Тој закон додуша постои, но објаснувањата за неговото функционирање и примена низ популарната литература за тнр. „позитивно„ размислување се даваат (намерно) во извитоперена форма. Во реалноста тоа е една од мамките на демоните, на која доколку луѓето загризат може да ги доведе до големи страдања. Спојлер Според објаснувањата на таа тема во објавите примени од божествениот свет, Демоните се битија кои сакаат да бидат како Бог, но бидејќи не можат да примаат од Божјиот непресушен извор (тие своеволно се оддалечиле од истиот) тие се обидуваат преку најразлични методи да ја крадат енергијата на луѓето поттикнувајќи ги на духовно-противзаконито мислење и постапување како на пр. разновидни изливи на агресии, војни, генетска манипулација, брутално постапување со животинскиот свет заради исхрана, експерименти, забава и тн. што пак има своја основа во човековиот несреден свет на желби. Бог му дарува на човека она што му е потребно за неговиот духовен развој и она што може да биде искористено за општото добро(вклучувајќи ги тука природата и животните), бидејќи душата за разлика од телото живее вечно. Затоа е кажано преку Божјите пророци уште одамна, тежнејте првин кон царството Небесно! Човек треба да размислува позитивно во смисла да негува здрав оптимизам, да планира и работи врз планот но неговата содржина би требало да биде во склад со Божјите закони (ги наоѓаме во Десетте заповеди и Беседа на Гората) и нивната реализација во молитва да се препушти на Божјата волја а евентуалниот успех како и неуспех да се прифати со благодарност. Што мислите, ако некој постојано си замислува дека има огромна моќ и пари за на крај преку серија привидни случајности стигне на моќни позиции од каде може да господари со светот(или негов дел), од каде би дошло сето тоа? Паднало од универзумот? Или пак некој му го има дотурено она што милиони луѓе во ропски услови го создавале (погледнете ја само текстилната индурстрија низ Азија или земјоделието и рударството во Африка од каде што пристига честопати луксузот). Сетоа тоа подлежи на законот на причина и последица кој гласи „Што човек сее, тоа и ќе жнее!„ а не „што посакува тоа и ќе му се оствари„. Тоа значи дека уживателите на таквите поклони од „универзумот„ еден ден позајмената енергија ќе мораат да ја вратат низ многу страдање и немир во една или повеќе наредни инкарнации, бидејќи нивните желби се темелеле на себичност а демоните кои ги координирале енергиите за нивна реализација не знаат за простување. Можеби како робови, можеби како луѓе со мрачна задача (на пр. како членови на криминални организации или соработници на некакви тајни служби со задача да убијат некого, и тн. и тн.) што пак доведува до натамошна вплетканост во каузалниот закон (законот на причина и последица) поради што повторно ќе им се случи исто или слично како што им приредиле на жртвите. Потоа откако ќе им ја вратат енергијата на демоните, сè уште не се слободни бидејќи допрва треба да добијат простување од оние луѓе кои ги оштетиле при враќањето на услугите кон демоните. Повеќе можете да прочитате во книгите „Јас, јас, јас - Пајак во мрежата„ и „Сами во бракот сами во партернството? Ти не си сам - Бог е со тебе„ од божјата пророчица за денешницата која има увид во невидливите димензии и вистинското дејство на мисловните сили.
Пишувавте чекови до Универзумот? Добивте ли повратен одговор т.е пари во реалноста? Читав на фб и имаше со специјани датуми кога и како се пишува, не ми текнува каде се оставаа после . Мојот одговор р- НЕ! Во ова јас, ни малку не верувам.
И книгиве и самиот сајт се катастрофа. Не ги читајте. Ќе треба да почнам у секоја тема да ја препорачувам "Антихрист" од Фридрих Ниче.
