Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за родова еднаквост- кој што добива, кој што губи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Biljarkata, 28 јуни 2023.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Glitch u matrix ми напраи :rofl::rofl: :rofl:
    Квантна физика


    А иначе зашо у законов кај шо нѐ учат шо е пол, а шо род лол, не пишат шо е жена шо е муж?
    Пошо жена се знае шо е.
    Муж се знае шо е :D :devil:
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.390
    Допаѓања:
    126.465
    Пол:
    Женски
    Еве и Лилјана Поповска во Сител вели дека не чини законов.
    Лошо напишан и насочен повеќе кон транс лицата.
    И другиот за ознаките нема смисла да им се даде на транс без да се бара да имаат направено операција.
    Сакаат да воведат нов вид на Орвелов тоталитаризам кој ќе ги врати биолошките жени во минатото.
    Се ништат слободата на говор и слободата на изразување и за нас и за медиумите.
     
    На Peanut Butter и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    181.147
    Momentalno:
    Член 4 (1)
    1.Еднакви можности на жените и мажите е промовирање на начелото за воведување еднакво учество на жените и мажите во сите области од јавниот и приватниот сектор, еднаков статус и третман во остварувањето на сите права и во развојот на нивните индивидуални потенцијали преку кои тие придонесуваат во општествениот развој, како и еднакви придобивки од резултатите произлезени од тој развој;
    2.Еднаков третман е отсуство на директна или индиректна дискриминација врз основа на пол согласно со овој или друг закон;
    3.Дискриминација по основ на пол е секоја разлика, исклучување или ограничување врз основа на пол, што има за последица или за цел да го загорози или оневозможи признавањето, остварувањето или практикувањето на човековите права и основните слободи врз основа на еднаквост на жените и мажите во политичко, економско, општествено, културно и граѓанско или друго поле, без оглед на нивната раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група,

    vs predlozeno:
    Член 4 (1)
    1) „Родова еднаквост“ значи еднакви права, одговорности и можности, еднакво учество и рамномерна застапеност на жените и мажите во сите области од општественото живеење, еднакви можности за остварување права и слободи, користење на личните знаења и способности за личен и социјален развој, еднакви можности и права во пристапот до добра и услуги, како и постигнување еднакви придобивки од резултатите од работата, притоа почитувајќи ги биолошките, социјалните и културно формираните разлики меѓу мажите и жените и различните интереси, потреби и приоритети
    ...
    5) „Дискриминација врз жените„ е секоја дистинкција, исклученост или рестрикција по основ на пол, род и родов идентитет што влијае на, или има за цел да го попречи или поништи признавањето, уживањето или остварувањето на човековите права и основни слободи на жените во политичката, економската, социјалната, културната, граѓанската или која било друга сфера, независно од нивниот брачен статус, и врз основа на еднаквоста на мажите и жените.
    6) „Жени, мажи и лицата со разновидни родови идентитети“ ги опфаќа и лицата до 18 годишна возраст.
    7) „Жени и мажи“ се однесува и на трансродовите лица кои така се идентификуваат.

    Ednakvost
    Momentalno:
    8.Потполна еднаквост на жените и мажите се еднакви права, можности, услови и третман во сите сфери на јавниот и приватниот живот и отсуство на културни, социјални, економски и политички услови кои продуцираат нееднакви односи на моќ и нееднаква распределба на општествените добра помеѓу жените и мажите.
    9.Еднаква застапеност е секоја секоја процентуална застапеност на одреден пол која не е помала од процентот на застапеноста на тој пол во вкупната популација.

    vs predlozeno

    11) „Потполна еднаквост“ се еднакви права, можности, услови и третман во сите сфери на јавниот и приватниот живот и отсуство на културни, социјални, економски и политички услови кои продуцираат нееднакви односи на моќ и неправична распределба на општествените добра и користа од нив помеѓу жените, мажите и луѓето со разновидни родови идентитети.

    Voznemiruvanje- momentalno:
    6.Вознемирување врз основа на пол е несакано однесување поврзано со полот на едно лице, чија цел или последица е повреда на достоинството на едно лице и создавање застрашувачка, непријателска, деградирачка, понижувачка или навредлива атмосфера;
    7.Сексуално вознемирување врз основа на пол е било каков облик на несакано вербално, невербално или физичко однесување од сексуален карактер, чија цел или последица е повреда на 3 достоинството на едно лице, особено кога се создава застрашувачка, непријателска, деградирачка, понижувачка или навредлива атмосфера.

    vs predlozeno
    /// NEMA?!:^)
     
    На Peanut Butter, sj *O*, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.170
    Допаѓања:
    88.580
    Пол:
    Женски
    Си прават бајрам со паметот.
    Постоечкиот закон е подобар.
     
    На Peanut Butter, sj *O*, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.170
    Пол:
    Женски
    Има веќе таков пар...
    https://www.advocate.com/media/pregnant-transgender-man-glamour
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    181.147
    Подобар е, за кого? За 100% биолошки жени. Па има и мажи што сакаат да бидат жени бе, и подобри жени се од овие, фуј, природни, биолошки, жени по пол, створења што раѓаат.
    Еве, јас не знам, какви жени се оние тројански коњи, кои тврдат дека предлог законов ќе донесел поголеми права за жените. Значи, или не прават глупи, или не работат како бавча. Јер ние во пештера живееме и не знаеме да читаме. Никој го нема спомнато постоечкиот закон за еднакви можности на жените, освен Лиле Поповска.
    Значи имаме еднакви можности за жените, и ќе ни дадат што? Еднакви родови можности. Од двете, подолгото. Па биле феминистки. Море мрш, феминистка значи жена, вие сте родовисти, што и да е тоа.
     
