Па и важи за сите. Многу е битно да немаш потсвесни сомнежи, да држиш висока вибрација и да немаш стравови. На пример, она можеби била сигурна во како се спремила, ама помислата дека можеби нема да го положи ја плашело, значело катастрофа за неа. Тоа е сомнеж и автоматски нема да го биде. Јас не навлегувам премногу во учењата на law of assumption, ама бејсикли иста работа е како законот за привлекување. Да се однесуваш како веќе да го имаш она што го сакаш и да ја „игнорираш“ реалноста. Не е толку игнорирање колку што е знаење дека животот каков што ти е сега е минлив, и она што го посакуваш ќе ти дојде. На пример, ако сакаш да се преселиш во Германија, мора прво да веруваш дека навистина ќе се случи тоа и да постапуваш како да ќе се селиш во Германија. Кажуваш на луѓето околу тебе, не продолжуваш договори на повеќе од 2 години пошто нема да си тука итн. И да не си имала шанси да се преселиш во Германија, патиштата почнуваат да ти се отвараат. Кога веруваш во законот, не е лажење, едноставно, знаеш дека ќе се случи тоа и се случува. Живеење надвор од 3Д опфаќа повеќе работи и е нешто најубаво, тука е клучот на спиритуалноста, тука спаѓаат и религиозните луѓе. Медитираш или се молиш, се поврзуваш со Бог, го чувствуваш присуството на нешто повеќе од тебе, значи димензија над 3Д. Еве едно едноставно видео што го објаснува тоа поубаво ама сепак не предетално, живеење надвор од 3Д е едноставно начин како да ти биде поубав животот околу тебе. Отидеш да прошеташ, цело време си фокусиран на проблемите, прошетката ти проаѓа во мисли - 3Д, отидеш да прошеташ, го приметуваш зајдисонцето, приметуваш џагор на деца, се конектираш со природата околу тебе, уживаш во моментот, сфаќаш колку работи се дешаваат околу тебе и кога навидум не се случува ништо - 5Д живеење.
= Психичка тортура. Форсирање среќа, обвинување себеси зошто си се натажил итн. Едноставно живеење во илузија.
Немам читано негови книги, но колку што знам Лазарев е религиозен и повикува на молитва кон Бога. Знаеш ли каков е неговиот став кон Црквата и Светите Оци, има ли зборувано за тоа? Ме интересира бидејќи од тоа малку што сум прочитала за него, највеќе на православие влече, иако користи термини од источните филозофии...
И јас мислам дека протестантството е измишљотина колку да е нешто поразлично, па.. ете ве. Не мора во секоја тема што не ви се допаѓа да какате. Може слободно да ја прескокнете.
Прашај ги милијардерите како станале милијардери. Ќе ти кажат дека едноставно го смениле нивниот мајндсет и верувале во себе. Финта е што никој кој е понавлезен во законот и читал за финансии од овој аспект, не посакува да биде милијардер. Милијардер не може да биде цел, целта може да биде да имаш финансиска сигурност, да имаш пари за патувања, да ги имаш колите од соништата кои се скапи, да имаш голема куќа итн. Кога законот на привлекување учи дека нема лимит на пари и на работи што можеш да ги купиш, не секогаш тоа значи да имаш паѓај-у-несвест сума на пари на сметка, туку дека секогаш ќе ти се отвараат можности, ќе имаш доволно финансии за она што го посакуваш и плус вишок, ќе добиваш работи бесплатно итн. Сите посакувања се лесно достижни посакувања, еднакво исто е да манифестираш замок колку што е да манифестираш зелено јаболко во твојот живот. Прашањето е колку си спремен да веруваш дека може да имаш замок. Нема врска ова. Прво, за да смениме било што, прво мораме да го прифатиме и полека да ги менуваме мислите. Не можеме од тага директно да отидеме и да скокаме од среќа, ама можеме да отидеме во лутина, па неутралност, па да имаме надеж, па да бидеме оптимистични итн. Ова е убаво објаснето во книгата Ask and It's Given, со емоционална скала и се. Секогаш можеме да се стремиме кон мисли што не тераат да се осеќаме боље, а вината, притискањето емоции, не се позитивни. Ако не веруваме во нешто, на пример ако јас не верувам дека заслужувам љубов затоа што сум ружна, не можам да се убедам во секунда дека заслужувам љубов или дека не сум ружна. Ама можам да размислувам - „Хм, има луѓе кои ги знам кои не изгледаат како модели, а се сакани.“ - „Има луѓе кои се добри и ја гледаат само душата.“ - „Мојата убавина не е споредлива со тоа што го носам во себе.“ итн. Никој не е способен цело време да е среќен. Ама се увежбуваш како полесно да ги минуваш работите што животот ти ги носи (контрасти) и што е најбитно, живееш со разбирање дека се што те мачи, ќе се реши. Нема никогаш да постигнам да објаснам детали во мислење, не можам физички, а и никој нема целосно да ме сфати, за ова се читаат книги (кого го интересира секако). Не наметнувам мислење во никој случај.
