Здраво луѓе, Само што го прочитав следново: https://365.com.mk/313367/makedonskiot-jazik-stanuva-zadolzhitelen-na-site-fakulteti. Што мислите за ова? Јас лично како grammar nazi сум скроз за и искрено се надевам дека ќе го донесат законот, ама уште поважно, дека ќе го имплементираат! Немам ништо против скопскиот дијалект, ама сметам дека стандардниот македонски јазик треба да се користи при јавна комуникација, што за жал, кај нас 90% од времето не е така . Освен ова, доволно е да се отворат коментарите под било кој интернет портал и да се види кое ниво на писменост го имаме - реферати без интерпункциски знаци, човек да не знае каде завршува една реченица, а каде почнува нова. А да не зборуваме и за правописни грешки...
И јас сум целосно за, само што мислам дека кој не сака да научи не може ни закон ни ништо да го натера да научи. Не знам, ама некогаш ми се чини дека на некои луѓе им е баш фино да бидат неписмени. И згора на се' си се гордеат со тоа. Доказ за тоа се како што кажа ти, коментарите под објави на некоја фејсбук страница на пример. Ајде што редовно пишуваат латинично а се најголеми патриоти (ова никогаш не го сфатив), туку граматика, интерпункција и во глобала земено правопис им се непознати поими, па мора човек да ја препрочитува реченицата по 7 пати за да сфати што сака да каже авторот. Или како мене, да се откаже од читање на глупи коментари и да си ги заштеди мозочните клетки од неповрат. А секако и во говорењето сето непознавање на мајчиниот јазик се забележува кристално јасно.
ЗА! Срамота е млади луѓе да се неписмени. Најголем доказ ни се коментарите на фејсбук напишани на латиница со еден тон правописни и граматички грешки. Без разлика што се изучува на факултет, мислам дека секаде треба да има задолжителен предмет македонски јазик, со понапредно ниво од она што се изучува до средно образование. И во јавната комуникација исто така да се користи стандарден македонски јазик наместо дијалект.
Јас сум за. И медиумите треба да обрнат внимание,особено при употреба на Ѓ,Ч,Ќ.Џ. Сите пејачи од екс ЈУ ги пишуваат со Ч. Пр.Не е Здравко Чолич туку Чолиќ. Сите на кои презимињата им завршуваат на ќ кај нас се претвораат во ч Оливер Драгоевич Ко да се од Словенија.
Мислам дека е сосема непотребно Ако некој после основно и средно образование не научил граматика и правопис нема ни на факултет да научи и ќе си остане неписмен Самиот факт што некој кој не знае да пишува а стигнал да се запише на факултет е застрашувачки. Има многу невработени професори по македонски јазик и ајде ќе ги учиме студентите од 18-19 години како да изговараат правилно свашта. Јас студирам медицина на пример во прва година имав 8 предмети во семестар уште тој фалеше.
Физичко или спорт и спортски активности,како сакате, треба да биде задолжителен предмет на сите факултети. Македонскиот јазик не.Тој предмет доволно се учи во основно и средно,и на некои факултети. Во денешно време,може и онлајн да се изучува. Погрешно е да се обележуваат сите јавни личности или обичните граѓани како неписмени затоа што не користат литературен јазик или затоа што утнале буква во текст,ова второво и на лектори им се случува. Новинарскиот говор и стил на пишување не се совпаѓа со литературниот и тоа е во ред. Сепак во 21 век сме.
Е баш Физичко е најнепотребен предмет. Некој ако сака да биде физички активен не му треба таков предмет за тоа. А ако некој не сака, никаков предмет не може да го натера. А ако некој не го знае македонскиот јазик, тогаш навистина срамота.
Па некој имал доволно време од прво одделение до 4та година средно да го запознае својот јазик нели? Физичко и е битен предмет како паразити се сите млади деца обезни или со кифлоза закржлавени.
Физичко е попотребен бидејќи сè повеќе млади одбираат да седат пред екран наместо да се движат. А,јазикот не смее да им се форсира на заедниците бидејќи и ние не сакаме тие да ни ги форсираат нивните јазици.
Да доволно време е, ама оди види колку научиле и колку писмени наставници имале за да ги научат. А да имаш дупки во знаењето за мајчиниот јазик и да бидеш академски граѓанин ми е незамисливо. На никој не му е проблем да учи англиски јазик, па дури и германски или некој друг јазик. Ама за мајчиниот јазик одма се кревате против. А и што има лошо да знаеме уште некој јазик што се користи во државата. Од наша корист е да знаеме и албански. Знаете дека Албанците не сакаат да им го знаеме јазикот за да не можеме да ги разбираме кога си зборуваат меѓусебно. А тие го знаат македонскиот и во предност се поради тоа. Знаете ли дека многу Албанци го зборуваат многу поубаво македонскиот јазик за разлика од наши Македонци? Па нели е тоа срамота за нас? Што правеле до сега во основно и средно на часовите физичко? И тоа по три часа неделно? Не им влијаеле на здрав начин на живот и на физичка активност? Ако уште од основно и средно им вградат на децата желба за физичка активност во слободното време, младите нема да чекаат да имаат предмет на факултет за да бидат физички активни. Младите кои имаат здрави навики одат во природа пешачат, трчаат, возат велосипед или одат во теретана или спортуваат некој спорт. Ако не, џабе предмет физичко на факултет.
