Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за родова еднаквост- кој што добива, кој што губи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Biljarkata, 28 јуни 2023.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.777
    Мојот "Мет Волш" е бисексуална жена. Феминист. :)
    Не зборуваме за пациентите (родителите не се пациенти, придружници се).
    Нема причина зошто САМО мајките да се придружници.
     
    На Biljarkata и nena2010 им се допаѓа ова.
  2. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Не знам ти каде гледаш, јас имам читано медицински текстови со инклузивен речник и за мажи и жени. А зошто отпорот против транс мажи не е ист како против транс жени? :D

    Не знам како да ти кажам, ама не сите ЛГБТ лица се либерални, разни Мет Волшови има и меѓу нас...
     
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.505
    Допаѓања:
    21.160
    Да де, истото го кажав, децата си се пациенти.
    Енџи рече ко што сфатив да се поделени по пол на родителите за да не им е незгодно на мајките, што нели, не гледам причина.
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.777
    На линков што ти го пратив, истите - Cancer Research UK - немаат проблем да користат "инклузивен јазик" за жени, ама за мажи се обраќаат со - мажи. Што значи дека не си ни прочитал, што значи џабе цитираш нешто што не си прочитал и не знаеш што цитираш.

    За второто, одговорив веќе - од наједноставната причина - мажите не се плашат од жените. Затоа што мажите се понасилни (и посилни) од жените. Затоа што жртви сме најчесто, неспоредливо најчесто - жените.

    Затоа што на мажите не им е гајле за транс мажите. Немаат потреба да се плашат од нив. Бидејќи се биолошки жени.
    Ние имаме потреба да се плашиме од мажите, пошто и во 2023, биолошките жени се најчестите жртви на биолошките мажи. Тоа што некој маж се осеќа како жена, нас не ни сигнализира дека нема опасност.

    Впрочем, и транс жените се најчесто жртва на партнерско насилство, од страна на биолошки мажи. Не од страна на биолошки жени.
     
    На Peanut Butter, LiquidLuna, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Да тоа го кажав. Точно е дека децата се пациенти ама на ептен мало дете не му е битно ниту разбира. На мајките што им се придружници може да им е незгодно во соба да се со други мажи и тоа ми е прифатливо. Поприфатливо отколку бунење за 5 минути поминати во вц. :D
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.952
    Секој што не мисли доволно лево е Мет Волш. Доволно лево е екстремно лево.
    Абе мора хаштаг сарказам да користам, за да се разбереме?

    Ај за тебе една мисловна вежба. 5 минути поминати во вц. Имаш 12 години, одиш во основно училиште. Какво вц ти е ок за да се чувствуваш ок?
    За децата во Козле или каде и да е веќе, се согласувам, пошто штом им треба придружба, значи се премали.
     
    На Peanut Butter и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Зборев дека не се транс жените/мажите закана за во вц. Во твојот пример, би сакала да се поделени. Иако еве на пример во средно не беа, изгледа ги мрзеше да стават еден натпис. :D(facepalm)
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Многу просто - ќе збориш за луѓе кои раѓаат деца. Не е битно дали се зборува за маж или жена, туку битно е дали се плаќа породилно.
    Ништо од пишаното нема никаква поврзаност со законите за родова еднаквост. Нееднаквоста што ја спомнува цело време е на бенефит на цис мажите. Овие закони кои им даваат еднакви права на транс луѓето немаат никакво влијание врз нееднаквоста помеѓу цис мажите и цис жените.
     
    Последна измена: 1 јули 2023
  9. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    12.016
    Пол:
    Женски
    Мене сериозно ме интересира кои се тие 'луѓе што раѓаат деца', како се викаат.
     
    На tanjaaa и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Еве имаше на другата тема за трансродови лица во списание како транс маж е бремен. И си ги изгубија живците трансфобите у таа тема. :D
     
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.505
    Допаѓања:
    21.160
    Сигурно во простата го носел детето
     
    На Peanut Butter, IRBBB, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    кенгур
     
    На dea.18, jacqueline.s и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  13. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Родов идентитет на маж е не само да не чувствува дисфорија кон женските полови органи, туку и да си има класичен секс со нив, па дури и да затрудни и да роди бебе.
    Исто ко што на транс жени им е нормално да силуваат жени со нивните машки полови органи.
     