Искрено, мене ми се доста иронични логичниве анализи против њу-ејџ верувањево кои на темава на најдолго и широко ги читам од страна на религиски апологети. Кои на други теми на разни други начини побиваат научни закони (да не речам измислуваат цела нова наука) во корист на христијанството. Што има поголема логика во Божји казни и природни катастрофи поради моралната деградација на луѓето на пример, отколку во ова? Го спомнав тоа и во претходниот пост, да не бидам офтопик и да не испаднам и јас њу-ејџерка, нерелигиозна сум и поентата ми е дека најмногу логика и автентичност во цврсто побивање натприродни верувања гледам кога е од страна на нерелигиозни луѓе (или барем верници кои како што треба ја признаваат и науката). Инаку, колку што може да изгледа смешно верувањето во вакви ствари, уште посмешно е па гледањето некаква ѓаволска работа и опасност во истото од религиозна гледна точка.
Би било фер првин да ги прочиташ книгите па потоа да даваш заклучок дали се катастрофа... но изборот е твој. Правилниот наслов е „Антихристијанинот„. Таа книга и јас ја препорачувам од Nietzche . А Ф.Ниче верувам дека би ти ги препорачал претходно спомнатите книги кога денес би бил жив, бидејќи тие зборуваат (во еден дел) за она кое што и тој зборувал. Обрни внимание дека Ниче во таа книга (Антихристијанинот) и други негови дела, ја критикува инстиуционализираната религија и свештенство кое сака да владее со масите злоупотребувајќи и извитоперувајќи ги Исусовите изјави (книгата всушност ги критикува небулозните интерпретации кои божемниот апостол Павле ги изнесувал, а кој Исуса никогаш не го ни сретнал) а не изворното Христово учење и духовност кое нема ама апсолутно никаква врска со ропскиот менталитет и морал (една од главните теми во делата на Ниче).
Се согласувам со мислењето на @EvAngelos малку погоре. Далеку е ова од слично со закон за гравитација, не пак исто. Точно дека доколку ги насочиме мислите, вниманието кон одредена цел тоа би резултирало со нови идеи за пристап и нејзино остварување што повеќе навлегува во физиологија на нервен систем одошто во тоа дека универзумот се сожалил на нас и решил да ни ја исполни желбата. Не верувам ниту во онаа мисла ако си оптимист и исходот од дадена ситуација ќе биде позитивен. Мислам дека секој зрел човек треба да гледа реалистично на секоја ситуација, земајќи ги во обзир сите можности, но тоа е веќе друга тема. Како и да е, интересно е дека поединци кои астрологијата или хороскопот ги исмеваат, веруваат во вакви космички "закони".
Човекот е нарцисоидно суштество, нормално дека голем дел од популацијата верува дека ако нешто посакува доволно силно, Универзумот кој е толку голем со толку многу галаксии, планети и кој знае што уште не, ќе кова заговор баш на едно човече на една планета да му остварува желбичка. Прашајте ги што мислат околу ова оние девојчиња што на 11 години против нивна волја ги мажат за 40-50 годишни мажи. Прашајте ги оние што денес ништо не јаделе. Прашајте ги оние што се сексуално или физички малтретирани. Сигурно не посакувале доволно силно подобар живот. Самите си се криви, не знаат како да посакаат доволно силно за да им даде универзумот. Секој што верува во ваков "закон" само сака да се осеќа специјално. Не, не сте специјални или попаметни или подуховни од другите луѓе, само во одреден момент или сте издејствувале како што треба или сте се нашле на правото место во правото време.
Не верувам во ова. Сепак, верувам дека ова можи да служи како мотивација, пример посакуваш нешто друго, работиш на тоа ама и веруваш дека Универзумот ќе ти помогни па за да не се мачи многу пробваш да напрајш и ти нешто. Мислам, имаш поткрепа дека навистина ќе ти се исполни тоа кон кое се стремиш и работиш за да ти се исполни. Кога чувстуваш дека имаш поткрепа за нешто кое го правиш - ти се крева и мотивацијата за исполнување на тоа нешто. Ми беше подарена книга на оваа тематика, и ја прочитав, Не можи да ми речите дека ако сакам јас да ослабам, треба само доволно многу да го посакувам тоа, а не да седнам и да вежбам или да одам на диета. Ако го правам второто, тогаш не е до првото ако ослабам. Зошто го користам овој пример е зошто е точен за мене - сакам да ослабам, исто така е споменат во книгата која ја читав. Јас многу сфаќам да се стремиш кон нешто, да го визуелизираш од љубов, за мотивација, да сакаш да ти се исполни ама без да работиш на тоа нешто, ќе се чувствуваш и успешно ако ти се исполни некоја желба за така?
