Верувам!! И еве ситуација на која се чудев.. Имам маче, но ми исчезна и го немаше 5 дена, јас си го сакам најмногу али воопшто некако не бев загрижена ниту пак го барав, па на четвртиот ден си реков "утре сабајле станувам, ја отварам врата и пред врата го гледам мачето" и луѓеее тоа и се случи..аа јас се чудев дури и се расплакав. Имам и други ситуации кои ми се случиле. Затоа сум убедена дека ако со вистинска и силна желба сакаме нешто и силно веруваме во тоа, тоа и ќе го привлечеме и ќе ни се случи.
Според овој закон јас привлекувам само лоши работи. Бев нешто нервозен и да исфрлам негативната енергија отидов да трчам во 4 часот. Кога почна да ме брка едно куче не се откажа од намерата да ме стигне 3 километри трчаше се додека не се умори. А мене срцето во петици и жива вода се сторив. Ако го положам кондициониот тренинг во сабота ќе биде благодарение на бесново куче.
Law of attraction е најдобрата раб што ми се десило. Имам vision board и до сега се се исполнило верувале или не. Ама си ставам слики од реални работи, не барам да бидам кралица. Уште стан мој да се исполни, обично се исполнува не онака како си замислил туку било како но пак е она што ти е на ум.
Еве ѕирни прочитај https://www.applythelawofattraction.com/learn-about-law-attraction-abundance-checks/ пополни си, пробај, ништо не губиш
Јас верувам во она што би рекле нашите браќа срби... ,,Што зрачиш, то привлачиш,, Атеист сум, да си кажам во старт. Не верувам во некои натприродни сили, но верувам во силата на човековата психа, и во упорноста на истата. Овде гледам дека сите примери се дадени за пари...Ако ги барам, ќе ми ги даде универзумот. На такви работи не ни помислувам. Мислам на она што се вика позитивна vs негативна енергија. Верувам дека негативните, црни, тешки луѓе, кои го гледаат само неубавото во тоа околунив, дека токму тоа и си го привлекуваатна своја кожа, и дека токму тоа и ќе го приметат кога ќе им се случи...дека убавите работи нема ни да ги регистрираат. И обратно. Верувам дека луѓето кои ги гледаат убавите работи во нивниот живот, однсно кои ја наоѓаат онаа единствена светла точка во нивното секојдневие, која ги води, дека ќе привлечат уште нешто убаво. Дека ќе нема да го регистрираат неубавото. Друга работа, е компарацијата погоре, со електромагне ч-тни бранови, со радио бранови помеѓу токи вокито и МРТВ. Тука за физика се збори. За наука, да, но за чиста физика. И збориме за ,,мртви,, сили, кои би се привлекле или не. Јас зборам за ,,живите,, сили, за живата енергија која ја зрачиме. За живата сила, која ја рефлектираме. Како инаку би ја објасниле ,,хемијата,, која се развива помеѓу одредени луѓе? Тоа можеби е биологија, хормони, но сепак постои како жива сила...некој те привлекува, некој не. Да сумирам...Верувам во законов
Концептот врз кој се базира законот за привлекување воопшто не е рационален и манифестира нелогичко поврзување помеѓу двете аспекти - менталниот свет (желбите и потребите на луѓето) и надворешниот свет (фокусирано на универзумот, што нема директна поврзаност со околностите кои настануваат на планетата Земја). Со други зборови, претпоставка дека одреден закон кој се дефинира како природен, ги поврзува надворешниот свет со внатрешниот свет, а причината или главната цел на таа поврзаност е привремената благосостојба на менталниот аспект на одредена форма на живот базирана врз јаглерод која се развила на одредена планета за која никој друг не ни знае дека постои во универзумот. Менталниот свет кој ги означува различните желби и потреби на човекот, немаат гаранција дека истите ќе се остварат, односно околностите кои целосно не зависат или зависат од човекот, ја предвидуваат веројатноста тие да останат нереализирани фантазии, делумно исполнети или целосно исполнети. Секое дејствување или недејствување на човекот си има одредена последица во надворешниот свет, гледано во склоп на околината во која живее, и истите тие последици најчесто ги трпи самиот, но од одредени други лица (и ова се всушност тие околности кои не зависат од човекот во прашање). Ако човекот не презема акција, труд и напор за да оствари нешто што го сака, многу е голема веројатноста дека истата таа желба или потреба воопшто нема ни да се оствари. Но дури и кога човекот презема одредени дејствија, тоа не обезбедува успех во одредени ситуации. Бидејќи кога се би зависело само од човекот, тогаш