Што може да направи или да пријави,пријателка,што една недела не пријавена работела кај приватнак и после ја отпуштиле и не и платил воопшто?
Во трудов инспекторат нека пријави, може и преку нивната веб страна анонимно да пријави. Не и се исплати да тужи за тој износ освен ако дневница не и било 100 евра, ама ако било вкупно за 100 евра да земе за таа седмица, најдобро е само во трудов инспекторат.
Здраво, дали тие што немаат доволно стаж, а имаат години можат да добијат некоја минимална пензија и колку би изнесувала? Едно време се збореше дека со старосна граница само може да се земе пензија ама не знам дали го усвоија. И колку е да си платиш придонеси за 1 година?
Ајде некој правник да ми каже дали доколку се раскине договор 3а работа од 1 месец по барање на работникот, работникот ќе плати пенали. Во договорот пишува дека договорите се раскинуваат со отказен рок од 2 или 3 месеци, но договорот е на 1 месец?
Ако договорот ти е на 1 месец и друг ти не потпишеш нема што да плаќаш пенали. Пенали се плаќаат во случај договорот да ти е на 3 месеци, а ти сакаш да си одиш за месец дена и не го испочитуваш отказниот рок. Во твојов случај комотно можеш да си одиш кога ќе ти заврши договорот.
Поздрав.Би сакала некое стручно лице да ми помогне во врска со случајов.Претходниот петок мајка ми поднесе барање за платен одмор за 5 дена,почнувајќи од понеделник(од вчера),меѓутоа она има над 60 години,и кога виде дека Владата презема мерки за загадениот воздух,сакаше да го прекине одморот,оти и така и следува според мерките.Правникот на работа и рекол дека ќе треба да види како е законски,ама они често знаат и да го занемарат.Дали некоја од вас знае,за да биде подготвена ако ја одбијат?
Доколку користи платено отсуство и веќе Е дома, не може да се прекине одмор па да користи денови за загадување. Но, сепак зависи од политиката во фирмата. Во скоро сите случаеви што ги знам јас,не било дозволено.
Дали постои легален начин да работиш од дома за странска компанија (без претставништво во МК)? Кој е најдобриот начин за тоа?
Ме интересира дали додека сум на породилно можам да работам part time job? Дали е легално да примам пари на трансакциска додека ми тече породилно или не?Поточно ме интересира за работа од дома.Или можам да го изгубам породилното? Зошто клиентот ме извести дека можам да го изгубам породилното па ми спомна за договор на дело со пари во кеш
Сакам да направам e-commerce site за продавање second hand облека. Не купувам од нигде туку го продавам она што го имам јас и блиските. Дали треба да се регистрирам како фирма?
Здраво Феминки, се обраќам тука за иницијален совет. До пред неколку месеци работев во казино 6 месеци и не добив исплата за к15 (најверојатмо ме заборавила сметководителката, ако не побараш нема да добиеш). Доколку одам и ги потсетам ќе ме исплатат најверојатно и без да ги пријавам. Меѓутоа ме интересира во кој момент од постапката по пријавување они добиваат казна? Сакам да знам дали имам право да барам поголема исплата од предвиденото к15 доколку одам преку судска постапка? Не верувам дека ќе дозволат да дојде работава до суд, па ме интересира дали воопшто имам продтор за преговарање во однос на сумата или сепак се заштитени они и добиваат парична казна дури 8 дена откако ќе ги пријавам а не ме исплатиле?
Не смееш да си пријавена со придонеси. За договор на дело не е никаков проблем, за тоа се плаќа само 10 посто персонален данок.
Со новиот закон што го донесоа - да можат пензионерите да земаат пензија + плата, ме интересира следново. Мајками треба да иде во пензија септември. Дали после септември ќе може да продолжи да работи да си зема и плата и пензија истовремено? Таа планираше да продолжи уште две години секако, на 64 да отиде во пензија, ама сега со новиот закон уште не и јасно како ќе биде.
Зависи од дејноста, Законот важи само за три дејности (А/А, И/З и Т/П), од 1 јануари 2026 година. Жените можат да одат пензија на 64 години, доколку сакаат. Нека го извести работодавачот.
Само за тие дејности ќе важи ова плата +пензија? Таа е во здравство, според табелата со класификација R/Њ му доаѓа...баш за нив мислев дека ќе важи
А како ќе биде за студирање? Не можеше вработен да биде редовен студент дали сега може со новиов закон затоа што се спомнати и студентите.