Идеја, која конкретно се однесува на односот меѓу мислата и емоциите на личноста и нивните надворешни услови за живеење. Претпоставката е дека постои законска аналогија меѓу внатрешниот и надворешниот свет. Оваа аналогија се употребува во обид да се направи промена на горе наведените околности во сакана смисла, а преку промена на личниот став кон моменталните околности кои ја опкружуваат личноста. Ова, не е ништо ново. Основата лежи во класичната теозофија и движењето Њу ејџ, кое верува во енергетските полиња и оние сили кои заедно го држат универзумот. Нашата ментална состојба е создадена од хармонични или не хармонични вибрации предизвикани од нашето размислување. И истите се причината и начините со кои ние ги постигнуваме работите. Ова е добро познатата и добро продадена теорија, која нам толку очајно ни треба?! Ами како да не. Токму ова е една од причините зошто серизони науки, теории, научни дискусии, се означени како целосно апсурдни теории. Визуелизација пар екселанс. Еве јас подолго време се обидувам да ја креирам мојата иднина во прекрасна куќа на море, среде импресивна градина, со втор автомобил во гаража. Ама не правам ништо во врска со тоа, бидејќи оваа визуелна моќ ја опфаќа целата вселена. Таа ќе стори нешто за мене. Законот за привлекување не делува, ако не постои закон за акција. Не е доволно само да се праша и да се побара. Овој закон, премногу се потпира на идејата за енергетски полиња и идејата дека треба да побараме нешто за да постигнеме, без разлика дали тоа ќе го побараме од универзумот или некоја друга, поголема или невидлива сила која наводно не опкружува и е поврзана со нас. Тоа не е доволно. Секако, неопходно е да се има позитивен став, но ваквата позитивност треба да биде разумна и логична. Решенијата во нашиот живот, не се појавуваат преку размислувања, желби и надеж. Ние треба да вложиме напор за да го постигнеме нештото. Никако не можам да верувам дека енергијата ќе ни донесе се што сакаме и дека целиот универзум ќе прави заговор за да ни ја исполни нам желбата. Неминовни се стратегии, акции, напори, ресурси, бидејќи секој успех, секоја цел, бара напор, дејствување и делување.
Би сакала да верувам, ама за жал не можам. Колку повеќе размислувам за ова, толку повеќе ми звучи смешно. Нормално дека постојат огромни шанси да го добиеш тоа што ужасно премногу го посакуваш, ама само ако работиш, се трудиш и имаш голема мотивација за нештото кон кое што целиш. Не може само да посакуваш нешто, да седиш по пижами дома и да бараш/молиш на Универзумот за да ти ја исполни желбата. Овој закон повеќе важи и си го почитуваат немотивирни луѓе, што малку повеќе си ги мрзи во животот. Ако функционираше навистина овој закон, ако се исполнува се што премногу посакуваш тогаш јас сега ќе бев милионерка што го поминала цел свет по трет пат...Еднаш со Роналдо, еднаш со Бекам и трет пат со Пит. Ама очигледно не сум. Премногу го посакувам тоа и му барам на Универзумот (прошетка низ светот, а не мора да ги запознам славните личности), па зошто уште не ми се исполнило посакуваното? Зашто очигледно се е во наши раце... треба да се потрудам, да работам и да најдам мотивација. Колку болни луѓе посакуваат да се здрави, колку сиромашни посакуваат корка леб, колку брачни парови посакуваат деца ама ете не се исполнува.
