Текстовите во порталите се преполни со елементарни правописни грешки од типот на споено пишување на негација и глагол, (незнам, неможам, несака), сВати наместо сфати, преЦетадел, погрешна употреба на голема и мала буква и слично. А за коментарите на фејсбук... мултидисциплинарен стручен тим ќе треба да се повика за да се анализира таа каша од синтактички, морфолошки и правописни неправилности. Но се согласувам дека овој закон нема да има ефект, описменувањето се врши во осмолетка, не на факултет, таму ќе биде само уште еден предмет кој ќе се поминува колку да се рече и никој нема да го сфати сериозно, ќе служи само да им се најде работа на македонистите. И кога веќе го спомнав "не знам", како ли приближно пола од луѓето упорно го пишуваат споено???
Првичната идеја ми се допаѓа. Состојбата со користење на јазикот ни е ужасна(почнувајќи од фактот дека секој 2 не ни знае правилно да го акцентира зборот македонски), има многу млади, но и постари луѓе кои имаат елементарни непознавања од правопис, граматика и изразување, потоа новинари кои би требало совршено да го користат јазикот, а многумина од нив покажуваат незнаења од изговор, составување текст, правопис...логички е некој да треба нешто да преземе за да се подобри ситуацијата. Е сега тоа што не ми е сфатливо е како мислат дека ќе функционира ако се имплементира на факултет? Ова е исто како некој да сака да гради куќа, ама да почне од кровот.Не може. Мајчин јазик се учи во најмлади години, тоа е нешто што првично треба да се совлада и на кое што треба особено да се стави акцент во основно училиште.Не, навистина нема логика да дојде 19 годишен студент на факултет и тогаш да учи дека глагол и негација се пишуваат одвоено!Доколку никогаш немал љубов кон сопствениот јазик, шансите наеднаш да се промени тоа се минимални. Доколку учењето на македонски јазик во основно е површно, незаинтересирано од страна на наставниците, колку да помине часот, а од учениците не се ни бара да бидат прочитани лектирите туку препишана кратка содржина од интернет или не се ни поттикнуваат воопшто да пишуваат самите состави, есеи тогаш нема ни да има резултати.Да, секаде има исклучоци, и во средина која што е стимулативна има ученици кои никогаш нема да учат и во средина каде што баш им е гајле на наставниците, ќе се издвојат деца кои ќе вложат многу повеќе...ама генерално, сметам дека грешката е баш во тој период на запознавање со јазикот и учење на основите.Друго, ако родителите не го владеат јазикот тогаш голема е веројатноста дека ни децата нема да имаат совршено познавање, затоа што сите работи си се надоврзуваат едно на друго.А, да бидам реална, гледам многу понеписмени луѓе од постари генерации отколку од моите генерации. Најреално нешто што би се случило доколку го имплементираат законов е дека ќе биде сфатен како предмет што не е за замарање и студентите ќе гледаат само потпис да добијат. Еве ние сега во прв семестар имавме задолжително спорт и беше се' само не спорт.Колку за потпис и да потрошиш време по автобуси. И јас сакам да спортувам и наоѓам време, нема да чекам од факултетот да ме организираат, исто и сите други што си посветуваат време за физичка активност.Нереално е задача на факултетот да биде да ги менува животните навики на возрасни луѓе.
И што ако го пишуваат споено? First world problems. Ние другите маки си ги решивме во државава, "не знам" го пишеле споено.
Па со таков став никогаш и нема да ги решиме другите маки во државава. Затоа што секогаш кога ќе се спомне одреден проблем, се јавува некој паметњакович со таа фраза "И што ако (вметни рандом проблем)? Ние другите маки ги решивме па со ова ќе се замараме пффф" Семејно насилство? Пффф, ние другото го решивме, па уште ова ни фали. Крумпирано судство? Абе луѓе умираат за јадење ние ќе се замараме некој судија дека лапнал некое евро. Воздухот е загаден? Државата ни пропаѓа вие за воздухот сте се фатиле. Мобинг на работно место? Луѓе молат за работа, некој со мобинг ќе се замара. Некој пикнал петарда во анус на куче? Масовно труење на кучиња? Луѓе дали сте нормални, какви проблеми имаме, вие за кучињата сте се засекирале
Според мене, најголемиот проблем на оваа држава лежи во необразованата младина. А на часовите по македонски јазик и книжевност не се учи само граматика и правопис, туку се учи животот преку читањето на делата. Денешните деца не читаат, не размислуваат и не знаат да ги искажат своите размисли правилно - усно и писмено.
Ај не прави драма ок? Пробуваш нас да не направиш ненормални пошо ни е гајле дали некој граматичка грешка направил, а тоа што ти овие големи проблеми ги ставаш на исто рамниште со печатна грешка, тоа нормално е? Не збориме за насилство, загадување и труење на кучиња и не туку пикај работи кај што не им е место. Збориме за граматичка грешка. Впрочем, да имаше вистински аргумент зошто е важно да напишеш "не знам" точно, немаше да се зафаќаш за работи кои се неповрзани со дискусијава. Важи, на факултет сите ќе се расчитаат, нема грешка.