сите негови потреби би се исполните, но очигледен факт е дека тој не е единствениот кој живее на оваа планета, и не сите нешта и одлуки зависат од него. Секако, постојат и други околности кои не зависат од нас и токму тие околности одлучуваат за крајниот резултат. Од другата страна, универзумот се дефинира како целиот простор и време и нивната содржина, вклучувајќи ѕвезди, планети, галаксии и форми на енергија и материја, и самиот како таков е многу динамичен. Тој како таков нема апсолутно никаква директна поврзаност со менталниот аспект на одредена форма на живот базирана врз јаглерод која се развила на одредена планета во склоп на универзумот. Единствениот надворешен свет кој може да влијае врз животот на човекот е самата природа на планетата Земја, како што се времето, природните катастрофи и слично. Од ова може да се заклучи дека не постои никаква директна поврзаност меѓу овие две драстично различни аспекти. Исто така, мошне е нелогично како овој закон се дефинира како "природен". Јас сметам дека ова е само имагинарен човечки закон со психолошки пресврт да се толкува како природен само поради претпоставеното присуство на дејствувањето на природни елементи, како универзумот (што навистина е премногу широк поим). Во реалноста, законот на привлекување е човечки "закон" бидејќи неговото постоење датира од определен период кога паралелно постои и homo sapiens, во компарација со вистинските природни закони (како законот за Гравитација, Бодеов закон, Кеплеровите закони за планетарно движење...) кои отсекогаш постоеле во универзумот, дури и кога целиот живот на оваа планета сеуште не се појавил. Освен тоа, законот за привлекување не е пресметан и не е базиран врз принципи, туку врз догматски верувања во склоп на одредени психолошки концепти креирани од страната на човекот и никој друг. Додека природните закони се универзални и постојат и функционираат насекаде во космосот, без разлика на локацијата, тоа не е случајот со законот за привлекување. Напротив, тој се применува само во корист на луѓето на планетата Земја и тоа не функционира за сите луѓе, туку само на одредени луѓе базирано според моралниот релативизам. Исто така, зависно од психолошките потреби на човекот, овој закон на привлекување може со текот на времето да биде изменет во поглед на неговата суштина, а тоа не е случајот со природните закони кои се фиксни и никогаш не е возможно да се променат. Инаку, навистина сум заинтересирана уште колку вакви "закони" и "теории" ќе произлегуваат како резултат на екстремната нарцисоидност на човекот додека конечно не сфати дека во однос на универзумот, самиот тој па и целата оваа планета, немаат апсолутно никакво значење и релевантност. Многу ми звучи себично човекот постојано да бара нешто од универзумот да му исполни, како тоа да претставува негова должност, а од друга страна, никој не ни помислил дали и каков придонес воопшто има човековиот род за универзумот?
Се што сум сакала до сега сум привлекла... не е ова повеќе во стилот да посакаш и магии да се случуваат за да ти се случи и да се чудиш како туку да сакаш нешто доволно силно што веќе ќе се однесуваш многу позитивно и како веќе да го имаш порано или подоцна ќе дојде.
Уште една глупа америчка пропаганда Не знам како можи да постојат луѓе кои веруваат во тие глупости што ги пиши во книгите од типот на The Secret и Моќта на потсвеста.. Нема да заборавам никогаш почеток на средно школо ги прочитав овие книги имаше и еден документарец на таа тема и ептен бев навлезена со тие позитивни глупости па после пораснав и сфатив дека се е за профит Му го сервираат на луѓето она што сакаат да го прочитаат. Ништо не доаѓа така само од себе ако си седиш дома и си правиш илузии за тоа дека ден ќе ти зачука на врата. You've got to work for it!
Не знам дали сум коментирала на оваа тема ама ете ќе искоментирам...Јас сум жив сведок и верувам во оваа работа. Пред да се запознаам со law of attraction животот ми беше мрачен...А сега имам толку шарени светла околу мене и животов ми е прекрасен. Се е до тоа што си посакуваме себеси, во што веруваме и на што сме фокусирани. Луѓе фокусорајте се на позитивното и НАВИСТИНА верувајте во тоа! Не се откажувајте, не може Универзумот преку ноќ да ве направи моќни, за се е потребно време и верба..Во последните 2 години животот ми даде доволно причини за да верувам дека law of attraction постои.