Ако си атеист и не веруваш во постоење на Бог, многу нормално дека и Божјата казна ќе ти биде нелогична. Тоа е исто како на некој што не верува во вонземјани да му зборуваш за конкретни дела на вонземјаните или за начинот на кој се уредени вонземските цивилизации. Тоа е апсурдно и нелогично. Но ако веруваш во Бог, тогаш сосема е логично да постои и Божја казна. Бог е Личност, морално и праведно битие, со сопствена суверена воља и како таков е логично да казнува на Негов начин и во Негово време. Од друга страна, Универзумот не е личност, нема морал, нема воља, нема мисли, логиката дека два емитери на исти фрекфенции се привлекуваат е ненаучна, недокажана ни теоретски, ни експериментално, како и тоа дека мислите привлекуваат ствари. Бог казнува кога што Тој сака и како што Тој сака, но ова се презентира како ЗАКОН кој треба да важи секогаш и секаде, така што може да подлежи на експеримент и теориско објаснување.
Ma ne pali toa eve koga ke gi vidis ovie od FFM oni postojano razmisluvaat da se plasiraat nekade pa nikad ne mozat da go napraat toa. Trud treba trud ostajte vie ova babini bureci haha
Nema vrska ova so go kazues ama da da se nadovrzam. Babami imase sobracanja nezgoda i posle koga izleze od bolnica veli imalo Bog, me spasi. A ja i velam .. ima Bog ama on izgleda saka da te ubie Pa aj da go stavime na test bozjoto postoenje haha FFM e katastrofa i da imase nekojsi lik Bog nemase da im pomogne .. so da praime ?
Јас и верувам и не верувам во овој закон. Сега ќе ви објаснам и зошто. Пример, верувам дека има енергија што постои во секој од нас и дека таа енергија може да биде добра и лоша. Знаете како има некои луѓе што едноставно кога ќе ги видиш, нешто те одбива од нив? Е, па тоа. По природа сум многу интуитивна личност и кога ќе намирисам нешто што ме одбива од некој, бегам колку што можам. Една работа грешно ја сфаќате - не значи дека ако го практикувате оваа њу-ејџ филозофија, дека работите магично ќе ви паднат од небо и дека ќе добиете се' што сакате. Всушност, работата е што кога се практикува овој Закон, добивате идеи или можности или идеи за некакви постапки што (чекор по чекор) ќе ве донесат до тоа што ви следува - а не дека куќата на Бали магично ќе ви се падне. Од друга страна, одбивам да верувам дека јас самата сум си го привлекла сето сра*е што ми се случувало во текот на годините. Нема жива сила што може да ме убеди дека болните се виновни сами што се болни или дека децата во Африка страдаат со причина, или жените на Блискиот Исток итн. Неправда постоела и ќе постои на светот. Но ако за нешто е добар овој т.н. Закон е добар за да ве натера сами да преземете одговорност за вашиот живот, без притоа да се криви мајка ти, татко ти, системот, владата, времето, итн. Откако го направив тој чекор, мене животот лично ми е многу подобар и сум многу поуспешна, а воедно и посмирена. А верувајте, кој ме познава и знае низ што се' поминав, знае дека можам во секое време да обвинам најмалку тројца во секој момент. Мене ми се допаѓа концептот на позитивизам (дека и кога е најлошо треба да си позитивен) и да, се согласувам дека позитивното привлекува позитивно и обратно. Знаете како некогаш ништо не оди како што треба и што повеќе викаш дека ништо не оди, се трупаат работи што не одат? Е, па тоа. Како човек што сака да има контрола врз се' и врз секого, на моменти е добро да се научам да се опуштам (и да отпуштам) и да оставам работите да течат по свој тек. Најчесто, навистина работите се средуваат токму така како што треба да се средат. За медитацијата (или молитвата, кој што сака и верува), јас би ја препорачала на секој, без разлика дали верувате во овој закон или не. Јас можам да кажам дека медитацијата мене ми помага многу во секојдневниот живот. Ми го зголемува времето што издржувам сконцентрирана, ми го подобрува фокусот, а вежбите со дишење ми овозможија да не чувствувам толку голема болка во моменти кога навистина имало присутна болка. (физичка болка) А... да. Мислам дека ако применувате нешто од оваа филозофија не мора да значи дека ќе престанат да ви се случуваат лоши работи. Меѓутоа, ќе ги прифатите како составен дел од животот и нема да можат помали и покрупни проблеми од секојдневието да ве турнат на колена. Затоа што по некое време навистина станува заморно да се нервира човек за глупости. И на крај, дали јас лично го применувам овој закон? Веројатно да, но селективно и така како што мене ми одговара за да се натерам самата себе да станувам подобра, поуспешна, итн. Не верувам дека Универзумот го заболе нешто конкретно за мене ама верувам дека енергијата што ја ширам може (ама и не мора) да ми го направи животот подобар.
