Како не бе, глупости во боја. Ево јас сакам соседната зграда да ја снема, да исчезни за да ми влези појќе сонце во собата и само зеленило да гледам, многу сакам секој ден, зошто не се случува? Доста се тешите со глупостиве.
Ваква тема не видов никаде и искрено се надевам ќе биде од голема помош на сите. Во оваа тема сакам да споделуваме позитивни мисли кон универзумот за да тој ни врати исто. Ќе ви споделам неколку мотивациони видеа и текстови па понекогаш дури и начини во кои јас лично верувам (што немора секој да верува) за остварување на желби. Секој што има познавање од оваа и слична тема би била благодарна да сподели. Денес јас ќе ви раскажам за едно нешто кое ми се случи а пррдходно не верував во истото. Имено ми се случуваат многу лоши нешта во последниов период во животот па некој ми предложи да се обидам со побарување нешто од универзумот. Дали ние воопшто знаеме за поимот среќа и на што тоа се темели? Како бебиња сме сфатиле дека среќа е кога ќе заплачеме и веднаш ќе добиеме блискост од мајката.. како малку поголеми кога ќе добиеме играчка и ќе не направи среќни.. но како возрасни нашите размери се зголемуваат се со цел да бидеме среќни и по некој автоматизам сме стекнале навика дека кога нешто ќе добиеме тоа е среќа. Но никогаш всушност вистински не сме се запрашале зошто нам ни е толку битно да добиеме тоа што го сакаме. Во позадина на сето тоа, знаеме дека е битно смиреноста на умот. И секогаш кога ќе добиеме нешто, барем за момент достигнуваме мир на умот и одма тој случај се зипува во фолдер како решен. Но, кога сето тоа завршува, ние повторно бараме начин односно нешта кои ќе ги исполниме за да повторно го добиеме тој момент на мир во мозокот. И така сме научени односно го учиме умот на тоа дека кога нешто ќе добиеме- ние сме среќни. Тоа прераснува во една навика како би ја надополниле таа потреба одново и одново. Но дали сме помислиле дека може да постигнеме таков душевен мир кој ќе трае постојано? По нашиот уходан рецепт онаков каков што го опишав погоре, ние го задржуваме универзумот постојано одново и одново да се занимава со нашите ^желби^ и тој нема време да се позанимава со она вистинското кое навистина ќе ни донесе вистинска долготрајна среќа во животот. (Благословен е оној кој нема никакви желби и очекувања а има внатрешен мир) To be continued.... Сигурно на сите ви се случило некоја желба да ви оствари тек тогаш кога ќе заборавите на неа. Што се случува и зошто е тоа така? Со вашите мисли и притисок за да ја остварите некоја желба вие ја заробувате моќта на универзумот да ви помогне со тоа што сте замислила во себе дека нема да бидете среќни додека не се оствари таа желба... кога со сето свое битие сме се откажале од таа желба ние ја ослободуваме енергијата на универзумот и тој дури тогаш почнува да реагира. Во моментот кога лошата мисла дека нема да успеете тогаш универзумот почнува да ја разгледува идеата за тоа дали вашата желба е во склад со вашиот живот и ја исполнува во најдобрата верзија за вас. Многу е важно да не се разочаруваме кога некоја желба не е остварена онака како што сне ја замислиле туку и тогаш да бидеме благодарни на тоа зошто униберзумот сепак нашол најдобра варијанта за нас. би нагласила и ова: Немојте да молите, да досадувате за нешто кое го барате, запамтете и универзумот има свои правила, зошто може да се случи едно да добиете а од друга страна друго да изгубите. Бидетр внимателни. Ако имате и најмало двоумење околу остварување на некоја желба, подобро откажете се на време. За да оствариме целосен мир и долготрајна среќа, треба да се откажеме од оној *рецепт* ( стандардна навика) за кој предходно опишував. Може и да си ја повторуваме следнава молитва: Боже, молимте тргни ги сите препреки кои ги створивме, и дозволи ми да осетам трајна среќа и душевен мир. Ти благодарам! А потоа низ афирмација потврдете дека е така: се осеќам среќно и благословено! Ќе ви раскажам една приказна за тоа како да манифестирате она што го сакате: Дури и без никаква активност можете да манифестирате се што ќе посакате ако ги организирате овие 4 димензии во еден правец и да ги задржите непоколебливо во тој правец. Се што сме створиле ние како човечки битија на оваа планета, во суштина прво било створено во нашите умови. Ср што гледате на овој свет а создадено е од човек прво била израз во умот а тек потоа било манифестирано во надворешниот свет. Затоа ако ни е грижа за се што ствараме на овој свет најважно е прво даннаучиме да создаваме прави и вистински работи во нашиот ум. Мора да научиме да имаме моќ и контрола врз нашите умови. Приказната е следна: Еден ден, еден човек отишол да прошета. Шетал долго... случајно без да знае влегол во рајот. Баш среќник зарем не? После долгата прошетка се осетил уморен. Си помислил: уморен сум, би сакал да можам некаде да се одморам. Погледнал околу себе и видел едно убаво дрво под кое имало мека трева. Било многу примамливо па отишол легнал и заспал. После неколку часа се разбудил добро одморен и си помислил: О добро е, добро се одморив, но сега гладен сум. Би сакал да имам нешто да јадам. Почнал да размислува за сите неговви омилени јадења и јадења кои во животот сакал да ги јаде, и наеднаш пред него се појавиле сите тие нешта кои ги посакал. Таму во рајот така функционираат работите. Гладнитр луѓе не поставуваат прашања. Бил гладен, дошла храна и он јадел. Стомакот му бил веќе полн и помислил: ох, баш сум сит, би сакал да имам нршто да се напијам. Сите убави пијалоци кои некогаш сакал да ги пие, мислел на нив и одеднаш се појавиле пред него. Жедните луѓе исто така не поставуваат прашања. Бил жеден, посакал, се напил.. Така со малку алкохол во себе неговиот ум не бил стабилен комплетно.. се свртел околу себе и помислил: што по ѓаволите се случува тука...?! Барав храна, храна дојде, барав пијалок, пијалок дојде, овде мора да има духови... И дошле духови.. Си помислил: оо дојдоа духови, сега ќе ме опкружат, и ќе ме мачат... Духовите веднаш го оплружиле и почнале да го мачат... Тогаш почнал да вика во болка: О, ќе не убијат. И го убиле- тој умрел. А пред малку време рековме нели дека бил среќник. Проблемот е што тој седел под Калпаврикша или дрвото на желбите. Барал храна, храна дошла, барал пијалок, пијалок дошло, барал духови, духови дошле, барал мачење, мачење дошло, барал смрт, смет дошла. Добро стабилизиран ум, ум кој е во состојба да знае што посакува се нарекува Калпаврикша! Ако го организирате својот ум на одредрно ниво на уреденост, тој за возврат го организира цел систем. Вашите емоции, вашето тело, вашата енергија, се, - се организира во тој смер. Еднаш кога сите овие 4 димензии - вашето физичко тело, вашиот ум, вашите емоции и основната животна енергија- сите се органозорани во една иста насока - што и да посакате ќе се случи дури и без да мрднете со мал прст.