@Srckata28 го имам проучувано "законов" пред многу години, и ми е јасно. Имам читано и книги, имам и разговарано со личност блиска до законов. Но не би да си ја форсирам психата. Ти милионер си, или уште не? Не ти треба никаков закон за ова да се знае.
Ајде повели држи висока вибрација и посакај овој мој коментар да биде избришан, ама веднаш сега Инаше истава психолошка финта ја користат и лажните квази-исцелители како оној Кајшаров. Ако му помине болеста - аха ете исцелителот го излекувал со неговата натприродна моќ. А ако не му помине болеста, тогаш болниот не верувал доволно, имал сомнежи. И ќе се повикаат на некој случај за некој Петко од Трпеица кој бил кај исцелителот и му поминала потоа настинката (а добро знаеме дека и да не отишол, пак ќе му поминала, ама не не, исцелителот го исцелил него И какво е тоа држење на „висока вибрација“? Вибрација имаат телата што вибрираат, што имаат одредена амплитуда и фрекфенција на вибрирање (жица од гитара, мембрана на звучник, вибратор и сл.). Вибрирање на мисли и сл е само новокомпониран њу ејџ речник, ти праќам позитивни vibes... абе седи мирен.
Од привлекување енергија единствено верувам во урочување, и не не се зезам воопшто . Верувам дека некако функционира на начин на кој што сѐ уште не разбирам. Инаку за законот за привлечност моментално мислам too good to be true, ама којзнае, можеби ќе го сменам мислењето, како и за сѐ друго.
Немам амбиција да бидам милионер ама не се отпишувам од можноста. Така. Само го кажав затоа што за манифестирање е многу битна емоцијата. Природната емоција да ти биде доминантно позитивна, да се враќаш на она што ти е регуларност, кога ќе „скршнеш“ . Уверувањата да ти бидат доминантно позитивни. Јас овие работи со психолог ги имам работено (особено за скриените уверувања), само што секако мое лично верување си е дека позитивната емоција ќе ми го донесе „животот од соништата“. I'm all about new age. Мое верување е дека мислите имаат вибрација и тоа е тоа. Кога се осеќаш добро, си на висока вибрација. Као, ќе се преправаме ли дека кога не сме биле добро расположени, не сме се сретнале со позитивна особа која не расположила? Тоа се вајбс.
Не зборувам од памет, туку не познавам никој навлезен во тематикава да реализирал нешто huge. Луѓето постојано остваруваат свои цели без примена на овие т.н. закони. Можам во моментов да направам одредена работа додека друг троши време да ја манифестира. Од друга страна, некој се раѓа како богат наследник, а јас треба секој ден да визуелизирам и повторувам афирмации и тоа би можело да трае минимум деценија според познавачите, минимум.
Зависи што ти значи тоа huge, не сакаме сите премногу пари, слава, не знам што. Манифестација е љубов, работа што ја сакаш, унапредување. Јас се ежам кога ќе помислам на свои манифестации уште пред подлабоко да навлезам во тематикава, кога отпосле ќе видам како се се поклопило и сфаќам што се случило, како, зошто. Не знам, јас и пред да го знам по име законот за привлекување, имав некој осет за вакви работи, го гледав животот ко магичен, се чудев на чудата во својот живот и знаев дека не се се по среќа дешава. АМА, имам уште многу работа на себе затоа што ме кочат некои подсвесни програми и уверувања. Тоа за 10 години е булшит, затоа што self growth нема дестинација, постојано се експандираш, а животот ти оди на подобро одма штом почнеш со работа на себе. Хм, некако цело време си фокусирана на богатите луѓе. Не се осеќам ко жртва што некој се родил богат, јас не. Има причина зошто мојата душа се родила во ова тело, оваа држава со овие родители. Тоа е играта на животот, да создаваш со мислите. Афирмации се алатка да се ослободиш од негативни уверувања. Преку афирмации, си вметнуваш подобри мисли кои со повторување ти стануваат уверување. Речиси сите имаме такви уверувања кои не ни служат, сигурна сум дека има и други алатки. Ова е едноставно работа на себе, не треба да е нешто тешко.