Верувам во онаа изрека „какви ти се мислите, таков ти е животот“ и верувам дека начинот на размислување може да го обликува начинот на кој ги перцепираме работите кои ни се случуваат во секојдневието. And that’s about it. Во законот за привлекување не верувам ради повеќе причини. Прво, затоа што не е никаков природен „закон“, особено не како законот на гравитацијата – ниту е научно докажан, ниту може да се провери по каков било експериментален пат, освен со субјективно, лично искуство (инаку ќе го изучувавме по физика заедно со законот за гравитација ). Второ, затоа што дури и ако го занемариме недостатокот од опиплива научна позадина, законов едноставно не прави логика, затоа што „сличностите се привлекуваат“ не е апсолутно правило, ниту во природата, ниту во меѓучовечките односи. Во природата на пример, се привлекуваат спротивности, како електрични полнежи. Во врските и браковите на пример, насилниците не „привлекуваат“ други насилници, туку напротив – привлекуваат жртви, мирни и тивки луѓе. Не викам дека слични луѓе не се привлекуваат меѓу себе, ама бројот на исклучоци е преголем за да ова можеме да го наречеме некакво правило. На светот, секојдневно милијарди желби остануваат неисполнети – од тривијални до оние од суштинско значење – и не ми кажувајте дека нечиј родител починал од терминална болест само затоа што детето немало visual board од плута со слика од родителот со желба за оздравување. Така што, „законот“ за привлекување не држи вода, од која страна и да го погледнеме. Исто така, не би се сложил дека она „секој може да верува во што сака“ е толку безопасно како што звучи. Прво, „законот“ за привлекување и другите њу-ејџ новотарии ги доведуваат луѓето во заблуда – со користење на научни термини за да опишат нешто што нема апсолутно никаква врска со наука, ги наведуваат лаиците да мислат дека истото е докажано со некаков научен метод. А не е. Поими како „фреквенции“, „вибрации“, „резонирање“, „магнетизам“, „привлечност“, „фотонска емисија“ и други се поими кои имаат реално значење, со точни и прецизни научни дефиниции. Њу-ејџ верувањата ги злоупотребуваат истите и им припишуваат произволни (и целосно погрешни) дефиниции, притоа доведувајќи ги луѓето во заблуда за значењето на истите. Второ, секој кој вистински верува во „Посакај што сакаш, Универзумот ќе ти го исполни“ порано или подоцна, ќе биде повреден или разочаран. Затоа што и покрај тоа што њу-ејџ верувањата и мотивациските говорници ни велат дека „Сѐ што ќе посакаш можеш да го оствариш“, тоа едноставно не е така во пракса. Па така, откако животот ќе му зададе удар на верувачот во законот за привлекување, њу-ејџ гуруто ќе му каже „Ехх, сигурно не си верувал доволно или не си посакувал доволно, чим Универзумот не ти го исполнил тоа“. И така, верувачот ќе се чувствува виновен за нешто што всушност било целосно надвор од негова контрола и врз што во никој случај не ни можел да влијае. Во животот се случуваат работи кои едноставно се надвор од наша контрола. Сеедно дали верувате дека позади нив стои Божја промисла, Мајката Природа или тотална случајност, само доколку го прифатите тоа и се фокусирате на она што зависи од вас, можете да имате среќен живот. А доколку верувате дека буквално сѐ што ќе ви се случи зависи од вас и е во ваша моќ да го контролирате, тогаш несомнено, порано или подоцна ќе бидете повредени, разочарани и несреќни.