Само затоа што постојат други проблеми не значи дека овој треба да се минимизира. Бидејќи неписменоста е проблем, и не се работи само за една запирка ставена на погрешно место. Тогаш не знам што воопшто се замараме да учиме граматика, правопис, литература, зошто обработуваме дела. Азбуката научи ја во прво одделение доста е. Нормално дека ако не си научил македонски јазик во основно и средно нема на факултет да надоместиш за сѐ, ама што толку боди очи ако и на факултет се учи, да се надоградуваме? Побитно е странски јазици да има од нашиот.
Како нација сме неписмени, не се во прашање само "денешните млади".Кои генерации кај нас се најписмени и најначитани ако ние помладите немаме поим од ништо и книга не сме виделе со очи?
Боди очи пошо на факултет кога идаш треба да учиш само стручни, а не општи предмети. Заради тоа си го одбрал факултетот, некоја насока си одбрал. Заради општите предмети се намалува времето и енергијата за стручните. Во основно и средно нека се секираат за писменост на учениците. Факултет е веќе касно и други приоритети има. Што пиша некој погоре, на медицина запишани уште македонски им фали. Денешните млади, а постариве пукаат од писменост
И тоа како треба да се воведе, секоја чест за ова. Завршуваат факултети а уште пишуваат "незнам" и "сваќа".
И јас сум ЗА да се донесе законот, можеби конечно ќе имаме поописменета маса. Иако делумно ми нема смисла, некој ако не го описмениле во основно, тешко да се описмени во средно, не пак на фекултет кога веќе бира струка и се фокусира на други работи. Ментаб веќе спомнала во пост над мене нешто поврзано. Повеќе би имало смисла повеќе да се избира кој станува наставник и ги описменува децата од најрана возраст. А за тоа колку и постари генерации има неписмени, не би да зборувам. Највеќе боде очи кога некој на функција покажува колку е писмен, јер од него ДА!, се очекува да биде писмен кога веќе е таму каде што е. Поздрав до половина административци.
Сум за. И ја сум на медицина, па повеќе би сакала македонски предмет да имав отколку спорт. Која глупост беше тоа, однесени на натпревар, професорката вришти, одеднаш и текнало потписи не давала сега, па малтретирање пред колоквиумска на Водно да сме оделе... Ако учиме англиски, зошто да не и македонски? Пола народ во државата наша не знае правилно да пишува, основни работи не се знаат од правопис, не па нешто друго. И треба промени и во основно, па и во средно, таму повеќе да се изучува македонски, касно е на 18+ дури некако, основата е најбитна. Но, зошто да немаме и на факултет сепак? Завршија средно и факултет луѓе што едно задолжително дело немаат прочитано во животот, што уште пишуваат незнам и неможам... Срамота сме богами.
Ај кажи ми дали ти е ок и нормално да се пишува Маќедонија, а не Македонија, или флизер, а не фризер, или децко, а не детско и сл.? Дај ти се молам. Ми се ежи кожава кога ќе видам вакви грешки. Ама ти паметна, па се најде да кажуваш дека сме за жалење. Не знам кој е за жалење со ваквиов коментар што си го пишала ти
Точно. Да се подобри наставата во основно и средно, матурата да е построга и повеќе да се насочи кон граматика и правопис наместо литература. Не сум против да се изучува на факултет. Ама би било подобро на факултет веќе да сме образовани. Едно е дете од 11 години да не зборува/пишува правилно македонски, друго е полнолетна личност..
Прво треба да се подобри наставниот кадар,а после младите. Ако наставникот во основно и професорот во средно добро си ја вршат работата,децата подобро ќе учат и научат.Во ред,и домашното воспитување на некои деца не е сјајно.И на тоа поле треба работа. Некои факултети бараат повеќе време,па 1 предмет плус ќе ги дотепа студентите ако е обемен,а нема ако не е комплициран. Секој јазик бара детално изучување и одвојување повеќе часови. Спорт/физичко е даден како пример бидејќи не мора да памтиш тешки дефиниции и комплицирани правила,туку трчаш и вежбаш. Што му фали на Водно,бре? Поарно да се неколку часа на Водно отколку неколку часа пред екран. Или на некоја друга локација во природа. И не треба некој да се смета за неписмен затоа што не пишува на литературен јазик на форум или на социјалните мрежи,или затоа што не говори литературно пред камера. Срамно е да имаш грешки во академски труд,во истражување или во извештај,а не во неформална онлајн средина.
А студентите во странство кога одат да студираат пр. Америка, Русија, Англија, па макар и Словенија или Бугарија како веднаш се снаоѓаат со јазикот таму? Зошто и со мајчиниот јазик да не е така?
Најголемиот дел учат на англиски, кој верувам дека покрај мајчиниот сите го знаеме на солидно ниво, меѓу другото е доста полесен и скоро сите посетувале и го научиле од курс а не само од школо. Ако е за така и македонски сите знаеме да говориме и пишуваме ама прашање е колку е тоа граматички и правописно точно што е и цел муабет на работава... Тоа ги има што цел факултет поминуваат со врски и пари, не па од еден предмет да се описмени
Глупости, ако некој се запишал и го примиле на факултет, до сега требало да биде описменет, а не на факултет да се описменува.