Зошто толку луѓе имаат проблем со живот исполнет со среќа, со фокус на убавото, а не на проблемите, со секогаш надеж за поубаво? Зарем не е тоа the ultimate goal? Да речеме дека јас сум луда што верувам во законот за привлекување, што е тоа во тебе што те вознемирува што јас пишувам писма до Дедо Мраз и верувам дека ќе ми се исполнат желбите? Зошто е полесно да прифатиме дека не можеме да имаме живот од бајките и дека "животот е тежок" отколку секогаш да сме благодарни на она што го имаме и да веруваме во најдоброто за нас? Ако е било што њу ејџ движењето, тоа е дека е harmless. Кои се последиците од игнорирање на реалноста? Помалку бели влакна? Кои се бенефитите од цел ден превртување од нервоза за едни исти работи и проблеми?
Воопшто не е harmless, нормално е човек понекогаш да биде тажен и да има и негативни мисли, па замисли колку анксиозен и параноичен би бил ако знае дека се тоа негативно што го мисли може да му се манифестира у реалност, или пак да се форсира да биде среќен и да ги поттиснува емоциите?
Прашањето е што тебе толку те вознемирува што некои не веруваат и им е смешно ова? Ти треба валидација? Позитивен живот може да се живее и без губење допир со реалноста,работење на себе,прифаќање на негативни емоции и страни на животот,. превземање одговорност за сопствениот живот и акција а не седење и чекање како дете што чека од Дедо Мраз(или родителите,зошто нели не се купуваат,пакуваат и ставаат под елката подароците сами од себе и универзумот) Манифестацииве и атракцииве има некоја алтруистична или сите се се себични само за себе да ја потпалува епидемијата на нарцисоидност кај разгалени adult brats западњаци со изгубен допир со реалноста (буквално)?
А со кој дел од тоа што го наброја за животот мислиш дека не се согласувам? Да знаеш дека ти си ја креираш реалноста треба да е најголем повик за превземање одговорност за својот живот. Акцијата сама по себе си доаѓа кога ќе се почувствуваш едно со универзумот, дури не можеш да седиш мирен од што имаш инспирација за акција. Дури и ми се допаѓа се што наброја. Јас не се обидувам да убедам никого, ако има една тема на форумов за која не би дебатирала туку само споделувам своја перспектива, тоа е оваа. Затоа што во моја глава сите сме на свој пат, слушаме тоа за кое сме спремни или што сакаме да слушнеме и тоа е тоа, нема ништо погрешно тука. Ама не можам да сфатам што некому му менува дали јас живеам во илузија, дали сум отидена со паметот или сум наивна, ако тоа ме прави среќна и не штити апсолутно никому. Не треба да е табу да си среќен по свој ќеф.
@INNERBEAUTY колку што те имам читано ти веруваш дека планетите имаат некакво влијание врз човечкото однесување, те молам појасни ми како е тоа порационално од законов за привлекување кој што го сметаш за изгубен допир со реалноста? На вакви теми може да се исмеваат само атеисти бидејќи објективно било кое верување е ирационално и без допир со реалноста. Сѐ додека имаш некакви спиритуални и духовни убедувања, немаш право да кажуваш за туѓите, бидејќи си на исто ниво. И јас имам одредени убедувања и колку и да ми е глупаво понекогаш нечие туѓо верување се прашувам себе си дали навистина сум вистинската личност која треба да осуди?
Да имам и пишувано во темите за планетите и го имам водено тој дијалог (за верување во влијанието на планетите), можеш таму да ме читаш. Овде за ова збориме, ова НЕ е нормално понашање на возрасна особа. @Srckata28 Јас за ова зборам, ова е идење у екстрем и токсично, за другото колку можам да видам се сложуваме.