Мојата реакција си е таман, ти кажаува сé. Сама си го одговори прашањето. Си навлегла во околтна литература и тука очекуваш ние да се восхитуваме на твојата храброст? Ма бегај таму! Откачи ги тие работи како колешката да не завршиш. Ако ние како човечки битија не се приврзувавме за материјални работи тогаш сите ќе спиевме на картони и ќе бевме бездомници. Многу ми се глуп овој new age начин на размислување, и вие што го велите ова немате муда да живеете во дивината. Си седите дома и изигравате хипстери зошто немате што да правите со себе.
Не навлегов. Почнав да читам. Отвори си ги малку видиците. Не е тоа се new age како што ти велиш. Реков и претходно сакам материјални нешта и сум хедонист, но не треба претерување и приврзување.
Ова ми е од ист ранг со астрологија, нешто што историски почнало како полу-сериозно а сега го надоградуваат луѓе без работа, иако во реалност е очигледно дека нема никаква рационална позадина. Also, шо да фак се окултни книги?
Верувам премногу во закон за привлекување, нека ми пише некој што е опседнат како мене во врска со оваа тема
Темава и мислењата тука можат да се користат на предавања на факултет како дел од предмет “Корелација и Каузалност - Точни и Погрешни Примери“
Не сум приврзаник, затоа што ми се случило да размислувам негативно, а исходот да биде позитивен за мене, и обратно, да размислувам позитивно, но да произлезат негативни резултати. И верувам дека никој не мисли на лоши работи, се додека не искуси негативности и потешкотии во својот живот, така што целиот тој концепт дека се сами привлекуваме, паѓа во вода.
И кај мене е секогаш обратно кога мислам дека лошо ке испадне ке испадне најдобро, кога сум сигурна дека ќе биде успешно испаќа сосема спротивно.... Кај нас е обратен законот
Верувам и во ,,спротивностите се привлекуваат” и во ,,сличните се привлекуваат” кај мене било и двете Ама највеќе верувам во тоа дека привлекувам луди особи И за друштво и партнер.Сите особи во животов ми се одлепени
Вака да ме прашаш, ќе ти кажам дека не верувам, ама исто и јас ко Феминка привлекувам само еден тип на луѓе и тоа е тоа, нема исклучок.
Уствари што се случува со теоријава, се фокусираш на одредена цел и несвесно вршиш акција кон остварување на целта, ако е успешна мисијата мислиш дека е благодарение на оваа теорија а доколку не ќе се посомневаш во тоа колку си бил фокусиран и дали навистина доволно си верувал, магла у тегла буквално.
Еве едно нешто: „Што веруваш, тоа ќе ти се оствари“. Ти ако цело време мислиш на негативни нешта нема шанси да не ти се остварат такви нешта, затоа малце позитива.
Самата кажуваш дека се остварило нешто што си посакала. Ништо во животот не е случајност, се се слушува со некоја причина.
Без разлика дали верувате или не, законот за привлекување работи и за тие што веруваат и за тие што не веруваат.
Јас започнав со смешни мали self-help книги во врска со законот за привлекување и дека можеме да имаме се што сакаме, што ги сфаќав како измислица за да им помогне на луѓето да размислуваат позитивно (и бев океј со тоа), ама завршив со разбирање на што сме, зошто сме, што треба да правиме, која ни е целта на планетава и целосна верба во универзалните закони - па не би ни рекла дека е верба, едноставно еднаш штом сфатив/научив, тоа беше тоа за мене. Искрено, почнав со Ана Бучевиќ која нон-стоп ги спомнуваше Abraham Hicks, а мене многу долго ми требаше да го „сварам“ тоа што они го учат и тоа што они... се, дури и не ги сфаќав кога почнав да ги слушам, сега како подкаст на x2 убрзано ги слушам на јутуб. Ја препорачувам книгата Law of Attraction - Esther & Jerry Hicks, Разговори со Бога Книга 1 - Ниал Доналд Валш, Екхарт Тол. Сите дојдени до исти главни заклучоци за животот, а сите различно го искажуваат тоа, со различни зборови и реченици. Омилено ми е што ако испадне на крај дека сум била цел живот луда, океј сум со тоа, затоа што сум го поминала целиот живот мислејќи позитивно, уживајќи во се што имам, не наштетувајќи на никого... и така.
Те молам немој. Ни Ана Бучевиќ да ја читаш ниту со Естер да си имаш работа. Ќе звучи налудничаво, ама баш таа Естер е каналот за некои ентитети. Осврнувај се на Саи Баба, и сличните на него. Мислам на духовни учители. Немој овие. Баш затоа звучат добро, за да те привлечат да ги слушаш.
Мене ми се допаѓа тоа што го зборат, Ана Бучевиќ е паметна жена и јас би рекла дури дека многу од нејзините видеа се и од психолошки аспект, односно и да не збореше за законот за привлекување, океј е. Мислам не може никој да не се согласи со видеа од типот „треба да знаеш што вредиш, и да не прифаќаш ништо помалку од тоа“ итн. Да, Абрахам се ентитети што зборат преку Естер, што и ден денес ми е чудно, ама истражував и има повеќе (многу) луѓе кои се канали - гледав видеа на јутуб и навистина се приметува разликата во зборење нормално и кога нефизичкото зборува преку нив што нема шанси некој да го изглуми, посебно поради тоа што навистина нема шанси некој да има толкава скрипта за да знае што точно да одговори на сите тие прашања, со толкав детаљ во врска со се. Ова беше мојот заклучок. Ќе го истражам тој што си ми го пишала.