба да зема 10000 алиментација. Безразлика на тоа дали родителот имал дополнителни трошоци од горе наведените, кои секако нема да му останат на детето.
    Кај нас најчесто е 3000 ден, а тоа е минимално за оние кои не се вработени и за оние со минимална плата.
    Не може тој да се жали на судијата дека има кредит за кола и за тоа да бара помала алиментација. Нека ја продаде колата или имотот и нека оди под кирија, место да оди со млади цури по одмори и да ги носи по дома, додека другиот родител се мисли што побрзо со тие минимални пари, а секако тоа е најчесто мајката, која е приморана да се врати кај нејзините и да живурка.
    Ретко кој и ја плака и никогаш не мисли на детето, туку секогаш е она “ јас да и давам пари за таа да се дотерува“

    Се вадат и на тоа дека не се вработени, а работат на црно. Како законот ја штити мајката? Никако. Нема агенти или како и да се викаат, кои би го прателе и би докажале дека тој работи на црно. Тогаш да одговара и тој и фирмата итн
    Често пред разводот се пријавуваат на помали примања. Како може тоа може мајката да го докаже? Никако

    И да сака ке требаат куп пари и адвокати или ке треба да ја земе работата во свои раце па ке изиграва детектив. А која мајка има вишок време за ФБИ истраги?


    4. Социјални служби

    Ах колку мајки тие изгорле. Според нивниот читап, детето мора да биде во контакт со двата родители, освен доколку едниот родител сам не се откаже. Како молам? Се разделиле брачниве партнери и копукот го нема со месеци да праша за детето, а не пак да купи пелени или храна или облека. Стигаат на суд а тамо стига писмо од соц, служби дека детето е доделено на мајката, но таткото смее да го гледа секој втор викенд. Ало лудаци! Тој не го сака детето, туку за инат ке го зема за да ја нервира бившата сопруга, а ке го остава со бабата додека тој е по кафани и живи ергенски живот. Што се не прочитав на форумов и што се не видов. Абе на таквите би им ставила забрана за татковство и тоа да платат големи суми оштета за мајката која сите месеции и години се мачела сама.
    Ве молам и погледнете ја емисијата на Код под наслов разводи и шокирајте се.

    5. Поделба на имот по развод

    Е оваа точка ке ви ја оставам само вас. Накратко. створиле заедно, се мачеле, се разведуваат децата одат со мајката, го напуштаат домот и пак се дели на пола. Според мене треба да се дели според бројот на членови во семејството. Ако децата остануваат со мајката, таткото си оди и може да се направи копмензација, па наместо да плака алиментација, делот кој мајката треба да го плати за откуп, да се одбие од алиментација.

    Кај нас маживе јаки фраери.

    6. Докажување татковство
    Двајца во врска, таа останува бремена а тој не го признава детето. ДНК анализа 500-600 евра. Каде да ги најде мајката тие пари? Знаете колку фрки има за да успее една мајка да докаже татковство. Закон има на папир, но реалноста кажува друго.


    7. Издршка на бившиот брачен другар

    Според законот ако мајката е невработена, таткото покрај алиментацијата треба да плака и издршка на мајката додека детето наполни 3 год или додека таа не почне на работа. Во пракса оди вака. Мајката со бебче од 3 месеци се разведува ( не ми текнува на феминката), едвај добива алиментација а судијата и вика дека е работоспособна и не и следува. Како молам? Да не треба таа бебето на 4 месеци да го остави во градинка? Или бебето има 2 год а таа зема алиментација од 3-4000 ден. Најдува работа да речеме во фабрика која работи во 3 смени за плата -минимална. Како таа ке плати дадилка или како ке може да оди на работа? Значи останува да мизерува со тие 3-4000 ден за кои таткото мисли дека и се за дотерување. :x


    Врти- сучи кај нас жената е уништена од секоја страна.

    Друго. Една брачен партнер нема право да извади листа на повици од другиот. Нема право да извади документ од банка за примањата на партнерот. Нема право да извади докумет за смените на партнерот.
    Накратко мој пријател е во брак со жена која работи во смени и тој нема право на ништо од ова.
    Исто така еден брачен партнер смее да си подигне кредит, без потпис од другиот, без разлика дали е 2000 или 20000 евра.
    Лудница.


    Што вие феминки би кажале или додале?

    Имам уште многу закони за кои би сакала да зборуваме на пр
    Како бе циганиве се множат ко глувци. Преска една на тв ја прашуваат за гинеколог во шито оризари, а таа вика 8 деца имам како да преживам. Ало до кога бе ке бидат на терет на државава?


    За закон за семејно насилство и службиве за “помош“ има многу да се пишува
     
    Последна измена: 10 декември 2016
    На glosipgirl, Ana Chio, pixa_982 и 1 друга личност им се допаѓа ова.