Не океј е. Ана Бучевиќ не ја оспорувам дали е паметна. Афирмациите се ОКЕЈ ама не очекувај некаков напредок, или нешто да постигнеш. Јас го читам Лазарев. Пробај најди книги, тоа е претешко за наоѓање ама вреди. На хрватски ги имам ако сакаш повеќето. Јас навлегов во изучување на кармата и прифаќање на сѐ што ми се случува како дел од мојата карма од оваа инкарнација. Меѓутоа не сфаќај погрешно, не е целта да станеме мазохисти и да прифаќаме во целост. Целта е само да сфатиме и на некој начин да го најдеме патот кон чистење на кармата. Има многу автори многу по корисни од Ана Бучевиќ. Не сум религиозна ама се трудам со духовна практика. Не мора да си религиозен за да си духовно просветлен. Од духовна пракса најсилна е медитацијата, за жал не можам, не е за мене. Но исто толку корисно може да биде и јога, спортување или осамување.
Ана Бучевиќ е добра за стартери, односно лесна за разбирање на луѓето кои не навлегувале од овој аспект на стварите. Но длабока не е и далеку од суштината.
Не ги многу сакам книгите на Ана Бучевиќ ептен се едноставни за мене (веќе го знам тоа основното што го пишува), ги гледам само нејзините видеа на јутуб. Јас лично уживам во како зборува и се изразува и ми ја дига вибрацијата , ама не навлегува во преголеми детали за нефизичкото, иако знае многу повеќе. Мене ми има помогнато, тоа е лично, јебига. Јас се трудам за медитација, ја разбирам поентата и се увежбувам.
Ако ти одговара слушај ја. Кога ќе осетиш потреба за "нешто повеќе" пиши на Јутуб пример law of attraction и ќе ти излезат најбараните. Препорака не можам да ти дадам за жал зошто тоа јас што слушам у принцип се мантри од гуруа, далеку од тоа што го слушаш ти у превод (читај јас сум забегана со јога и медитација).
Јас кога нешто ќе сакам тоа е као контраефект значи обратно Ако мислев дека ќе го положам испитот и бев сигурна испаѓаше да паднам јбг Мене све ова ми нема везе
Ми се имаат исполнето неколку желби со помош на закон на привлечност. Си го практикувам ова скоро секој ден дури и за најбаналните работи.
Иста бев . Ама тоа подсвеста ј.бе , а не законот за привлечност. Прво треба подсвеста да ја убедиш па после тоа свеста, зошто може ти милион пати да си речеш ќе биде а во себе подсвесно да сумњаш во тоа...
А што е па сега Law of assumption/ignoring 3D reality? Игнорирање реалност, пардон 3Д реалност is a(spiritual) thing now?
Потребно е да се биде изразито внимателен кога станува збор за тнр. „духовни учители„ кои велат за себе дека се бог. Саи Баба велеше дека е Бхагаван т.е. Бог и дозволуваше да го обожуваат. Изведуваше тнр. чуда (во реалноста трикови) и давал предвидувања врзани за конкретни години (критериум за вистинска Божја објава е дека не се даваат датуми затоа што со тоа Бог кој е безвременски би се наврзал на временското). Саи Баба роден 1926 год. во 1960те велеше дека ќе умре на 96 годишна возраст. Тоа би било во 2022, но тој почина април 2011. А повеќе негови поранешни следбеници го обвинуваат за сексуално злоставување. 10 минутен исечок од документарецот на БиБиСи(BBC) од 2004 год. за божемниот учител Саи Баба: Во Христовите објави примени преку пророчката реч наменета за луѓето на денешницата кажано е дека: Единствен вистински духовен учител кој располага со доволен енергетски потенцијал луѓето да ги води безбедно по духовниот пат кон нашето вистинско дома е Христос, кој пред приближно 2000 години бил инкарниран како Исус од Назарет. Меѓу многуте други работи во тие објави се предупредува за опасностите кои демнеат од источните учители (вистинските учители од исток ја завршиле својата мисија пред повеќе од 2000 години). Повеќе на линков. Исто така се предупредува и за погрешното разбирање на законот на привлечност за кој луѓето мислат дека можат да го употребуваат за реализација на своите лични желби, несвесни дека работат со позајмени енергии од силите на темнината, кои потоа (тие мрачни битија) ќе ги побараат да им бидат вратени со камата. Повеќе за ова во книгите на Габриеле: „Јас, Јас, јас - Пајак во Мрежата - законот на одговарање и законот на проекција„ како и во: „Сами во партнерството и бракот, сами во староста? - Живот во единство - Не си сам - Бог е со тебе„.
Кај многумина е така. А ако е закон, нели треба да важи насекаде исто. Како закон за гравитација, кој важи за сите тела подеднакво. Ако скокнеш од балкон ќе паднеш доле, а не пола луѓе доле, а пола горе. И ова е само доказ дека ткн "закон за привлекување" е една обична човечка измислица како и многу други работи. Субјективна перцепција за работите што ни се случуваат.
Имате лесно достижни посакувања, затоа ви се чини дека функционира ова. Треба да станете милијардери преку законов за да поверувам.