Ноуп. Мислам дека подеструктивен совет од ова без прст да мрднете, се ќе добиете не постои. Се надевам не си ги учите децата да се неамбициозни и мрзливи и да чекаат некоја синхронизација со универзумот да им ги оствари целите, наместо сами да ги ги остварат желбите и плановите. Ова е супер теорија за некој да се теши дека во животот не добил нешто за кои се прст не мрднал зошто нешто внатрешно не му е синхронизирано.
Не знам дали функционира, но не го применувам бидејќи не сум материјалист. Сум хедонист, сакам пари, задоволства се што сакаат сите. Но многу е поважно човек да не се врзува за ништо, ниту материјално ниту нематеријално. Откако навлегов во окултна литература, астрологија и психолошка литература поинаку ги гледам работите. Баш во книгите на Лазарев кога читав пред неколку години за тоа стануваше збор, човек да не идеализира ништо бидејќи ќе го изгуби или никогаш нема да го добие. Несвесно се имав врзано за среќна судбина, тежнеев кон тоа, ништо не се менуваше, работите одеа обратно од тоа што посакував. Откако прочитав две книги од Лазарев сфатив каде грешам. Но јас сум само човек, не сум супериорна и не успевам да се контролирам секогаш. Еден ден со маж ми тргнавме заедно на работа, зборувавме дека можеби треба да ја продадеме колата и да купиме подобра, јас само искоментирав дека не може, се восхитував на внатрешноста дека е со карбон, дека има ова, она, штоповите ги обожавам. Застанавме да купиме нешто, јас седев во колата и наеднаш нѐ удри друга кола. Во тој момент сфатив дека претерав и не требаше така да се врзам за нешто материјално. Инаку баш пред некој ден на работа се смеевме за тоа како некои го кажуваат законот за привлекување го викаат закон за привлечност, а тоа не е воопшто исто.
Edno da znaete duseven mir vo gradska Urbana sredina nikade ne postoi. Vo nieden grad na svetot. Za toa cudo treba totalen mir, opustenist I mnogu priroda, a najvazen e mozokot I prirodata. Toa deneska retko koj go ima mislam samo 30 odsto od lugeto na planetava.
Не се смеј. И ти да читаш окултна литература ќе ти се смени гледиштето, ќе си речеш што воопшто ме раѓаше мајко да делам планета со луѓево што пишуваат вакви книги. Спојлер Како бе не каже некој од метал злато како да направам со позитивни мисли пример?
Не биди толку лоша! Мојш да читаш окултни книги со студиозен пристап: “Ај да видиме овие шо ќе истрапараат.“ Не сум читала, ама би читала. Сакам да знам какви се размислувања има. Луѓето се многу ... разнобојни.
Losa tema. Bez da si naprsvis nesto Sam , nisto ne doaga od universumot , doaga ustvari , grom da te akne , poplava da ima ....... )))
Епа тука ти е грешката зашо се врзуваш за работите. Иначе да не е едноставно да се достигне таа самоконтрола за ова па и за било што во животот.
Постои граница помеѓу возможното и невозможното и никаква самоконтрола и посветеност, живот синхронизиран со природата не помага. Да беше изводливо остварувањето на желбите преку посакување, светов ќе имаше врховен господар досега. Тука некои мислења на членови ко Господ да станале, све они со мислите манифестираат. Секако дека ви поверував. Некои мали коинциденции ги преувеличувате во главите.
Окултни книги немам многу прочитано, но се што прочитав врска немаше со реалноста. Изгледа знам како да ги читам бидејќи колешката од работа навлезе премногу длабоко, се фалеше дека си ги отварала чакрите и следуваа напади на паника, психози и страшни глетки на работа.. Жената буквално се уништи, има 2 години поминато од тоа и таа е непрепознатлива. Беше слаба женичка со едвај 45 килограми и важеше за паметна и образована (заврши психологија) , но сега има над 100 килограми и е крајно нестабилна. Така да што и да читаме треба со внимание и крајно претпазливо. А уште не сфаќам што значеше реакцијата на @злоба .. Ќе го молам да образложи.