На УГД, предметот Спорт и спортски активности е задолжителен за сите студенти од прва година. Нема никаква полза од него, пола студенти си го плаќаат потписот (кредитите), салата е предалеку од сите кампуси, вежбите се премногу напорни, а скоро сите одма после тоа имаат други предавања. Полошо не може да биде организирано. Сум за организирање некои активности, спортски натпревари, еколошки акции, екскурзии на археолошки локалитети и слично, ама за физичко како предмет не. Реалноста е дека онлајн никој нема да седне да учи мајчин јазик. НЕ се учи доволно во основно и средно образование. Ние во средно работевме само книжевност, а јазик, правопис и правоговор воопшто. Јас како изборен на мојот факултет го имам избрано македонскиот јазик и сметам дека барем на филолошки треба да е задолжителен.
[/QUOTE] На угд ништо не функционира Покорумпиран универзитет нема во државава Ама барем бие монотонија Јас во прва година кога имав анатомија,биологија хемија ми годеше 45 мин да сменам нешто и да се опуштам Сега е тоа индивидуално обично се смета дека децата се доволно писмени и зрели особи на 18 години па си ја одбираат професијата и се запишуваат на факултет Јас ако сакав и ако ме интересираше ќе се запишав на книжевност Е сега тоа што има поединци со големи дупки во знаењето не е до нас таква ни е државата.
За, нормално. За ова можам да зборувам (пишувам) со часови. Неверојатно, жално и срамно е нивото на непознавање на македонскиот јазик, правописот и основната граматика, основните граматички правила, кај луѓе што се декларираат како академски граѓани, учени и начитани. Зборуваме за луѓе што претендираат да добијат факултетска диплома. Сосема неприфатливо е од нив да читаме: сваќа, мајками и таткоми, допринесува, превзема, незнам и неможам, кој наместо кои и обратно Да не зборувам за употреба на голема и мала буква или за акцентирањето, тоа е веќе виша математика за повеќето. Истото важи и за правоговорот, а тука ќе ги споменам медиумите. Каде ќе слушнеме правилен изговор ако не таму? Повеќето како да не слушнале за третосложно акцентирање. Хаос е. И јас се прашувам од каде е оваа аверзија кон македонскиот. Јазикот се брани со негување и правилна употреба, а не со патриотски постови на Фејсбук, во кои треба со лупа да се бара правилно напишан и употребен збор.
Се согласувам дека можеби до крајот на средно би требало да знаеме правилно да зборуваме и да пишуваме, но факт е дека не е така, па според мене би требало да се пополнат некои празнини. Понатаму, познавам доста луѓе кои во средно не биле посебно заинтересирани за учење, па кога дошле на факултет станале дури и едни од најдобрите студенти, така што не мора баш да значи дека не би го учеле македонскиот јазик. Поинаку размислуваме кога сме малку позрели и се менува свеста; ако во средно си бил исмеван дека учиш, на факултет е спротивно. Освен ова, ако некој учел како што треба во поранешните години, не гледам зошто би имал потешкотија да го повтори и надополни ова на факултет. Не ми е баш сфатливо зошто би се имало одбивност кон ова, кога правилното изразување секогаш асоцира кон пообразована личност и влева повеќе доверба кај луѓето, отколку некој што се изразува (усно или писмено) како коментарите на социјалните мрежи... На крај, не знам зошто би имало проблем за било која заедница, па кога се оди во странство никој не го интересира Вашиот мајчин јазик којшто го зборувате дома, туку Ви бара да го знаете стандардниот јазик (не дијалектот) на таа земја, било дали е за факултет или работа .
Сум да се примаат лектори во сите институции и да биде македонскиот јазик секаде задолжителен предмет, а не изборен. Еве сите што ги знам лектори се без работа, а нема многу завршено. Ми се повраќа кога ќе видам колку доктори, правни лица, економисти, па и професори по други предмети се неписмени по македонски. Нека ми извинат, но така е.
Не треба. Нека ги филтрираат во средните училишта. Тие што не го познаваат јазикот и правописот, да не ги примаат на факултет едноставно.
Баш спортски активности најмалку е потребен. Тој што сака да биди физички активен и без таков предмет ќе биди, а тој што не сака нема таквиот предмет да го натера да сака. Ама никој не можи да биди писмен без предмет македонски јазик. Секако ако сака да биди писмен. Не знам колку читаш коментари на Фејсбук, ама ако читаш ќе знаеш која неписменост владее. Не, воопшто не е во ред. Во јавната комуникација треба да се користи стандарден македонски јазик, а не дијалект. Кога пуштам телевизија од новинарите очекувам литературно да говорат, а не на скопски дијалект (не дека имам нешто против дијалектот, ама тука не му е местото). Како што се изучува англиски, француски и германски јазик на факултет (барем кај нас, на економски факултет) зошто да не може македонски јазик? Па жално е да не сакаме сопствениот мајчин јазик да го владееме добро.
И од кога ќе стапи овој закон? Кои години ќе го има? Како и втор странски јазик на факс. Иста песна ќе е.
Една од поголемите глупости во нашево образование. А вие што се потресувате пошо коментарите под некој портал немале запирка, да не знае човек дали да ви се смее или да ве сожалува
Не ми е јасно како некој би научил за 1 или 2 семестри нешто што не научил 12 години уназад, ако евентуално се спроведе би било единствено злоупотребено за да напикаат некој си полуспособен кадар, исто ко што е тој по школите...затоа излегува неписмена раја, а не зашто на некој не му се учело.