Рече дечкото што верува во чичко на небото, кој ги исполнува желбите на своите поданици. Приказни за мали и големи деца. Гладните во Африка се молат за храна, па пак госпо не им носи храна, а ни вода. Милион примери има вакви.
Законот за привлекување во основата ми е сличен како религиските верувања - некое трансцедентно суштество или самиот универзум се грижат за желбите на илјадници и илјадници луѓе кои преживуваат на една планета во едно малечко делче на вселенскиот простор и само треба да си замислуваме/да се молиме и се' ќе се оствари. Мислам дека сите овие верувања потекнуваат од нашата окупација (и заблуда) дека сме од огромно значење и на планетава па и пошироко, па сега сета енергија која постои ќе се стреми да си купиме стан, да си ги платиме сметките и така, so simple.Плус, потребата што ја имаме од заштита и некој да не' увери дека се' ќе биде во ред, во случајов самите себе. Само се прашувам што е со луѓето кои се многу несреќни и доживеале огромно маки, не си замислувале доволно? Ограничени сме, точно е тоа и точно е дека се' уште не знаеме доволно за универзумот и многу нешта треба да ги преиспитуваме и да имаме критички став , ама со вакви филозофии и гледишта кои немаат допирна точка со наука и докази не се согласувам. Не ми е ни битно кој во што верува, секако секој си ја има слободата за истото, но досега од луѓе што веруваат во вакви и слични работи, сум добила само лажен позитивизам.На пример ,мрзливи совети од типот на "само мисли позитивно и се' ќе си дојде на место" и сл. мене ама баш ништо не ми значат, и ако се тешите со тоа, океј до некаде.Ама кога овие верувања ќе ги заменат разумното согледување на стварноста и на проблемите е тогаш е веќе проблем.
Случајно поклопување и ништо повеќе. Толку малку зависи од човекот... плус некои луѓе имаат послаба сила на волјата од други. Заклучокот ми е извлечен и од теорија (книги) и од пракса (набљудување).
Јас многу скоро почнав да читам повеќе за ова. Искрено, јас сум многу скептична особа и никогаш не верувам на вакви работи. На самиот концепт на манифестирање и законот за привлекување ми се допаѓа. Прво, мислам дека ние сме поврзани со универзумот бидејќи сме дел од него. Како да не би биле? И зошто да нема смисла дека таа конекција има моќ? Универзумот, прво од научен аспект, оној со ѕвезди и небесни тела е магичен сам по себе, и многу ме фасцинира. Можеби и затоа субјективно сакам истиот да има функција и како сила. Ми се случувале работи кои се толку чудни коинциденции (или не?) they blow my mind. Пример, пред подолго време запознав една личност која имаше тетоважа што вели „космос каже може“ што ми се многу допадна и истражував од каде потекнува цитатот, читав повеќе за него, ама онака, не обрнав многу внимание. Пред некој ден зборував со друга личност и таа ми спомна за овој концепт и јас почнав да читам повеќе за него, се заинтересирав. Од тогаш, се некаде погледнувам, на пример во маица на случаен минувач која има цитат за закон за привлекување, го сретнувам споменато се повеќе итн. Исто така 99% сум сигурна дека манифестирам лоши работи во мојот живот поради лоши мисли затоа што многу, многу пати ми се има случено да мислам на нешто што сакам да ми се случи, ама сум анксиозна во врска со тоа, се грижам, и на крај потполно истото што јас го сакам за себе му се случува на некој друг што го знам. И ме остава збунета. Како и да е, мислам дека верувањето или неверувањето во нешто вакво не повредува никој за разлика од кхм, религијата. Јас лично цврсто верувам дека нашите мисли можат да станат реалност, но и да не е така, факт е дека мислите ни ја креираат реалноста, па што лошо можам да добијам во тоа што законот за привлекување ме поттикнува да размислувам позитивно? Потпис: Очаен Песимист Who Wants To Do Better
Верувам и не верувам . Уствари , и сама не знам . Верувам бидејќи многу пати ми се случило нешто да сакам многу ( мислам на подолг временски период ) и таман кога веќе сакам да се откажам , токму тоа што сум го сакала , го добивам ( не само материјални нешта ) . Од друга страна пак , имав мачор , што многу го сакав , дури и со мене спиеше , ми избега , го немаше една недела , дури и го барав .. никогаш не се врати ... иако многу сакав да го видам барем оддалеку ..
Кога нешто многу посакуваш,ти вибрираш дека тоа го немаш,па Универзумот така ти одговара-со немање.Отпушташ,па допушташ-едноставно е