    Последна измена: 29 јуни 2023
    На bittersweet, Peanut Butter, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.170
    Пол:
    Женски
    Знаеш кога транс жена може да е вистинска жена?
    1. Кога ќе има матка и јајници
    2. Кога ќе менструира
    3. Кога ќе овулира.
    4. Кога ќе осети како е да имаш ПЦОс, Ендометриоза, болни циклуси и да функционираш со тоа
    5. Кога ќе забремени
    6. Кога ќе се биде 10000000 пати со хормони и ќе плаче над секој негативен тест на бременост после ИВФ.
    7. Кога ќе ја болат брадавиците со крв од доење.
    И ред други работи кои само биолошката и едианствената жена ќе може да ги осети.
    А до тогаш ако сакат 10000 операции да направат, нема да бидат жени!
    И да, против сум да утре во парламент има 100 жени од кои 90 се родени со пенис и да ми каже некој дена жените се застапени доволно во власта, или бизнисот или как и да е. Ова е веќе ругање на се она за што се бореле за жената да има статус на рамноправност со мажот.
     
    Последна измена: 29 јуни 2023
    На Peanut Butter, Amellie13, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    181.147
    Не Нена, ќе биде жена, кога законот ќе ја признае како жена. Вистинска, лажна, разлика нема. А моето и твоето паламудење ќе биде, или можеби веќе е, казниво со закон.
     
    На Peanut Butter, sj *O*, jacqueline.s и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.534
    Допаѓања:
    21.337
    Па и ова за менување ознака за пол немаше да е толку проблем ако имаше услови да е почната транзиција.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.170
    Пол:
    Женски
    Супер, ќе се вратиме назад векови кога мажи играле женски улоги во театарски претстави и филмови зашто им било забрането на жените.
     
    На Peanut Butter, dea.18, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    181.147
    Е така, да си жива и здрава, значи јасно ти е.
    Само сега и во реален живот, мажи ќе играат жени, ќе пополнуваат женски квоти, итн, итн, итн.
     
    На Peanut Butter, sj *O*, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.170
    Пол:
    Женски
    Види, мене не ми смета ничија родова или сексуална определба. Ама што е бре ова дојде време биолошки жени да се браниме што сме родени биолошки како жени. Па светов отиде упм.
     
    На Peanut Butter, sj *O*, Angella7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    181.147
    Епа тоа е, патријархално срање во нова шарена хартија. Поживеа кој поживеа, видовте шо видовте, доста ви беа права и слободи, мрш пак во подрум.
     
    На Tinaaa, sj *O*, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.170
    Пол:
    Женски
    Роза Луксембург се превртува во гробон..
     
    На sj *O*, LiquidLuna и Gosh им се допаѓа ова.
  15. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Мене еве искрено најдобронамерно ме интересира сите жени на форумов од странство што се и каде што верувам дека е усвоен овој, или сличен закон, дали чувствуваат некоја пепрека или дискриминација врз основа на пол/род?
    Бидејќи генерално цело време си правиме филмови тука, додека пола членки не се во државава и се во некоја понапредна држава, а освен Битерсвит што има кажано дека некоја сестра одела by they/them, не знам некој друг да споделил пример од типот еј денес на работа имав искуство со некој што се декларира ко пеперутка.
    Ко, не збориме за Етиопија, збориме за Германии, Шведски, Швајцарии, каде што секој втор од државава отиде.
     
    Последна измена: 29 јуни 2023
    На Lianna Anna, crimson и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.082
    Допаѓања:
    268.971
    Ќе беше, затоа што у болница нема да знае мед. персонал дал маж или жена им е пациентот. Или џандарот нема да знае дал маж или жена апси. Итн.
    Ќе има големи последици законов ако не најдат начин да стои некаде и некако биолошкиот пол.
     
    На sj *O*, Gosh и nextredstyle им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    181.147
    Покажи ми закон од друга земја, па ќе ти кажам мислење. Во моментов, во Норвешка има дискусија кај да го впишат родот, прилично конфузно е и таму. Во Финска бараат медицинска транзиција, или до скоро бараа, а исто и во други еу земји.
    Во УК знаете и сами што се случува.
    Инаку со they/them на линкедин, нема проблем никаков.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    259.368
    Пол:
    Женски
    И во спортот. Во уса последно му забранија на момче во транзиција да плива за женскиот тим и да се натпреварува. Има голема дебата дека ќе се дискриминираат жените спортисти ако им се овозможи да се натпреваруваат и се плашат дека ќе се повтори ерата на источноевропските спортистки од 70ти и 80ти кога беа поставени некои од најконтроверзните резултати.
     
    На Peanut Butter му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Не знам, затоа и прашав. Некој имаше спомнато дека ова било дел од условите за Европска унија, па си помислив дека некои од државите веќе го усвоиле законов.
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    181.147
    Во спортот, Каспер Семенија не може да трча, ако и е тестостеронот повисок од нормата. Интерсекс особа иначе, немаше појма дека е интерсекс девојчето, кога почна да трча. Ама тоа е друга тема.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.