1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за работни односи

Дискусија во 'Правни совети' започната од genkisi, 4 април 2018.

  1. Enci200

    Enci200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    823
    Здраво,јас налетав на темава, усвари си имам проблем па барав одговори. Го прочитав твоето и стварно не е во ред тоа што ти го направиле. Јас мислам дека има чист случај, прочитај си го законот за работни односи и обрати се до Хелсиншки комитет или има други друштва за заштита од дискриминација.
     
  2. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    4.138
    Пол:
    Женски
    Он законски е чист и немаш основа за тужба.
     
  3. Enci200

    Enci200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2018
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    823
    А дали некој знае што можам да правам кога секретарката (за држ.институција се работи) не ме пријавува на време откако завршува едниот договор за определено и почнува другиот. Лани ми направи 2-3 дена пауза во осигурувањето, се плашам да не ми направи и сега. Ако тоа ми го направи ќе немам право да користам породилно (оти сум 3 меец трудна). Ако ми го прекине осигурувањето кога ќе родам ќе имам 5 месеци и 20 дена осигурување, а треба мин. 6 месеци.
    На определено работам во истата институција од 2012 год...со по некој ден пауза.
    Дали би било дозволено барем да побарам некој друг работодавач тие 3-4 дена да ме вработи на 10 саати колку да не ми се прекине осигурувањето?
     
  4. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Ако не е способна да си ја врши работата на време разговарај со неа или со прептоставен да те имаат во предвид со оглед на тоа дека си бремена. Не е во ред тоа што ти го прават во никој случај.
     
  5. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Незнаев каде да го поставам прашањево,па ај тука.Дали е возможно да се зема плата 12000 ако платата била 8000.
     
  6. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на тоа да имаш договор на 8.000 и да ти ја покачат платата, може. Не може да ти даде помалку од тоа, ама повеќе може. Лошото во тоа е што ако не ти ја стават покачената плата во договор, во секој момент може да ти дадат помалку пари без објаснување.
     
  7. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Без разлика колку изнесувала твојата плата до сега, од сега па натаму (овој месец или другиот месец) минимална нето плата ќе изнесува 14500 ден. ако платата ти била 8000 ден. (испод минимална законски утврдена плата) сега мораат да ти ја покачат на 14500 денари.
    Во спротивно преку адвокат пушти им опомена, и пријава во трудова инспекција.
    Ако треба нешто повеќе пиши ми во порака.
     
  8. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Сега читам што сум пишала :) .Сакав да прашам,дали е возможно пензијата да ти биде 12000 ако платата била 8000.Ме буни како може пензијата да биде поголема од платата.На моите пријателка,колешка на мајакми така и кажа дека зима.Газдата плакал на највисока основица пензионо.Искрено не ми се верува...
     
  9. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Искрено не сум запознат со формулата за пресметка на пензија, но според мене возможно е, затоа што во текот на работниот стаж може колешката на вашата мајка да била во даден период осигурана на повисока основица, и на крај тоа се ефектира врз пресметката за пензија, но најдобро е информативно да прашате во ПИОМ ако се работи за вас, таму информативно во ист момент можат да ви пресметаат колку пензија би земале се разбира доколку сте го исполниле условот од 15 години работен стаж, па после да имате претстава до пензија на која основица да бидете осигурана и да си барате работа со повисока основица на пензиско осигурување, за да утре имате повисока пензија. :)
     
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Не може пензиско да пресметува на поголема основица. Откако се воведе "цела плата" нема таква можност. Придонеси се пресметуваат на она на кое ти стига на сметка.

    Е сега, колешката на мајка ти сигурно има и друх стаж. Во СФРЈ. Па се тоа кога ќе се упросечи може до 12 да дојде.
     
  11. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    471
    Ако знае некој да ми одговори. Ме интересира дали на сред отворено породилно можам да го прекинам и да работам во друга фирма?
     
  12. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Можеш.
     
  13. Nikolabtbt

    Nikolabtbt Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Што направивте лани, не ви исплатија К15?
     
  14. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Здраво, дали може некој да ми помогне со следниве две сценарија?
    1. Дали е дозволиво законски да бидеш вработен со договор на дело на полно работно време во државна институција (без платени пензиско и здравствено) и во исто време да бидеш пријавен во приватна фирма како вработен за да ти тече стаж? И ако да, дали има ограничување со саати?
    2. Истиов случај со договор на дело, но да отвориш и се вработиш во сопствена онлајн фирма?
     
  15. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Договорот за дело не е договор за заснивање на раб.однос, така да нема пречка да си пријавена на друго место. Секако дозволено е во државни фирми но има ограничување колку време трае и колку вкупно договори може да склучат во зависност од институцијата и бројот на вработени. Таму договорот за дело се склучува за извршување на определена работа што не е работно место предвидено во систематизацијата на институцијата, но во повекето институции мислам дека сепак го прават тоа.
    Колку има пензионери што покрај пензиите извршуваат работа со договор за дело, а камоли лица што се во работен однос.
     
  16. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Без разлика на тоа што во договорот на дело се дефинирани 40 работни саати неделно, ќе може да биде пријавена како вработена со полно работно време во приватна фирма? (ме бунат саативе, негде имам прочитамо дека не можеш на две места со полно работно време, ама па од друга страна не се разбирам од темава ич).
     
  17. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    По правило не би требало да се дефинираат работни саати, зошто тоа не е договор за засновање на работен однос.
    Меѓутоа иако веќе стои во договорот, тие работни часови не се исплаќаат по ЗРО или колективен и сметам дека нема пречка да бидеш пријавена.
     
    На Divajn му/ѝ се допаѓа ова.
  18. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Женски
    Каде онлајн можам да видам дали сум пријавена?
     
  19. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    Дали работодавач може да прекине принуден одмор и да принуди вработен да работи во друга фирма?
     
  20. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Не може тоест не смее. :)