Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за родова еднаквост- кој што добива, кој што губи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Biljarkata, 28 јуни 2023.

  1. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    951
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Овој тип на инклузивен јазик е наменет за транс мажи и небинарни. Транс жените самите се свесни дека не се лица што менструираат.
    Биолошките жени се групирани во повеќе родови, а овие термини не се наменети да покријат биолшки мажи.
     
  2. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    12.006
    Пол:
    Женски
    Знам, ама според мене нема потреба од терминот цис. Поприфатливо ми е биолошка жена, отколку цис жена.
    Ај цис, ама лице што менструира и лице што раѓа?
    Too much.
     
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.935
    Дури вие се расправате кој е цис, кој е мис...
    ...моментално важечкиот закон за еднакви можности на жените
    https://www.google.com/url?sa=t&source=web&rct=j&url=https://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/zakoni/2017/precisten%20tekst%202015%20na%20ZEM_nov.pdf&ved=2ahUKEwiW076auej_AhWbiv0HHQYQDR8QFnoECCQQAQ&usg=AOvVaw2rtJuuX9FEPTogMzWs_Dqd

    Како овој нов закон за родова еднаквост е подобар од него, како со него се унапредува положбата на жените, зарем досега или во моментов не бевме/сме еднакви, барем пред закон. Како, о министерке?
    https://360stepeni.mk/trenchevska-p...a-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija/
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Цис буквално значи биолошка жена.
    Само нема потреба да потенцираме дека сме биолошки жени кога ќе кажеме дека сме жени, тоа е работата.
    Нека потенцираат транс жените дека се транс, значи: жени и транс жени.
     
    На Frosty!, Agness, Amellie13 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    12.006
    Пол:
    Женски
    Уште подобро да е така.
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    (3) Се забранува дискриминација, вознемирување и сексуално вознемирување врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор во областите на вработувањето и трудот, образованието, науката и спортот, социјалната сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјалната заштита, пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување и здравствената заштита, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, информатичкокомуникациските технологии, одбраната и безбедноста, членувањето и дејствувањето во синдикални организации, политички партии, здруженија и фондации, други организации засновани на членство, културата и други области определени со овој или друг закон.
    (4) Се забранува дискриминација по основ на пол во пристапот до добрата и услугите во јавниот и приватниот сектор, вклучувајќи и дискриминација во премиите од осигурителните шеми. (5) Секој граѓанин има право на пристап до вработување без било какви ограничувања, согласно принципот на еднаков третман.
    (6) Согласно принципот на еднаков третман во пристапот до вработување, дискриминацијата е забранета и на основа на брачниот статус, семејниот статус, боја на кожа, јазик, политичко или друго убедување, активност во синдикатите, националната припадност или социјалниот статус, инвалидност, возраст, сопственост, општествен или друг статус. (7) Различниот третман кој што ги промовира еднаквите можности на жените и мажите во согласност со целите на овој и друг закон не се смета за дискриминација.

    3.Дискриминација по основ на пол е секоја разлика, исклучување или ограничување врз основа на пол, што има за последица или за цел да го загорози или оневозможи признавањето, остварувањето или практикувањето на човековите права и основните слободи врз основа на еднаквост на жените и мажите во политичко, економско, општествено, културно и граѓанско или друго поле, без оглед на нивната раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа;

    4.Директна дискриминација врз основа на пол е кога едно лице било третирано, се третира или би се третирало полошо врз основа на полот отколку друго лице во слична ситуација.
    5.Индиректна дискриминација врз основа на пол е кога навидум неутрална одредба, критериум или обичајно право става лица од еден пол во особена неповолна положба во споредба со лица од другиот пол, освен ако таа одредба, критериум или обичајно право е објективно оправдана со легитимна цел, а средствата за постигнување на таа цел се соодветни и неопходни;
    6.Вознемирување врз основа на пол е несакано однесување поврзано со полот на едно лице, чија цел или последица е повреда на достоинството на едно лице и создавање застрашувачка, непријателска, деградирачка, понижувачка или навредлива атмосфера;
    7.Сексуално вознемирување врз основа на пол е било каков облик на несакано вербално, невербално или физичко однесување од сексуален карактер, чија цел или последица е повреда на 3 достоинството на едно лице, особено кога се создава застрашувачка, непријателска, деградирачка, понижувачка или навредлива атмосфера.
    8.Потполна еднаквост на жените и мажите се еднакви права, можности, услови и третман во сите сфери на јавниот и приватниот живот и отсуство на културни, социјални, економски и политички услови кои продуцираат нееднакви односи на моќ и нееднаква распределба на општествените добра помеѓу жените и мажите.
    9.Еднаква застапеност е секоја процентуална застапеност на одреден пол која не е помала од процентот на застапеноста на тој пол во вкупната популација.

