Епа сега, кога основно и средно образование (12 години, со деветолеткава 13) не им биле доволни за да се описменат, ќе го изучуваат и на факултет. ДА за образование и писменост.
Не треба воопшто да се запишат на факултет ако не се описмениле кога требало. Факултетот не е за описменување.
Јас имам колеги што азбуката не ја знаат буквално такви имало и ќе има се додека не се построги критериумите за упис на факултет Сега сите студираат а тоа не треба да биде така не може сите да бидат високо образовани На светот им требаат и занаетчии,молери,чевлари,механичари Затоа верувам дека воведување на таков предмет нема да помогне ни 1%
Такви лица не треба да ни бидат „колеги“, не е во ред еден ученик, кој 13 години го мрзело да научи кога се употребува В, а кога Ф, да добие факултетска диплома.
Ако зборуваш и/или пишуваш на дијалект, не значи дека си неписмен. А дека ни фали писменост во државава, ни фали... и тоа како...
Има смисла само ако се стави во последна година (на пр. како завршен испит пред дипломирање) воедно како последен полусеместар а не цела година. За да не бидат студентите преоптоварени со предавања и испити, а и посвежо ќе им остане знаењето отколку кога би било во прва година.
Мислам дека може да се предвиди како би одело ова. Исто како што ги положуваат и другите испити. Тој што сака да научи, ќе научи. Еден предмет плус не би требало да е проблем. Доколку го познаваат јазикот и граматиката, тогаш нема да им одземе ич време. Доколку не го познаваат, е тогаш навистина им треба таков предмет. Ова го гледам како фластер мерка. Доколку функционира системот, не би требало да завршат средно образование доколку се полуписмени. Но, подобро нешто отколку ништо. И да се описменат 1% од таквите студенти е успех за нас.
Немoрa oвaкoв зaкoн... Туку зaкoнoт требa дa глaси кoј не знaе Мaкедoнски не мoже дa биде држaвјaнин, следувa пoстaпкa нa oдземaње нa сите прaвa.
Доколку не го познаваат сопствениот јазик (и граматика), што бараат бе воопшто на факултет, факултетот е надградба, а не може да се направи надградба кога се нема основа.
Професорката Елка Јачева - Улчар за моменталната состојба на македонскиот јазик во државава. Сите сме патриоти ниво - иМеТо и ЈаЗиКоТ нЕ гИ ДаВаМе, но во пракса не е баш така.
Не е крив нaрoдoт штo е ревoлтирaн, кaкo штo и се кaжa вo видеoтo дo држaвaтa е, a и фaлa бoгу некoј дa кaже слoвенскa земјa. А институтoв зa кoмуникaциски нaуки штoм тoлку му е грижa зoштo пoстирa и видеa нa стрaнски јaзик ? Веќе виденa кoнтрaдикцијa и лудилo. Вo прaксa oвие ликoви и пoлитичaри сo децении јa рушaт мaкедoнијa кaкo нaциoнaлнa држaвa. Нaрoдoт штo дa прaви, oсвен дрoбење прaзнa слaмa oвие oд институтoв некa кaжaт.
За мене ова е непотребно!Џабе ќе се воведе,ништо нема да се постигне со тоа,ќе се учи колку ради реда,ќе се препишува и само дополнителен стрес за студентите.Како се пишува 'не знам', 'вторник' , 'сфаќа',тоа дека 'сѐ уште' и 'до гледање' се пишува разделено се работи кои се учат во основно и средно,и тоа се повторуваат неколку години по ред,ако не друго во писмените работи ќе им се укаже на грешките.Е сега тоа што македонскиот јазик е сфатен толку здраво за готово е проблем во образованието.Сум да е задолжителен на филолошки и за оние кои студираат историја и новинарство,но на другите факултети е само непотребно малтретирање на студентите.Наместо да се воведе задолжително изучување на македонскиот јазик,да се најде причината за непознавањето на сопствениот јазик и да се изнајдат решенија.А ова не е соодветно решение според мене!
Нешто што не се научило за 13 години (9 основно, 4 средно) сега во еден семестар ќе се научи? Секако дека не. Нека направат реформи во самата програма по предметот и нека не се изучува правопис и правоговор само во прва година средно.
Џaбе дрoбиме... Тие штo не учaт мaкедoнски гoре дoле 95 пoстo oд нив... Ќе прoдoлжaт дa гo прaвaт тoa пoрaди пoвисoки цели, имaше пoрaнo и зaмешувaње нa пoлитичaри дa oдaт вo тие училиштa нo ниеднo oд децaтa не сaкaше дa изучувa, зoштo ? Зaтoa штo тaкa му кaжaле oд дoмa, зaтoa oвa не е ни битнo нaше е ние дa си се пaзиме себеси a не дa се прoдaвaме нa секoј и сештo. Тoлку.
На една членка и се обратив, ама не функционира.... Во спојлерот е нејзиниот пост. Спојлер: цитатите не функционираат Јас во прва година кога имав анатомија,биологија хемија ми годеше 45 мин да сменам нешто и да се опуштам Сега е тоа индивидуално обично се смета дека децата се доволно писмени и зрели особи на 18 години па си ја одбираат професијата и се запишуваат на факултет Јас ако сакав и ако ме интересираше ќе се запишав на книжевност Е сега тоа што има поединци со големи дупки во знаењето не е до нас таква ни е државата. Немаш точка на крајот на реченицата на сите реченици во сите постови и немаш празно место после запирката. Ете затоа е потребно. И не е убаво од моја страна да солам вака памет кај имаш и кај немаш граматички грешки, како што не е убаво да се тресат глупости за неписмени и глупи само од едно незнам или видоф или слично. На сите ни е потребна на некој начин надоградба, пример јас уште имам дилеми за како е навистина правилно за некои зборови како почитта, се уште, така да или така што, ефтин, евтин и многу други што ќе застанам кога треба да ги пишувам и затоа не зборувам за други кога и сама имам заблуди и прашања. Сите имаме, да земеш детално да анализираш грешки, нема да има ни еден правилен пост тука.
Дека немам празно место после запирката треба да слушам цел семестар таков предмет лол па кога ќе ставам место ќе бидам многу писмена Мислам без врска муабет кога пишувам CV внимавам а вака тука не. Бог да чува
Внимавај си секаде, никогаш не знаеш кое место за што ќе ти се најде. И не се лути, кажав дека е глупаво да се посочуваат грешки на други кога и самите не сме совршени.
@irrelevant Јас не посочив грешка на никого само кажав дека нема потреба од воведување на таков предмет. Како што јас нема да научам дека се става space после запирка така нема ни тие што пишуваат “незнам” да научат како правилно се пишува.
@irrelevant Јас мразам кога нема празно место после интерпункциски знаци, кога нема воопшто интерпункциски знаци. Да читам реферати без нов ред.. очобол. Ама @thequeen95 е во право. Тој што не ги научил овие работи во основно/средно, тешко ќе ги научи на факултет. Исто ко да пробаш да воспитуваш некој на 20 години. Построги мерки во средно, на факултет да се обрнува внимание повеќе од страна на професори.. А и што зборувам јас, професори на сред предавање зборуваат на дијалект.