Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за родова еднаквост- кој што добива, кој што губи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Biljarkata, 28 јуни 2023.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Или за 5 год .од брак ќе се сменат па пак ке се пише Трпе маж,а Митре жена.
    Ако го донесат законов ќе се модифицира понатаму.
    Ако е сега 18 год ќе биде 14.границата,па и надолу.
    Крај нема, којзнае па уште колку цис,мис, кис ќе се измислат и ќе напињаат со тоа.
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.953
    :D
    Не е транс. Обична, биолошка жена. :doh:
    Добро, не баш обична, ама тоа е скроз небитно. Битно и во такви силни демократии, на жена не се дава кралство. Ово другово, шака јада, дал транс, дал манс, нек кршат глава, се знае дека ко се коцкаш, куќата никогаш не губи.
    А се знае и кој е газда у кучи.
    секако не особа со матка

    Афд on a rise во Германија @Cosmi , шведите шокирани со десничарска и крајно десничарска влада веќе некое време. Тик так:o:
     
    Последна измена: 1 јули 2023
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.777
    Кажувам, замисли ;)
    Кој pro move би било тоа.
     
  4. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    На страната се спомнува и законот за родова еднаквост и како овој влијае врз него.
    Не е битно дали е Норвешка. Ќе ги најдеш истиве закони и низ демократиите.
    https://en.wikipedia.org/wiki/Transgender_rights_in_Germany#Discrimination_protections

    Не те разбирам. Овој закон за којшто зборуваме сега кај нас исто ќе се однесува на родот.
    Во Норвешка, полот воопшто не фигурира во законот. Тоа е најдобра варијанта и за нас.
     
    Последна измена: 2 јули 2023
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.777
    Кај нас во ембг се означува пол, не род.

    Полот не може да го игнорираме и "да не фигурира". Може и не постои.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Со ваков закон тоа фактички се претвора во ознака за род. Ама и јас се согласувам дека најдобро би било да се смени името на ознаката, ама изгледа ги мрзи да менуваат формат на лични карти. Нема поента личните карти да ни содржат медицински информации.
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.953
    Не ме интересира како кој закон влијае на законот за родова еднаквост, ме интересира самиот закон за родова еднаквост.

    Кои сте вие/вас, за кои е најдобро да не фигурира полот?

    И не ми одговори на прашањето по демократска родовост- зошто ќерката не е престолонаследник, иако е постара?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Законите за родова еднаквост во прости зборови гарантираат заштита од дискриминација врз база на родов идентитет.

    Еве ти го законот од Германија ако сакаш со сите детали да го прочиташ:
    https://www.antidiskriminierungsste..._treatment_act.pdf?__blob=publicationFile&v=2
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.777
    Маќе, прашањето за престолонаследник ти е скроз добар пример за родова еднаквост. Во Норвешка.

    Нема Германија крал, а ВБ си обезбеди машка линија. :)
     
    На Feminka22 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Бидејќи монархија ти е инхерентно патријархална по дизајн. Но законот за родова еднаквост бил донесен демократски, за разлика од законот за престолонаследство.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.777
    Значи родово еднакви само кога на мажи им одговара да сме родово еднакви?
     
    На LiquidLuna, jacqueline.s, Ugly Duckling и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.505
    Допаѓања:
    21.160
    А што ќе содржи ознака за пол?
    Јер триста документи не планирам да носам, башка за полицаец, башка за банка, башка за на лекар, башка за при вработување и на триста други места.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Ќе биде ознака за род. Докторите нема потреба лична карта да ти видат, има посебни здравствени записи за нив. Никогаш докторот мене не ми побарал лична. Сите други институции треба само родот да ги интересира.

    Не, демократски бил донесен тој закон, што значи и мажите и жените имале учество во неговото донесување. Кралот не го донел тој закон сам по себе.
     
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.505
    Допаѓања:
    21.160
    Мене во Систина на шалтер за преглед ми побараа за да ме евидентираат во нивен систем.
    А како што реков, ако нема никакви критериуми кој смее да менува ознака за ПОЛ во документи, не смее да се избрише ознаката и да стои род.
    Или општо за пол да се менува таа.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.777
    Не го донел кралот сам по себе, туку на Норвежаните не им е уствари гајле, или селективно им е гајле. :)
     
  16. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Тоа само значи дека болниците ќе треба да се прилагодат на тој закон. Не гледам никаков голем проблем овде.
     
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.505
    Допаѓања:
    21.160
    Абе не треба да смее секој да смени ознака за пол во документи, не знам што не ти е јасно.
    Ова ко да можам да сменам адреса и слободно да се уселам кај некој Трајко оти иста адреса имаме. А фала богу без имотен лист и дозвола од сопственикот (така мислам дека иде) тоа не е можно.
    Е и тука не може секој жена да се пише
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.777
    Тоа е друг проблем, што прв треба да се реши, а тоа е немање заеднички сеопфатен систем на државни и приватни болници каде што мора да стојат сите податоци за пациентот.

    Засега само државните здр. установи се должни да те водат во Мој Термин, приватните не се никако регулирани.

    Сите имаме ЕЗБО и нефункционални здравствени картички - може да се стави ЕЗБО на лична карта секако.

    Но тоа и понатаму би важело само за здравствени установи, не им значи ништо на полиција или социјално.
     
  19. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Па нема да биде тоа. Ознаката за пол ќе се претвори во ознака за род. На тие што им е потребна информацијата за твојот пол, како болниците, ќе бидат свесни дека личната карта не е соодветна документација за да се одреди полот.
     
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.505
    Допаѓања:
    21.160
    И што ако се претвори во ознака за род ако поделби се по род? И ако се придава значење на родот само, а полот е небитен?
    Пак ќе има злоупотреби.