Да. Религиозен е, повикува на молитва и каење. Го читам, но внимателно, селективно применувам. Мене ме интересира делот со стекнувањето на карма и како функционира. За чистење на карма верувам дека морам да си го добијам заслуженото, со неколку молитви тоа не се решава.
Ништо не се решава со неколку молитви,секако. Што тој подразбира под карма? Она што е општепознато за тој термин или она што самите во овој живот сме го заслужиле или преку родителите? Човекот ми делува како православец во своите главни пораки, но бидејќи не сум го читала, ти досадувам со прашања...не мораш да ми одговориш ако не ти е познато ... ни самата немаше да прашам,но едно негово видео ме заинтригира,па самата ќе се информирам повеќе...
Па не сум прочитала се од книгите. Многу е тешко да се најдат. На хрватски читам, разбирам ама ми е пак потешко малку. Најдов на македонски една само. Дијагноза на кармата ја читам моментално. Православец е да. Ама вели и дека добива информации од надвор, од други светови. Според него кармата е наследена од предци.
Еве вака ќе си тапкате со рацете, ама посилно за да слушнат парите и тие ќе ви дојдат директно во џеб.
Мене многу ми се допаѓаат видеата и постовите на една холистичка терапевтка од овде од Македонија - Маја, прекрасни совети споделува за тоа како човек да ја користи својата енергија за да си ги исполни своите желби и да го привлече она што го сака. Еве едно видео што е доста темелно и кајшто споделува многу корисни совети за тоа како да се користи тој закон за привлекување: https://www.facebook.com/ulkmaja/videos/1176689599524573
Супер е теоријата за мрзи и други луѓе што нејќат да си признаат дека добар дел од работите во животот како на пример успесите и слично зависат само од нив, па ќе пробуваат се и свашта освен да го испотат г'зот и да си ја завршат работата.