    10.Вклучување на родовите перспективи во главните текови е интегрирање на родовата перспектива во секоја фаза на процесот на градење, донесување, спроведување, следење и евалуација на политики – притоа, имајќи го предвид промовирањето и унапредувањето на еднаквоста меѓу жените и мажите

    .......

    (3) Посебните мерки од ставот (1) на овој член вклучуваат позитивни мерки, охрабрувачки мерки и програмски мерки: -позитивни мерки се мерки со кои при еднакви услови се дава приоритет на лица од помалку застапениот пол, се додека не се постигне еднаква застапеност или не се постигне целта заради која се превземени. Позитивните мерки особено ќе се применуваат во сите органи и на сите нивоа во областа на законодавната, извршната и судската власт и во други органи и организации, во локалната власт, како и во сите други јавни установи и служби, во политичките партии при вршењето на политичките функции, комисии и одбори, вклучувајќи и учествување во телата што ја претставуваат државата на меѓународно ниво додека не се постигне еднаква застапеност.





    Итн итн итн

    @Biljarkata
    Ако не ти е проблем, посочи кој дел е проблематичен, јас секаде каде што читав се зборува за ПОЛ, не за родов идентитет.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.935
    Па ова е актуелниот закон, во моментов на сила:D
    Предлог законот , со кој сакаат да го заменат овој, има извадоци на првата страна од темава.

    И пошто ја читам министерката, дека родовиов закон бил за права на жените, реков да видам, што му фали на законот што веќе го имаме. Компаративна анализа ќе правам подоцна8-|
    Мислам...ај, ќе кажам после шо мислам|(
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.157
    Зашто да се има приоритет по пол?
    Или јас грешно сфаќам?
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Тоа е добро за нас жените, пошто секаде сме помалце.

    Односно, од парламент до најбејзик работни места, се преферираат мажи.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Озбилно, немам сила цели закони да читам. Ако најдеш спорна ставка дај ја овде. Се' додека си стои "пол" немам што да се бунам.
     
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.157
    Абе од една страна да ама не е сега работава со сила да тераме да се еднакво застапени.
    Ко што реков, еднакви шанси треба

    Во образование се жени повеќе, ваљда нема да ги бркаме за да бидат 50/50 со мажи.
     
    На Agness и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.935
    @CameliaMiller toa shto gledash Zena po Pol, e postojniot zakon.
    Predlog zakonot za rodova ednakvost, ednachi zena po Pol, rod I rodov identitet. Za da ne chitas cel zakon, staviv rezime
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Калакурница.

    Реков род да се исфрли и готово. Кој што сака нека биде. Пол си е пол.
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.935
    Ama ima vo momentov zakon za zenski prava I antidiskriminacija. Kajshto Zena =Pol. Ne im chini, zatoa nov predlagaat. Nov koj kje go ukine postoechkiot.
    Ne znam kako poinaku da objasnam, kje probam posle na kirilica, ako seushte ne e jasno.
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Па затоа реков калакурница.
    За да не биде калакурница, се идентификувам како среден род, батали родовите.

    Полот нема место за самоидентификација. Или си ХХ или ХУ, се' друго е синдром.
     
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    Или нека ги има и двете. Не разбирам како на лекар би се водела евиденција.
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.776
    Никако, ако се усвои вака законот.
    А тоа + затворите се најслаба точка за злоупотреба.

    Дур не смислат како на полиција/здравство и др. државни службеници ќе им биде познат полот, нема логика да менуваат ембг.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    https://off.net.mk/net-roulette/video/pochekajte-go-obrakjanjeto-na-pobednichkata

    Ајде аирлија, па и кај нас да си добијат мажите шанса за успешна боксерска кариера во женска конкуренција.

    Ем млатиш жени без казна, ем млатиш пари, ем медали.

    Една од многуте бенефиции на законов.
     
    На Peanut Butter и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.152
    Допаѓања:
    88.462
    Пол:
    Женски
    Лила Милиќ,трансџендер активист во Мк .
    Значи врз иснова на што едно лице со наполнети 18 ќе менува пол бо лични документи?!
    Врз основа на болест,чувства или желба?
    Не е прецизирано.
    Играат мајтап со законов.
     
    Последна измена: 29 јуни 2023
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.157
    Ништо, само желба.
    Барем така иницираат да биде, со брза и едноставна постапка
     
    Последна измена: 29 јуни 2023
    На Peanut Butter и Cosmi им се допаѓа ова.