    На Peanut Butter, nextredstyle, Munchmallow20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.777
    Не.

    Јас како суштество со матка, можеби ќе отсуствувам најмалку 18 месеци од работа. Суштеството без матка, нема таков "проблем" за работодавачот.

    И двете сме нАли жени, така што работодавачот сосема легитимно во очи на закон ќе даде предност, и таман ќе има квота на жени, бар пред очи на законот. А уствари машки свет.

    Не сум суштество со матка. Тоа ме навредува, многу. Жена сум. Толку.
     
    На Peanut Butter, LiquidLuna, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    12.016
    Пол:
    Женски
    Изгубија живци зошто се расправаат со природофоби. ;) А тие луѓе што раѓаат деца се викаат ЖЕНИ.
     
    На Peanut Butter, IRBBB, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Овој досадниов, а и оној другиот, кога ќе имаат цитрони да се фатат на сред Рекорд со дечкото за рака, нека дојдат да објаснуваат што е жена. А не пошо си имаат проблеми и комплекси, да се лечат овде со глупи муабети.
    Нема да чекам од м*ж да ми кажува што е жена.
     
    На nextredstyle и fbaby им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.777
    Она што очигледно ич не ви е јасно, па и конфузна сум, ќе го повторам истото од пред многу години и истиот став го имам уште од многу млада.

    Секој треба да има право што сака да прави со својот живот.

    Од таа причина секогаш сум поддржувала хомосексуални бракови, имање на деца на истите тие истополови парови, легализирање и целосно признавање на нивните заедници.

    Исто така, го поддржувам секое право секој да изгледа како сака, да се вика како сака, да се однесува (манеризам) како сака, да му се обраќаме во кој род сака.



    НО, нечие право завршува онаму каде што погазува туѓо право. Нечија слобода завршува онаму каде што погазува туѓа слобода.

    Ни најмалку не поддржувам било какво насилство према било кого, дури трагично е да не' поистоветувате со десничари кога (барем јас) идеолошки сум левичар, но само затоа што не ви ја пратам слепо реториката мора да сум конзервативна или што се' сакаш, додади.

    Фактот што немате проблем да кажете дека жените немаат право да искажат како се чувствуваат, немаат право да се заштитат, поддржува само реторика дека мажите (да, трансжените се мажи) и понатаму во секоја дискусија за жените го имаат последниот збор.

    Посебно е трагично што се толерираат геј мажи (кои историски, и денес, се далеку поподдржани од жени, надвор од лгбт кругот) да се однесуваат надмено и менсплејнинг да фураат врз жени.

    Ниту сте жени, ниту сте биле жени, ниту ќе бидете жени. Ниту имате право да ни кажете како да се чувствуваме, зборете си слободно за мажите и нивните проблеми во светот. За жените, доволно слушнавме од вас. И се наоѓаме таму кај што се наоѓаме оти ви дозволивме да доминирате и да одлучувате за нашите животи, нашите тела и нашите права.
     
    На Peanut Butter, see.emily.play, tanjaaa и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    За 99% се слагам со тебе буквално.
    Еве ти. :bow:
     
  19. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Тоа е и поентата на законот, мажи да си користат бенефиции на грбот на жената, исто ко што правеле векови уназад, ама сега завиткани во целофан на прогресивност и либералност.

    Трајко се осеќал ко жена, бувни го во некое министерство, ем си испунил квота за родова еднаквост, ем не мора да му ја мислиш за породилно, ем во завиена форма си ја одржуваш доминацијата на мажи на високи позиции.

    Петко силувал жени, ама ете се осеќа ко жена, стај го у женски затвор како награда за силувањата.

    Станко тренирал бокс ама бил едвај медиокритет сите го млателе, сеа се осеќа ко жена, оп, ем си млати жени без страв од санкции, ем успешен спортист со куп медали, ем жените индиректно се враќаат кај што им е местото, во кујна, нема што да бараат во спортот.
     
    Последна измена: 1 јули 2023
    На Peanut Butter, IRBBB, LiquidLuna и 9 други им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.361
    Допаѓања:
    126.254
    Пол:
    Женски
    Да земеш да си ги искинеш дипломите.
    Биолошки жени раѓаат деца!
     
    На Bitter-Sweet, dea.18, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.