Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за родова еднаквост- кој што добива, кој што губи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Biljarkata, 28 јуни 2023.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.466
    Допаѓања:
    114.821
    Пол:
    Женски
    Транс жена еднаш да осети болки од циклус, ендометриоза и пукање циста, одма ќе премисли :))
     
    На LiquidLuna, dea.18, Munchmallow20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Ни едно движење нема целосна унитарност. И тоа е природно и нормално. Како што во феминизам нема целосна унитарност, така нема ни тука.
    Комплетно неприродно да се очекува сите тие единки или сите луѓе да имаат некаков став на некаква тема зошто така треба или само зошто тоа е став на заедницата.
    Тоа испаѓа така во политичка партија дека си, не во нормално движење.
     
    На Angie1432, Munchmallow20, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Знам, затоа и реков не може да се бара "или прифаќаш, или не прифаќаш".

    Пошто не само што прифаќам, од средно поддржувам активно, но еве ова конкретно сега не го поддржувам. Тоа не значи дека не поддржувам хомосексуален брак, деца, не значи дека мразам трансџендери, впрочем уште одамна зборев дека треба да се дозволи слободно да менуваат име.

    А менување на биолошки факти не поддржувам, ни тука, ни во Исланд.
     
    На senjorita-v, JuLleE, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Pitulica

    Pitulica Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    104
    Во култ, не? Секта...
    А немаш исто мислење како остатокот од сектата исклучен си. Како што куп девојки кои детранзиционирале почувствувале на своја кожа... А не дека престанале да бидат дел од ЛГБТ заедницата... Само наместо транс маж сфатиле дека се лезбејки на пример...
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Детранзиционираните се пример за суровоста на самото движење против нив. Иако и понатаму се реално дел од него.
     
    На Yowannty и Celltica им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.778
    Допаѓања:
    169.513
    Пол:
    Женски
    Океј бестис, сакам да ве насочам до препораките за однесување за сите пријатно да си врвиме тука. И ги ставам оти мислам дека се детални и добро е да се потсетиме на нив. Ве молам држете се до темата и со помалку тензии.
     
    На senjorita-v, Feminka22 и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Насока стави да не користат упорно цис. И сличен јазик. Нека стават наводници.

    Навредливо е.

    Ако тоа се толерира, нека се толерира и "транџа", на пример.
     
    На LiquidLuna, dea.18, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    И само чисто за сите што се осеќате увредено кога ќе ви се каже дека жена и транс жена не може да се исто, еве видео од пред година дена, погледнете си го. Впрочем и токму овие луѓе кои толку се трудите да ги замолчите, се транс луѓето со кои одамна имам заеднички јазик и потполно ги поддржувам.

    Едната, всушност едниот, бидејќи преферира да му се обраќаме во машки род, роден како маж, исклучително феминизиран геј маж, бил убеден да транзиционира и зборува за своите искуства. Блер е транс жена која нема проблем со зборување дека е транс жена.

    Али у сваки случај, на вас, најпрогресивните, што не мислам дека сте всушност, топло ви препорачувам да погледнете.

    Неврзано со видеово, пробав да најдам некаква бројка на луѓе кои детранзиционираат, но со оглед во кој степен е табу пак тоа, 21 000 беше бројката што ја најдов.

    21 000 ако за вас не е број на луѓе кои поминале низ разно-разни терапии и операции и ќе живеат засекогаш осакатени, само затоа што биле убедени дека ако сакаат стереотипни машки/женски работи, тогаш сигурно се транс (а не геј), запрашајте се што всушност поддржувате.

    Нема НИШТО погрешно во тоа да си геј маж, што сака шминка. Не значи дека си транс. Ако си транс, не значи дека треба да потпаднеш на лудостиве што ултимативно некому полнат џебови, а тоа не се твоите.

     
    На Yowannty, Scott Weiland, senjorita-v и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Pitulica

    Pitulica Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    104
    Земав малку време да прочитам што има околу законот и сфатив дека народот е повторно насамарен.
    Извадок од проценката на влијание на регулативата:
    upload_2023-7-3_0-55-31.png

    Пазете, споре проценката законот има 0 социјални влијанија. Значи друштвено (социјално) во споредба со постоечкиот закон за еднакви можности на мажите и жените менува ништо, ниенте, нула...
    Што менува? Се формираат 2 нови "протоци" на државни пари. Екстра полнење на џебот за јавната адмиистрација и невладините организации. Новоформирани "Секретаријат за родова еднаквост" и "совет за родова еднаквост" во кој нормално ќе бидат сите овие фаци кои го туркаат законот :D

    upload_2023-7-3_1-1-58.png
    И така... на здравје полнење на џеб на едни те исти лица. :D
     
    На INNERBEAUTY, CameliaMiller, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.935
    Мислам дека со идниот секретар на Секретаријатот се закачивте овде на темава, ама вие си знаете:worried:
     
    На INNERBEAUTY, CameliaMiller и Pitulica им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.250
    Пол:
    Женски
    Некои како да заборавиле дека искочиле од биолошка жена.
     
    На senjorita-v и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.322
    Пол:
    Женски
    Ова е, реално, отворање на пандорината кутија. Ако се носи закон заради нечии лични чувства, до кај се ова би можело да стигне. Што се би можел да измисли човек за да ја помести границата?
    Денес се осеќам како жена - не барај доказ дали сум жена, чувствата ми се такви... утре се осеќам како доктор, не барај доказ дали сум доктор, чувствата ми се такви... убиецот ќе се идентификува како невин - кои сме ние или судот да се мешаме во лични чувства? Секој може да има одредени чувства и некој си свој идентитет... дали е тоа доволна причина за промена на закон? Ако ова се протне, ќе следуваат допрва глупости... ќе бидеме тешка утопија. Во иднина децата ќе учат за нас и како не треба, ќе бидеме некоја кловновска ера.
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Закон нека се носи, ама редовно кај нас не знаат да донесат, не знам што им е.
    Недефинирање на род и пол, ама битно да нема дискриминација, ама ако не знаеме што е што.

    Апсолутно сакам да видам како транс луѓето живеат слободно и се изразуваат како сакаат, меѓутоа не мислам дека е ова начинот, каде што секоја будала може да ги злоупотреби (егзекли) и после да се оградуваат од него. Па да, очигледно манијакот не е транс, ама баш законот за транс го enable да се однесува на одреден начин.

    Можеме да менуваме имиња, презимиња, род, можеме да бидеме човечни и да прифатиме кога некој сака во женски/машки род да му се обраќаме, независно од надворешен изглед, ама да менуваме биолошки факти, не знам кому од корист може да му биде. Пошто ни на транс не им е од корист, ама биг фарма си најде нов потенцијално огромен пазар.

    Ќе гледаме допрва.
     
    На Yowannty, Munchmallow20, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.322
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller тоа и ми беше поентата. Само поинаку кажано. Фактите со чувствата да не се мешаат. Чувството е едно, фактот е друго. Сите да имаме толеранција едни кон други, ама побогу, полови да менуваме по чувства? Затоа вика, ова може во иднина милион проблеми да донесе, и вакви недефинирани и смешни последователни закони.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Дошле двајца геј мажи на женски форум да им наметнуваат на жени како треба да се чувствуваат и притоа да ги вреѓаат. Срамота.
     
    На Amellie13 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Не сум геј јас. И стрејт мажи поддржуваат транс права - не има и нас.

    Не се работи за менување на пол, туку на род. Родот е во најпроста смисла внатрешно чувство, па нема никаков проблем да се менува по чувство.
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.935
    Не стигнав да коментирам, потврдата стигна:D
    Тоталитаризмот нема сексуална определба, има само едно име- патријархат (highfive).
    Да праиме уште муабет кој е кој, и кој ја води игранкава на каде?
     
    На Kanya, dea.18, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Почитувањето на родовите идентитети на луѓето и родовата еднаквост се штетни за патријархатот.
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.935
    Како се штетни за патријархатот уствари?8-|
     
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Ама цис е неутрален префикс, не знам како го сфаќаш навредливо? Навистина те прашувам, без задни намери.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.